@GirlLove те читам одамна. И од се срце би ти рекла да го баталиш дечково. Очигледно е дека само ти го сакаш, тој тебе не. Ти цело време му нудиш алтернативи да сте заедно, тој не ги зема во предвид. 200 еур за некој се малку, за некој многу, тоа е релативно. Ама овој, и 2000 еур да земаш ти, тој ќе ти го каже истово. Move on, најди си друг или биди сама. Зашто и друг пат колку што сум читала имаш погрешни избори. Може треба да поработиш малку на себе. Не е се во тоа да имаш дечко.
Просечен маж, колку е привлечен од полнички девојки ? Не екстра плус сајз , туку со некое кило повеќе ?
Тоа е ствар укус... Али коа правиме муабет за просек, може да кажам дека е просечно привлечен од просечни полнечки девојки.
Не сум машко ама ќе ти одговорам.Пример јас за мојата висина сум стварно слаба, им личам на некои на анорексична на некои сум им таман за некои сум дури и згодна. Убаво ти кажа Пријателот хахаха се е ствар на вкус.Пример јас барам машки компатибилни на мене според висината т.е од 180 па нагоре и во тежината вака кога ќе го видиш да не испадне декс се губам меѓу него. Ама да знаеш секое машко сака убаво бутче, задник така што женски лабавете си.Сите имаме предности и маани
како да започнам разговор со дечко на фб да му пишам прва и што да го прашувам инаку не се знаеме во живо ?
Можеш да му лајкниш низ социјалните мрежи, неколку со ред лајкови, и ако објавува често лајкувај му, па можеби ќе пиши. Ако не, тогаш пиши му прва и не знам што би го прашувала, зависи каков е типот, горе доле треба сама да знаеш.
Одбери тема. Нешто што има постирано, и ти се согласуваш со тоа и искоментирај му го во порака. 'Здраво. Го видов тоа- и тоа кај тебе, и морам да кажам дека ...'
Јас би му пишала ееј или здраво и ако ми врати ќе го прашувам пополека.Шо праиш, како си од каде си колкав си?Учиш/студираш/работиш нешто?И така.
Мене секогаш ми било срам да пишам прва, ама не значи дека нема друг начин да направиш прв чекор. Можеш и да му лајкнеш пост од пред неколку дена, профилната, фолоуни го на инста.. или наједноставно пиши му ( можеш стикерче што мафта или wave да стиснеш на самиот разговор).
Дечки, ајде помош да го разберам дечково. Значи се знаеме онака од низ град имаме едно здраво, еднаш се случи во диско да ми пријде со еден негов колега и нешто да ми праи муабет као што студираш ова она, кај бевте претходно и такви општи муабети. Одтогаш (зборувам за мај некаде), на инста ми лајкнува се, значи буквално се. Летово ајде не беше во Мк, кога се врати ми пиша да ми го честита роденденот и почна да ми пишува да си праиме муабет онака секој ден. После неколку дена заминав јас на факс и се исто, пак комунициравме кога ке си идеш ова она, АМА кога ке се вратам јас за викенд го снемува. Ниту да пише ниту слика да прати, па и јас да пратам нема да одговори само ќе отвори. Се враќам во Ск и еве го ми пишува... следниот викенд исто. Стварно не го разбирам... се сретнавме викендов и дојде да ми збори се најнормално, ама да пише да пиеме кафе да се видиме не... Што би можело да биде? Јас некако се си мислам дека не е сигурен дали сака да излезе со мене воопшто и покрај тоа што си се свиѓаме зашто се имам смувано со негов другар кој многу ме сакаше ама јас константно го откачував зашто се покајав и не сакав ништо повеќе... Инаку стварно ми се свиѓа дечково али не знам како да откријам што е работата и дали е нешто до мене или сам врти нешто на страна па не знае како да постапи..
Или не те сфаќа сериозно и само си пополнува време, или нема храброст да те покани на кафе. Можеби се срами, страв му е да не те разочара. Како ти делува тебе? Како несигурен тип или? Ако не е тоа, можеби само му годи муабетот ама не е ни нешто посебно заинтересиран штом не превзема ништо.