Не е срамежлив, јас сум далеку посрамежлива. Од муабетите што ги имаме правено не делува на несигурен, ама тоа се случува само кога сум Ск. Не знам, најверојатно и самиот не знае што сака па му текнува да пише кога му е досадно
Се гледам со еден дечко некои 3/4 недели веќе. Се запознавме во диско и после почнавме да искачаме. Дечково ми се свиѓа ептен, многу е паметен, смешен итн. Низ муабет сфатив досега немал девојка воопшто, со која и да искача се лапа некои 2 недели и толку. Тоа што малку ми смета е што тој не комуницира многу со мене на социјални мрежи, а многу повеќе муабет имаме кога се гледаме во живо. До сега не спомнал дека сака нешто посериозно со мене, а непријатно ми е да го наметнам тоа прашање уште сега. Се осеќа дека има некоја хемија помеѓу нас, и за тоа сум сигурна дека не е само еднострано, но неговото однесување ми е чудно кога не се гледаме. Се си мислам дека има некоја друга.. Инаку имаме по 19 години..
прашај го директно, можеш да му кажеш шо мислиш и осеќаш спрема него и искреноста ќе ти ја цени за тоа и ако во случај не му е гајле барем ќе знаеш на шо си и нема да се измачуваш....за пишувањето остави го малку лабаво не сте во врска крај краева ме сфаќаш ? Ако сте во врска тогаш имаш голем проблем, а и ова не го преќутувај се шо ти смета шо приметуваш дека нее во ред реагирај и кажувај му, ако му е гајле за тебе и стварно сака да бидете заедно, тогаш ќе престане, но ако не му е гајле тогаш...тоа е тоа во случај најлошиот одговор е НЕ и ништо повеќе
еве и јас даа искоментирам.. имам братучед кој што воопшто не комуницирал со чупина на социјални мрежи вика не знам шо да и пишам не ми е убо.. а во живо топ е детето за муабет.. значи нема врска можи детето го има истиот проблем и мислам дека треба да си среќна зато шо новите генерации освен на тастура не се јаки нигде на друго место.. можно е да има друга да зошто да не има 19 и со тебе не е ништо сериозно.. види како ќе одат работите не се надевај многу да не се разочараш многу и ако гледаш не оди повлечи се без напнување.
Ти благодарам, се согласувам со се што кажа. Инаку, не сме во врска, ни блиску до тоа, а изгледа бидејќи немаме некоја комуникација освен кога ќе искочиме заедно нема ни да дојде до такво нешто. Можеби и јас самата премногу се надевам.. Ти благодарам.
За машките околу 30. Дали знаете кои ви се приоритетите во животот? Бев излезена со едно машко и го прашав истово прашање, ми рече дека немал, а има веќе 33 години
Подалеку од таков 10 години помлади од него многу добро знаат кои им се целите и приоритетите во животот и даваат сè од себе да ги остварат, а овој со 33 години ми делува на некој кој живее од денес за утре, финансиски зависен од неговите родители, чека сè на готово од другите, вечно незадоволен, не знае што сака... Со таков никогаш не би била.
Треба да има приоритети. Не е сам на светот за да нема. Мора нешто да ти е поважно од нешто друго. Тој знае ли што е тоа приоритет? Очигледно не го интересира ништо таквиот, бегај од него.
Извини а тој на интревју за работа беше или на дејт? Како ти се молам дојде до ова прашање? Ужасно ме интерсира.
Го познава одамна... не го виде 'вчера' прв пат.. У ствари, шо има врска, и од прв пат да го прашаш некој: Кои му се приоритети во животот? Што ти е спорно во прашањево?
Па ако го познаваш некој подолго воглавно ќе ги знаеш неговите приоритети /реакции на нештата што се одвивале меѓувреме. А ако не го познаваш, малку е глупаво да очекуваш дека некој од прва се да ти раскаже односно така лесно да се отвори. Да не заборавиме приоритетите во животот се крепат врз она што сме го поминале/доживеале во животот. Мене повеќе ми делува како да немале тема за разговор. Или пак како едниот да се правел по паметен од другиот.
Не е глупаво... Со мажот ми, баш така почнавме: Искрено. Немаше 'непристојни' или 'забранети' прашања.
Вие народски кажано сте се нашле. Но многумина во кој ќе се вклучам и самата не сакаат таков вид на интеракција односно испрашување на прв дејт. Тоа не значи дека не сум искрена или дека немам приоритети туку едноставно ми треба повеќе време.
Може само мислиш дека не сакаат? Многу од тие кои ќе речат дека не сакаат искреност, лажат.. да знаеш. Само се плашат сите од сопствената искреност, не толку од туѓата...
Не ме разбра. Не е дека ние не сакаме искреност или дека не сме искрени. Туку за целосна искреност на некои луѓе посебно на оние кои имале негативно искуство во животот им треба време. Тоа незначи дека ќе те лажат. Едноставно нема да добиеш одговор.