Можеби поинаку требаше да го поставам прашањето. Мене ме интересира дали машко во девојка која го привлекува би можело да види само другарка. Не викам дека не може да постои, меѓутоа јас како што знам мажите сакаат да имаат секс со жени кои им се привлечни. Нели тоа би претставувало некаква пречка? Ако некој сака да ја легне другарка му ама од X причини не го покажува тоа, тогаш не е тоа чисто пријателство според мене. Ама искрено не знам како функционира машкиот мозок понекогаш, затоа ми е важно и мислење од машко. Прашувам бидејќи моментално се наоѓам во една таква глупава ситуација со дечко ми и една негова другарка.
Порано или подоцна ќе се појават чувства, а инаку се зависи до машкото колку може да се контролира. Пример мене.. да речеме можам да речам дека некоја е привлечна и слично, секако дека има доста убави девојки (секој на посебен начин сметам дека е добар убав, позитивен) ама дека со секоја би пошол не баш.
Зависи за што, кога и во како? Пример имав некои проблеми пред некој ден, overthinking без да сакам, дм ми 2 саати уста на затвораше и му реков дај не ме потекувај или нешто слично не се сеќавам, нормално ме сфати дека не мислам ништо лошо, него дека имам проблеми кои сакам сама да ги решам и стагнира со темата. За се е потребно разбирање, доколку и дечко ти ти го рекол ова во ваков контекст, со ваква намера за само една ситуација океј али ако се работело глобално за цела врска тогаш имате проблем. Едит: Сега прочитав за шала се работело не барајте проблеми каде што ги нема.
Па ако сексуално го привлекува тогаш не е пријателка , привлечноста го коси пријателство. Тогаш е девојка која му се допаѓа не другарка.
Јас имам доста другари од мали нозе, дури и сега се си кажуваме, ама баш се (за секс, срамни слики, порно се се нема кој што не знам јас за нив, и тие за мене).. нормално сите сме имале симпатии но ништо не бидна освен еден. така да, верувам во пријателство помеѓу машко и женско.
Како да направиме машко да биде лудо по нас? Што најмногу ве излудува, ве привлекува? Било дали е сексуална привлечност или што и да е... Еве што ви предизвикало девојче да почне да ви се врти низ мислите константно? Дали повеќе сакате смирена срамежлива девојка или некоја бунтовничка која знае да ви пружи авантура...Или гуд грл бед фор ју онли хаха?
Не сум машко, ама од моја гледна точка покрај физичкиот изглед,најмногу влијание има карактерот во смисла на како се поставуваат со некои ситуации. Ниедно машко нема да полуди по девојка што се жали за секоја ситница или за некоја што без гордост се гази себеси. Онака, јако девојче мислам дека најмногу им остава впечаток.
Поентата е да си уникатна и различна од сите останати, али природно, а не пластично. Да си имаш свој đir, али само затоа што ти си таква, не заради тоа што сакаш да бидеш различна. Едноставно, да си го тераш магарето по својот пат и кур да те боли. А, сексуално, повуци-потегни. Ќе иницираш ти срамежливо до одредена точка и потоа ќе се повлечеш или ќе глумиш лудило, као демек шо ти е будало, па после тоа дупло од него ќе испаднеш безобразна. Накратко, треба да му го разбудиш примордијалното чувство за сексуален лов и соодветно да го наградиш штом ќе те „улови“.
Искрено да ти кажам, прв пат слушам и гледам за тој збор..фазон си е фазон а ова твоево зборче е...немам појма...ај пиши го на кирилица.
Не си се дружела со Далматинци, ваљда затоа. Не го бива на кирилица, немаме ние буква за тоа нивното đ.
Здраво, ми требаат повеќе машки мислења. Не ми е јасно што значи кога ми пишува само кога ќе му лајкнам и ако не пишува секој ден значи дека не е заинтересиран?
Не сум машко, ама ако 97-ката во никот ти е година на раѓање, и тој е тука негде, и тука лежи одговорот.