немам никакво мислење, бидејки се уште не го познавам, а веке со сигурност нема да се опуштам во врски што се менат преку ноќ...
Дали на шала би и рекле на девојката што ја сакате нешто во стил "Од тебе не можам глава да кренам" ?
Нема никаква фрекфенција тука. Збориме за првичните неколку допишувања, во кои не знаат ништо еден за друг освен име и презиме.Се немале ни видено, а и вади муабет за деца. Мене тоа не ми е нормално
Те сфаќам, тоа претходното на шала го напишав, инаку се гледа дека нема сериозност од дечкото,вади муабети за деца а другите постапки му се несериозни. Кратко и јас за неа што подобро да се дистанцира од таков, како што тврди тука дека е сериозна личност за годините, ако не го направи тоа значи иста им е брановата должина.
Ти кажав јас мислење во прошлиот пост. Премногу сте мали и нормални се тие промени во однесување. Ни тој не е зрел, ни ти не си доволно зрела чим се замараш за однесување од таква особа. Ко ќе потпорасниш ќе сфатиш што ти зборувам и самата ова ќе го мислиш.
тоа и го направив, не сакам да си го губам времето со луѓе што незнаат да размислуват сериозно.. ден за ден се сакам нејкам и оставив.. нее ни прв ни последен
На 21 за деца и збори Дообро..батали го. ти не си сигурна што сакаш како прво, како второ ни он не знае што сака.Тоа е многу лоша комбинација. Значи ако се понаша ко да има 15 не размислува стварно за деца. Мушко на 21 треба да ти покаже став, цврстина, да те држи до себе..
Тој самиот дали знае да се чува, па за дете да не правиме муабет. Уште кога поставува прашања на девојката ‚‚што сакаш тоа ќе ти бидам“.. тури му пепел.
Дали мислите дека може да постои ЧИСТО машко-женско пријателство? Многу ми е потребна машка перспектива за ова. Сте имале ли некогаш некоја другарка со којашто се знаете уште од детство и сте прилично блиски, излегувате на само и притоа да ја гледате само како другарка и на никој друг начин (ни сексуално), иако се работи за особено привлечна личност? Не проверив убаво дали слично прашање веќе било поставено претходно на форумов. Извинете ако е така.
А зошто да не може да постои ? Ич не ми се свиѓаат вакви стереотипи. Имам другар од мали нозе, го гледам како брат, и уште 2 3 другари стекнати покасно и знам дека е чисто другарство од двете страни. Зошто прашуваш ?
Имам 3ца другари кои ми се стварно блиски.Пред нив сум си лабава.Ретки се од машките со кои сум останала на другарска линија и многу си ги сакам и ценам.А мислев дека не постои женско-машко другарство.