Пиши му зошто да не. Нормално како и пред тоа, како си што има ново и слично. Ќе видиш како ќе ти враќа и како ќе ви продолжи разговорот.
Nemoj da mu pishesh zatoa shto on ako sakal da dojdesh nemalo taka da te izignorira shto e mnogu glupavo od negova strana .
Да, и не беше само за идење работава, ќе ми беше мило да останеме во контакт онака од време на време некоја порака, еднаш месечно бар, чисто другарски но ете. Бар да завршеше муабетот онака природно па никој да не пишуваше, али со прашање па и без одговор? Можеше само 'добро' да одговори на тоа и ќе ја сфатев пораката. Да додадам само дека пред недела дена му ја лајкнав последната слика на инстаграм, само таа му е од кога беше тука (во Мк се запознавме) така што и тоа беше ете како некој потсетник, и пак ништо. Срце сака да му пишам и да обновиме контакт али знам дека не е правилното. Ќе мора да го баталам.
Несакајќи ми се прати пораката дека од телефон сум. Сега ја пишав целосно. Да во право си, али чудно што така наеднаш прекина контакт, а пред тоа муабетот течеше убаво, и он ме прашуваше ствари, ми кажуваше самиот каде е, се беше нормално штознам..али ете. Си наоѓам оправдувања само, сакам контактот да се обнови али веројатно не е во ред јас пак да почнам, на неодговорено прашање. Ќе мора да го баталам.
Еј зашто си го смени скрос мислењето? Таман се одлучив. Ме збунуваш сега хх. Али сепак мислам да сакаше да пише ќе пишеше..
@Ana.brojka Јас мислам дека нема потреба да го бараш повторно. Да сакал ќе те побарал. И сама кажа дека не сте тинејџери. Не се замарај повеќе со него.
Да. Има многу причини да пише ако сака, го оставив со прашање на крај, му лајкнав слика како потсетник, а и башка не е некој срамежлив момак. Он е далеку по дете иако двајцата сме иста возраст (24) али сепак може да пише ако сака после се ова. Решено, го баталувам, а он ако некад пише, тоа е веќе друга приказна. Ви благодарам многу на помошта
Батали го. Ти од твојата страна ете си му пишала и слика си му лајкнала, да сакал ќе врател. А и да не си му пишела ти ако сакал тој ќе пишел. Не вреди да си трошиш време за него.
И јас ќе ти речам да го баталиш, можел да ти врати порака ако сакал. Очигледно дека ешко му е и пријателство да одржува со тебе а не пак да посакуваш да има нешто повеќе со него затоа што тој тебе ти се допаѓа. Голема веројатност е да има врска и да го приметила вашето допишување па девојката му припретила со “банирање“ на врската. Можно е кога ќе почуствува некоја осаменост да ти пише колку да си го исполни времето или егото.
Да сакаше, ќе пишеше.. точно. Ама што те спречува тебе да го прашаш кој му е филмот? Немаш што да изгубиш. Само биди спремна на секаков одговор
Девојка нема, имал бивша некоја и раскинале, проверив на фб и најдов стари слики, е сеа дали лаже, дали можда се смириле, или едноставно не се замара со мене воопшто, пф летна авантура било-поминало што реално и е така, не знам, а и небитно. Конечно решение, го баталувам. Не ме спречува ништо, не сум девојка се да чека на машкото, знам прва да пишам или да дадам иницијатива но во случајот стварно нема потреба, топката апла е кај него, не сакам да се понижувам себе си. Не се замара он да врати или пише, епа не се замарам ни ја. Фала многу на помошта на сите, златни сте
Ретко кое машко што е слободно така нагло би прекинало комуникација особено ако имало летна авантура.
Стварно? Јас па баш мислев обратно. Летна авантура, поминало, друга земја, што има муабети да праи со мене, да се замара..било поминало. За тогаш немал женска, а дали нешто во меѓувреме се десило не знам. Леле и ти сега да не смени мислење, да не викаш да пишам, леле што ми правите сега Ај нека помине некој ден, па ако ми дојде ќе му пишам ако не ќе оставам. Во случај да пишам, ако сакате ќе ве известам што вратил. (ако врати)
Пред 5/6 дена ми се жалеше дека не сум му обрнувала доволно внимание, а он не бил за џабе толку упорен нз., секогаш кога ѕвонел не сум му се јавувала што и малку за јавувањето беше во право. Пред 3 дена ми кажа дека ме сакал, му кажав дека е многу рано за такво нешто пошто само 2 пати се имавме видено, а 3 месеци се допишувавме и треба време за да се запознаеме доволно добро, дека треба почесто да се гледаме. Пред 2 дена се скаравме малку и ми вика не е битно заборави. Вчера се скаравме зошто бев малку нервозна и му се истурив. После му се извинив и со разговор средивме. Ми пиша дека се плашел да не го оттурнам од мене. Се допишуваме за филмот што го гледав, му го опишав до детал. Ми пиша знаеш ли ова на што ме потсетува и го прашав на што го потсетува денес цело време беше уклучен ни на seen не ме остави и му пишав извини што те замарам нема повеќе, чао. Идиотов ми пишува чао. Значи кој к*р му е?! Денес се испокаравме и ок помина тоа. Вечерва ми вика јас пробав со тебе да имам нешто повеќе, но кога не оди не оди. За врска не може да имаме бидејќи не можеме да се гледаме поради далечината, ти ме отфрли од себе и најубаво е да не започнуваме нешто за кое повеќе ќе се испокараме. Конечно нешто асално и искрено да пише, не ми е сеедно што ме откачи и криво ми е шо имам некои чувства спрема него, ми даде надеж... Исто така криво ми е што изгубив толку време на идиот.
Не сте одговарале. Толку кавги на почеток, не водат никаде. Некогаш и такви врски ќе искусиме, и ќе научеме нешто. Ти посакувам среќа понатака.
Можеби си во право. Само што ние не бевме во врска, не знам во онаа фаза помеѓу пријатели и нешто повеќе. Си играше топло ладно со мене... Како и да е фала ти.