За тебе ако не изгледа убаво, ќе си најдеш такви кои не се шминкаат... Не можеш да очекуваш никоја да не се шминка, оти ти си мислел дека така требало
Ваквите изјави искрено најмногу ме нервираат. Зошто? Бидејќи навидум сите мажи не сакате шминка, фризури, надградби итн, туку си почитувате природна убавина. А дали знаете за какви жени најчесто коментирате дека се јаки? Дали некогаш ви се случило да искоментирате за девојка во тренерки и патики без грам шминка на неа? Не сакам да генерализирам, секако дека има исклучоци, ама барем во мое опкружување 95% од мажите кои тврдат дека не сакаат шминка, трчаат баш по девојки со сто кила шминка на нив. Немам ништо против никоја, секој си има право да се носи како што сака. Ама дај престанете да бидете лажни.
Сепак, секој маж си има различен вкус за девојка. Нека има и минимално шминка на неа, ете нема да ми биде проблем, но две кила шминка веќе не личи на ништо... Ги гледам по фејсбукот, се штракаат целите нашминкани од гз до глава. Шминката ни со вап не може да ја избрише.
Па добро ама не можеш да го наметнуваш своето мислење.Од кај знаеш зашто се шминкаат некои девојки? Можеби имам некоја лузна на лицето која не сакам да се гледа на пример.Дечко ми да го прашам дали да се шминкам или не? My body, my rules not yours. Другарка една кога идеше со дечко и, и забрануваше да се шминка.Ни римел и пудра ни ништо.А зашто?Така ќе била поубава и ќе ја гледале машките браво брат многу си паметен.Мене некој да ми каже не се шминкај за инает ќе се нашминкам повеќе од што се шминкам и цел ќе го залепам со пудра.Па нека иде нека се риба после
Разбирам преференции. Ти си сакаш таква.. И како што веќе рековме, ќе си бираш таква. Многу е лесно. Остај ги другите, нека си се шминкаат колку што сакаат.
Не го наметнав на друг мислењето. Јас си кажувам јас лично како ги гледам, ама ете реков погоре дека не би ми пречело и да имаат малку шминка. Тоа со другарка ти и дечко и е друг случај. Другарка ти е таа демек "паметната" што дозволува да ја контролира дечко и и да и кажува што да прави, а што не.
Добро зошто вие машките поцрвенувате? Значи денес, си рековме здраво и тој поцрвене?! Значи не сме блиски, се знаеме само онака.
Можеби има срамежлив карактер и кога му зборат некои што не му се блиски го фаќа срам, може и му било жешко.