Љубов не, ама заљубеност да. Љубовта ти е она вистинското, а заљубеноста е доста интересна, идеална, егоистична, каде да, не го познаваш партнерот вистински ама и си створаш слика за каков е и ја сакаш таа слика, а не него. Така да, зошто да не, веројатно си заљубена.
Имам едно прашање до вас машките...Што треба за да се отворите вие? Како да започниме отворен муабет со вас за да ни кажете како се чуствувате? Имам прашано и директно и се што ме интересира но некогаш треба зборовите од уста да ви ги вадиме.
Има причина поради која машките се воздржани понекогаш. Оти некои девојки го злоупотребуваат тоа и кога си премногу отворен и ќе дојде до степен да те удрат од земја кога најмалку очекуваш и ќе се чувствуваш како некој по тебе да уринирал од ќерамиди. Да ми простите на изразот ама така е. Кој се изгорел на млеко и на јогурт дува.
Разбирам и исто така знам дека тоа е причината поради која неможам да го отворам. Затоа ми е потребна помош од машка страна, сакам да докажам дека може да има доверба во мене но осеќам како тој да не ми дозволува и ми ја отежнува работата бидејќи секогаш кога ќе започнам муабет и се оди на кај зафрканција и престанувам бидејќи не сакам да сум досадна. Не можам ни зборови да избирам повеќе.
Мислам да не го притискаш кога ќе почувствува сигурност и ќе почне да ти верува, сам ќе го започне разговорот односно кога ќе ја стекнеш неговата доверба. Мислам дека така е најдобро. Почекај ќе ти каже и некој друг од момците, можеби мисли поинаку од мене.
Можеби не е сигурен што чувствува па избегнува да разговара за тоа. Дај му време, а проценувај го според постапките.
Колку некој/а ќе сака отворено да рзговара зависи од карактерот на личноста. Интровертите се потешки за да се допре до нив. Можеби е таков тип. Ако навистина си заинтересирана, дај си и себе време, а и него. Ништо не форсирај и не брзај. Некој умее побрзо да процени луѓе, а некој додека не е сигурен дистанциран е од поотворен разговор. Најважно е да ги следиш неговите постапки и однесување зашто тие даваат знаци кога и како да постапиш.
Му пишав на дечкото разменивме неколку реченици онака и толку траеше разговорот. Не приметив по муабетот дека е многу заинтересиран.
Сега тој ладен се прави. Ако ти се допаѓа, отворено само разговарај. Малку измешани се работите, сигурно и тој не е сигурен што сакаш овој пат.
Тоа е недоличен коментар од негова страна што значи дека не те почитува. Во претходен пост имаш напишано дека си препознала незаинтересираност.Имаш доволна причина за да не размислуваш повеќе за него. Прекини контакт и не му пишувај.
Ставив на стори селфи и ставив гласање со Да илиНе ама тоа го ставив скроз на десна страна па неколку пријатели ми пишаа дека на грешка ставиле не. Видов дека и тој ми ставил не и на шала му пишав Фала за Не. Ми кажа дека на грешка ставил не и јас му кажав ајде не се вади сега дека е на грешка ќе ставиш и ти и јас ке ти гласам Не да ти вратам. Тој ми кажа ако слободно ама јас не ставам такви работи ( мислеше на тоа Да/Не) Му кажав Ќе ставиш никогаш не вели никогаш и тој ми вика Хаха нема не ставам јас детски работи. Јас на тоа му кажав Ооо да бе јас заборавив ти многу стар беше. Ми кажа да стар сум имам .... години. Му кажав па си престарел и на тоа ми врати со Да да. И толку беше муабетот.
Добро, не е до толку страшно. И јас не ги сакам тие гласања, особено ставено селфи и напишано: убава, да или не? Кажал мислење, не верувам дека сакал да те навреди. Другите работи гледај ги: дали те бара тој, дали покажува заинтересираност, дали зборува за нешто повеќе, да се видите и сл. Ако имаш сомнеж и кај овие работи тогаш или разговарај отворено или прекини комуникација.