Најпрво, не се гледаме прв пат. Второ,, моментот е дали да почнеме врска и затоа тоа прашање беше поставено.
И јас сум имала негативни искуства... Еден куп! Од првиот ден (кога се запознавме), до 7миот (кога се 'фативме')... Сите негативни и позитивни искуства, си ги имавме кажано.
Тоа значи дека ти до сега не си се почувствувала како дел од неговите приоритети. Па затоа прашуваш за неговите приоритети. Моето прашање до тебе е: Зошто воопшто сакаш врска со човек кој до сега не ти покажал дека ти си дел од неговите приоритети? Зошто воопшто губиш време на некој таков?
Значи има едно момче кое го заследив на инста по грешка ,сакав да видам кој е и ме прифати и така и тој мене ме заследи ова уште во април месец.Потоа тој беше во Америка и не го имав видено низ град ,можеби сум го видела но не знам и се врати пред месец дена.Од тогаш до сега кога да ме види на улица,,во клуб ми се насмевнува и ме гледа постојано и јас сетив и го додадов на фб хаха ,потоа му мавав лајкови на инста(со цел да ми пиши).Искрено не дека сум заљубена во него ама онака можда ми се допаѓа.Веднаш штом ставам стори на инста го отвора прв како да чека .Но ете не пишува ниту пак лајк ми ставил.Што мислите да продолжам да флертувам или не вреди?Искрено?
Заинтересиран е, ама има друга. 500 денари молим. Сериозно го мислам ова, али пробај пиши му па ако нема позитивен фидбек - delete и ќао. Среќно.
Од кај знаеш дека има друга? Може е заинтересиран, ама не знае како да пријде.. или не е сигурен дали навистина е заинтересиран... Не е то можно? Или ова се финти нови некои? Пошто ова со инстаграми, фејсбуци, ми е страна работа. 'Во мое време', немаше вакви работи
хаха е тоа дека има друга 100%нема тоа барем знам да го испитам на најсигурно пред да "демнеам" некој
Искрено и јас мислев дека не знае како да пријде изгледа не е многу искусен и е онака затворен тип но јас да чекам еден месец да не знам како да и пријдам на некој АКО ми се допаѓа хаха Глупо е малку затоа не знам изгледа ќе се откажам.
Да се откажиш. Алтернатива страмежлив, затворен тип е кога не пишува, доколку беше заинтересиран ќе ти срцнеше нешто. За гледање на стори и јас на Парис Хилтон секој ден и го гледам тоа незначи дека сакам нешто со неа.
За некој да ти одговори на ова прашање не треба да ти ја раскажи животната сторија или да ти открива некои лични и интимни работи. Баш ова е најбитното прашање преку кое можиш да видиш за каков човек станува збор. На крај краева затоа излегуваш со некој, за да го запознаеш, не би требало да има правилни или погрешни прашања.
Вака, не знам како да протолкувам. Јас мислам дека имам чувства за него, секогаш кога ќе го видам срце ми запира,почнувам да се тресам и образите ми црвенеат,гласот ми трепери, не знам како успевам да се контролирам кога зборувам со него. Ќе пукнам, жими се, ќе напрам беља, ќе го нападнам в лифт. да знаете ако пишува во весник јас сум. А тој,тој секогаш кога поминува се врти накај јас работам јас, еднаш ненадејно му пријдов,ми требаше нешто и кога крена поглед од мобилен ми виде и за 3 секунди поцрвене... и се исконтролира да ми напрај ладна фаца,како што и е секогаш СКАМЕНЕТА. Јако беше друго,пазаревме на различни каси,тоја замина пред мене, а јас бев паралелно со него на каса т.е. зад него. Јас завршив,се сепнав кога го видов стои и гледа долу во мобилен малку подалеку од касите, заминав пред него, ме пушти тој изгледа и потоа по неколку секунди стоевме на 3 чекори еден до еден пред лифт, тој зајпанл во мобилен и не рече здраво па ни јас. Крвта ми се смрзна. Не знам дали нешто чувстува за мене. ОВОЈ Е ЕДЕН ДРУГ,НЕ Е ТОЈ СО ПРАШАЊЕТО. Го откажав.
Раскинав од 4 годишна врска и сега мислам дека имам заборавено да флертувам ко забегана некоја има еден дечко шо ми се свиѓа не бо направила ништо зошто едноставно сакам да сум без никој само онака да се зафркавам и ми рече да одиме во кино неделава ама ни се ставија уште 2ца негови другари сеа ми рече да сме оделе саат време порано ја и он карти да купиме го знам онака не многу добро, и ми е страв да не се блокирам да не ми текне шо муабет да му направам
Пробај, оди нема да згрешиш. Мора од некаде да почнеш, па и да се зафркаваш! Нема да се блокираш, биди си своја. Плус се зависи од тоа за какви теми ќе разговарате. Ако чувстува нешто или е заинтересиран нема да зјапа во телефон туку ќе ти пријде, барем едно здраво да ти каже.
Тој со сите колеги така ладно се однесува,не само со мене,ретко на кого му вели едно здраво. Поретко е во канцелрија бидејќи е на терен. И плус ни е надреден,па ете тоа можеби му претставува нешто плус, да се вообрази и да не прави многу муабети.
Реално неможам да ги разберам овој тип на машки. Сигурно не очекува ти него прва да му пријдеш, а тој да си е svi cetiri u vis. Како очекува да започне нешто?! Круната нема да му падне од глава доколку каже едно здраво.
Зошто да се блокираш? Муабетот сам по себе ќе си дојде. Пробај ќе видиш а и да не ви успее од прва течен муабет,ќе се оправи тоа со тек на време ако навистина сакате да бидете повеќе од пријатели/познајници.
Сега сигурно тие хаос во главата, се чувстуваш изгубено. Сети се на личноста која си била пред да влезеш во врска па ќе видиш дека нема од што да тие страв Немој да се затвораш во себе, да сакаш само да се зафркаваш, а дечкото ти се свиѓа..Не велам рипај во нова врска одма ( не е здраво ) дај си време, запознај го човекот што знаеш што може да произлезе
Мојот совет е да не ставате шминка 2 кила тука да си бидете што може најприродни. Покажете си ја вистинската убавина, а не да се криете со еден тон шминка. Не изгледате убаво така, бар не за мене.