Во врска ќе ти беше многу полошо, подобро што сте прекинале. Од искуство ти кажувам барем сега скоро раскинав, имав врска на далечина.
Во право си. Колку ви траеше врската? Вчера последно што ми пиша е дека поради далечината не можеме да бидеме заедно, страв му било да не сум го отфрлела што тоа и го сторив, подобро било да не започнуваме нешто за кое подоцна ќе сме се испокарале. Конечно после 3 месеци ми пиша нешто реално. Му пишав "Сигурен си? Добро штом не сакаш да разговараме и нема да настојувам." Ни seen ни ништо цела вечер и денес се до 18:30 ми го пиша само тоа "neznam". Ни јас не му акнав seen пошто не знам што сака да постигне со тоа. Сега не знам што да правам.
Не знам што да ти одговорам освен да те посоветувам треба треба многу разбирање, комуникација и доверба. Доколку овие не се на задоволително ниво, тогаш врската на далечина нема многу да опстои, всушност тоа не е ни врска.
Еден познаник ме покани да излеземе на кафе. Е сега, другарка ми, ми кажа дека една наша познаничка не го сакала многу т. Е. Не и бил ок на карактер. Машково и мажот и на познаничкава се другари инаку. Братучед ми, не многу близок, ми кажа дека немал убав карактер Не знам точно за што се скарале. Е, арно вака информација што добив, ама не навреме, оти јас пред да дознаам му кажав дека ќе се договориме. Плус, во порака на фб, тој ми пиша негов број, да сме се слушнале за да се договориме а и јас му пишав мој број. Е, сеа, еднаш џоа се договаравме за кафе, тој замина кај брат му на ручек И оттогаш си немаме пишано, а еве го 2 дена со ред поминува покрај дуќан и ме поздравувам. Не знам дали да излезам со него оти другиве ми кажуваат дека има неубав карактер. Од др страна,, не сакам да испаднам дека сум занесена и дека му ветив кафе, а ништо не бидна.
Излези и сама процени. Не секогаш се точни гласините. Тоа едно, друго... за мене карактер кој не одговара, не значи дека и за тебе не одговара. Не сме исти.
Машки,дали некогаш сте се нашле во ситуација да ви се додворува жена,баш жена,позвозрасна од вас,со деца и маж и како сте реагирале? Онака да ви се смешка и да флертува со вас пред вашата женска/сопруга?
Ај машки кажувајте ми зошто некоја личност постојано ми пише откако доби милион корпи ? Значи се уклучува и одма ми пишува само што сега е дистанциран ништо конкретно не кажува , само што праиш , како си јас си легнувам и чао пријатно ....?
Block messages from this person е решение на твоево прашање. Секако, ако не сакаш да си го храниш егото со тоа дека ти пишува и после милион корпи.
Најверојатно некој го советувал да биде упорен “до смрт“ дека така еден ден ќе попуштиш, и овој поверувал? 2-3 пати да пробаш е некоја крајна граница да убедуваш некого кој од прва не сака да прифати било врска било пријателство. Натаму веке ке премине во малтретирање и не знам како некои помислуваат дека тоа е начин да се дојде до целта. Како што ти кажаа ако ти смета таа негова комуникација со тебе блокирај го и решена работа.
Хахахаха фактички никогаш не бил груб , и сега само ме поздравува и општо ми пише ... Не ми сторил ништо лошо за да го блокирам , но не ми е јасно зошто ми пише секогаш а го одбив милион пати
Упорен дечко..... али одјеби го достојно, сигурно гледа уште надеж, со тоа што му враќаш, мисли дека тоа е достоен идинактор за интерес , иако си му дала корпи.