Зошто би ми била важна, освен ако не сакам да ме чести? (сељачки начин) Друго, ако погрешно си го сфатила, т.е да те праша што планираме во иднина доколку основаме семејство и како си со образование/ па потоа работа и колку плата би земала? (културно и сосема океј)
Финтава е демек на шала ми вели е не ќе работам City Mall ( јас работам таму) за 200 евра плата и еден слободен ден ,ќе седам во МК. Инаку,тој беше странство,ама не му се погоди и сега се врати МК и ми кажува како и претходно дека не сакал да работи за 200 евра.
Зашо да е сељак? А кој сака да работи за 200 евра? Мислите дека со 2 плати од по 200 евра - 400 месечно во Мк има убав живот? Може у бајките. Мене лично би ми сметало да зимам толку, ама секој си знае за себе. Поубаво ќе идам у странство ќе работам отколку тука да немам за основни потреби, а за желби па да не збориме.
Гледај девојко,никој не сака. Ако имаш можности оди,неспорно е тоа. Не секој има можности да замине. И не секој може да зема 500 евра или повеќе плата во МК. Муабетот е дали се поважни парите или љубовта.
Убаво е да има амбиции и да сака да биде успешен на професионално поле. Но, не му е убав начинот на изразување, особено кога ти си на тоа работно место. Подбивно испаѓаат неговите зборови во случајов.
Гледај девојко, ако сум рекла нешто спротивно на твоето мислење не мора да ми се обраќаш вака. Те читам одамна за дечково, и цело време звучиш ко да ти е криво што отишол. Не збориме за ПАРИ. Парите се средство само, што ако утре немаш пари за да си купиш на детето облека или јадење? Со оглед на тоа дека знаеме какви се можностите во државава? Значи, не е само љубов во врската. Со немање на пари други проблеми се јавуваат, кои љубовта не може да ги залепи. И љубовта нема да те нахрани и да ти ги плати сметките утре. Лош му е коментарот, ама тоа е реалноста. Со 200 евра, 1500 денари да дадеш за ЈСП, уште 2000 за јадење на работа (ако купуваш), ти отишле 1/4. Со другите што попрво, да платиш сметки, да купиш дома за јадење или? Кога си млад 200 евра - супер, ти стига за твои потреби. Ама за потреби на семејство малце потешко
Еј,гледај вака. Јас тебе не ти се обратив којзнае како. Нормално е дека ќе ми биде криво,бидејќи го сакам. Реално е да. И да,дека не бива со 400 евра фамилија да се гледа. Не го спорам тоа. Но, некогаш ќе подголтниш ако мораш и ќе работиш и за 200 ако треба.
абе ајде, ке оди во странство ќе работи за 1000 евра плата, ќе се врати ќе ѓи потроши за еден месец и пак е сељак. Или која е поентата на животот ако цело време е по патишта, парите ли ќе те гушкаат. Ако има слога и љубов и со 400 евра месечно ќе го тераш животот.
Не е глупаво прашањето. Не е важно колку зема,а и да не зема што имам јас да водам рачун за нејзиното конто. На него и 2.000е да му дадат пак нема да му се работи. Не му се погодило,или видел како се заработуваат горе парите па се вратил(извини за шегава на негова сметка)
@GirlLove Искрено, не знам дали на дечково му е проблем парите, или не му се сака да е у врска. Точно, можеби ќе стегнеш заби, ќе работиш и за толку (некои мораме) ама дали он сака да го направи тоа? Замисли еве и да не отиде, и да се земете. И после поминуваат 3-4-5 години, и он цело време тебе ти збори како заради тебе он не отишол, ти си го натерала со сила, ти си крива? Фрустрации растат, кавги стануваат почести, итн. Мислиш ли дека така долго ќе трае врската? Не верувам. Ако немате исти гледишта поубаво да раскинеш сега отколку да си го трошиш времето со него. Изгледа него тоа му е побитно, и тоа е океј, ама тебе лично не ти одговара што значи поубаво да си најдеш некој што не е како него.
Искрено и јас не знам што му е,во право си тоа што го велиш. Но,тој беше и се врати. Може треба да побарам некој друг,во право си.
Треба да видиш целокупната ситуација каква е, каков ви е односот, како он за други работи се однесува со тебе, дали има некои планови или не. Значи да седнеш и да размислиш ама асално. Не само за пари, туку за сите животни прашања. Ние не знаеме каква е ситуацијата, и вака не може да каже некој мислење, базирано само на една случка. Ама вака, што памтам што си пишувала и порано, мислам дека не се замара многу многу за тебе, туку те чува ко резерва.
@GirlLove и јас сум од тие кои не би работеле за 200 евра плата. И дечко ми. И неколку мои другарки. Нема ништо лошо во тоа. Лошо е кога човек се задоволува со малце. Месец дена со 200 евра можеш да поминеш само ако се оди како подмачкано. Една настинка чини 1000 денари, една свадба најмалку 2000, а ако излезе уште некој непредвиден трошок, тогаш ке мора да позајмиш пари. Можеби е изводливо да поминеш месец со 200 евра, ама тоа е преживување, не живот. Има луѓе кои сакаат да уживаат во животот. Сакаат да седнат на ручек или вечера без да се пребројуваат. Сакаат секогаш да имаат бензин у кола и да шетаат. Со 200 евра плата тоа е неизводливо. И не, плата од 200 евра не смее да ти биде океј за во иднина, макар ја имала целата љубов на овој свет. Не знам во какви односи сте со дечкото и не знам каква иднина гледаш со него.