Дечки да ве прашам нешто, другаркава моментално не е добра, имат 2-3 недели што се допишуват се слушаа се во ред 2-3 пати излегоја последно пред една недела ипол. И вчера и денес беше ладен а се во ред беше а тој се смена ладен е, што значи ова? Дека повеќе не е заинтересиран или си имат најдено поуба друга?
епа вака ми се свиѓа многу колега од факс. Мислам дека и оне ме има заприметено мене ама не дава многу знаци, а и сега колоквиумска ни беше така да не ни беше умот тука. преф некој ден влегувам у бифе јас и ме гледаше убаво ме меркаше. Како што го гледам така многу е самоуверен, си има став и цврсто изгледа. Јас се мислам дали да го аднам на инстаграм па сега ми треба ваш совет. Многу сум срамежлива неможам да соберам храброст за да го додадам а несакам да помисли дека сум некоја лесна. Кажувајте што да правам Иначе мислам дека би имале заеднички интереси барем по ова што го меркам скоро година имаме слични стилови, ладни изрази на лице да го аднам или не? несакам лесна да испаднам.
моментално додади го, чак мој совет е кога веќе ти се бендисува и да му пишиш, па ќе видиш како стојат работите
Адни го или заследи го, зошто да не па може и убава работа ќе испадне од се ова ќе му дадеш знак дека сакаш да ти пристапи на некој начин
Во иста група сте? Ако сте, факултет ви е заедничка тема и можеш многу лесно да започнеш муабет во живо, па потоа и да ги адднеш (или може он прв ќе те аддне)
Хеллоо на сите.. пишам со човек кој е 21 година исто како и мене, по чат се е ок и еднаш ми се јави разговаравме, од страна од страна му се допагам и сака да биде со мене гледам за деца ми зборува.. ѕаедно сме во странство тој е на пола саат далеку од мене, сакаше одма да пиеме кафе уште од кога запишавме, но јас си дадов малку време за да видам како ке биде по чат.. се беше во ред па договоривме средба.. се видовме ме изненади со тоа што тој не беше отворен како на чат, не ме ни гушна ништо седнавме немавме тема што да одговориме едноставно се изгуби малку не ме гледаше во очи, немаше теми на разговор за нас итн.. јас само го прашував тој така онака, станавме шетавме еден круг си отиде не ме ни гушна ништо само ми рече пак ке се видиме ке пиеме кафе ке одиме у шопинг за палто и тоа.. ми пиша потоа немаше за кафето муабет каков впечаток сум му оставила, дали му се допагам или не, онака малку ко 15 да е... пред да се запознаеме ми рече дека сум убава и се е тоа ок, сега кога пишам јас дека сакам да одам таму таму на одмор и тој го умножува тоа ке одаме ама јас и понатаму незнам што е тоа, трема или стварно незнам.. хелппп
Од прва средба не донесувај заклучоци.Можете да договорите уште некоја кафе средба или прошетка бирај ги ти темите за кои сакаш да разговараш за да го осетиш неговиот фидбек како реагира,размислува.Секако самата ќе донесеш заклучок дали е стварно заинтересиран за тебе или само онака сака да си го троши времето. Треба исто така да направиш и јасна дистинкција дека некогаш на чет може и отворено да пишува а во живо малку да закочи отвореноста,затоа не донесувај инстант заклучоци и секако почетокот може да бидеш малку и на дистанца во дружењето а не да се залетува на теми за деца,брак или незнам што.Дај си малку време, дружба, видување и сл. па ако продолжи со ладниот однос едноставно продолжуваш понатаму, има и други момци.
фала ти многу.. ете сега ми се јави разговаравме цел саат ама немаше некои теми, се се така извртува напред назад, малку детињаст понашај.. иначе го прашав вчера викам јас и ти сега што сме, пријатели познаници се направив луда ми вика ти што сакаш тоа ке бидиме и јас сега тука што да правам си закутив како да му кажам ајде дечко ке ми бидиш, сепак он е тој што треба да го направи тој чекор, неможам јас прва да му се пуштам, срамно е
Хаххахахах, дај олабави девојче. Едно што сте премали друго што премалку се знаете. Како бе така верувате на све и свашта? Два реда муабет и одма деца врагови, заеднички одмори... Запознајте се прво, пораснете, па после планирајте. И нека не те чуди понашањето негово. На 21 година денес си му ти се на светот, утре друга. И така..
Не е правило кој ќе го направи првиот чекор бар според мене, ама ако не си сигурна во нешто и имаш сеуште дилеми затоа дали тој би бил добар партнер за тебе тогаш играј малку конзервативно без избрзувања.А такви одговори од типот што сакаш ти тоа ќе бидеме звучи незрело и глупо.Затоа два пати мери еднаш сечи.
Не верувам во никого, немој да мислиш оти ако е 25 или 30 дека е зрел.. имав прилика да бидам со дечко од 29 години па накрајот се покажа дека касне со развојот едно 15 години, така да веке на годините не гледам ни малку, а фала му на Господ зрела сум многу повеке од моите години...
За последниот со кој се дружиш и со кој можеби ќе стапиш во врска што мислење имаш за неговиот развој (ментален) ?