Дали е воопшто можно од само 2 гледања и 3 месеци допишување да се заљуби еден човек?! Јас разбирам некој ако ти бил толку симпатичен да го свиѓаш ама за сакање е малку рано.
Можно е... физичка реакција... не љубов баш... За да го сакаш некого вистински, треба многу добро да го познаваш. Ако не го знаеш доволно, тогаш си правиш конструкција во паметот и се 'заљубуваш' во конструкцијата... ама може да биде многу powerful feeling
Епа и јас така мислам, мн. краток период се само 2 искачања за да запознаеш некого доволно добро, иако навидум изгледа дека има добар карактер. Мн. ме плаши ова...
За да те привлече нешто кај некого треба да има "убав" надворешниот изглед според тебе, солидно понашање итн. Ако се заљубуваме во карактерот на една личност, а за да ја запознаеш таа личност треба време, тогаш како може да биде тоа љубов на прв поглед?!
Не е ни во карактерот, ни во изгледот. Сексуална привлечност е. Не знам да дефинирам ни сама за себе, што е точно тоа што ме привлекува кај некои луѓе.. Некои хемиски реакции ваљда... Ќе мораш да го запознаеш подобро.. ама пак тоа носи ризик да се затрескаш пред да го запознаеш целосно, пошто колку повеќе време минеш со него, и ако си привлечена, тогаш ќе се надградува таа привлечност.. Не знам дали објаснувам како што треба. Совет. Исплескајте се енд гет ит аут оф јор систем... Или дозацопајте се уште толку... Леле.. не знам... немам одговор, навистина. Ти мораш да одлучиш.
Мора прво да се заљубиш во физичкиот изглед, во неговата харизма а потоа оди на карактер.. на лекар кога одиш,прво те прегледува со очи, нели, те посматра, па те пипа со раце, грло ли, притисок ли..па тек после те пракаат на други прегледи..значи прво сите раби започнуваат со поглед...попросто од ова амин..а ако не си доживела љубоб на први поглед, ќе ти кажам искрено, жална работа
Не е баш љубов тоа Бабе... пиштење - вриштење на сексуална привлечност е.. Она кога мораш да си до него, да го помирисаш, допреш, почувствуваш... Мириса на секс... не на длабоки емоции... нагон е ...
Одма па и ти на секс ти е помислата..абе кога ќе го видиш, па срцето почнува да ти лупа ко да ќе искочи, па раце ти се потат, па незнаеш како се викаш..нема тука секс.нагон..тука е љубов на прв поглед....кога суи задовлна само од неговото присуство....
Не може да биде љубов за некој што не го познаваш. За да го сакаш, треба да го знаеш и да си ок со сите негови маани и доблести. Тоа со дланки потење, срце лупање, колена тресење, стомак превртување е чиста хормонска реакција, која е производ на сексуален нагон. И не дека јас мислам само на секс, туку оти така е.
Ете тоа.. сексуалната привлечност... Сега, може тоа да прерасне во вистинска љубов. Да се запознаете убаво и да си одговарате... па да си останете заедно до крајот на животот А може и да биде само ватрена врска која е само тоа... ватрена врска... А може и ништо да не биди и да се избориш со реакцијата.. А може и ништо да не биде, да не се избориш со реакцијата и да страдаш... Животот е неограничен број на можности! Шо сторе филозофирање и јас
Грешка си, грешка..морам да се пакувам за дома..ај вечер ќе ти кажам..може уз пат да сретнам и да се заљубам во некој на прв поглед
Зошто му пишуваш? Ако веќе му пишуваш и прашуваш совет, да не случајно го храниш егото со давање корпи?
Чисто од култура возвракам , мислам дека е некултурно да не го поздравам некој што ме поздравува , јас сепак и тоа што му возвракам е на ладнокрвен начин , и затоа ми е чудно пола година и после милион корпи и ладна сум спрема него он упорно ми пише иако неколку пати не му вратив....
Дечкото упорен. А ти иако ти е одбивен и на некој начин те нервира му враќаш на пораките. Еден ден ќе попуштиш.