А па овие 30 годишниве ич не праат вака? Седи, жити мене... @BrokenAngel97 можда и не е заинтересиран, а можда и не го задржуваш многу со муабет. Кога ти пишува пробај да отвориш тема, нешто ќе трае подолго, не само што правиш, што има ново... Задржи со муабет, валјда му се свиѓаш чим ти пишува.
По толку години имаат и сега што ? Да бараме deep позадински причини, да филозофираме и развржуваме демагогии зошто едно дете се однесува како дете ? И прашањето е такво.
Не се мали по 20 години. А и форумот, односно подфорумот е за тоа, го интересира нешто и прашува од друга перспектива, барем така ги доживувам другите луѓе, затоа што вљубените очи и оние очи на нормалните не е ист.
Така де, и јас и одговорив од моја гледна точка. Што да кажам понатаму, на прашање зошто и пишувал само кога лајк му ставала, она не смее да му пише,негова обврска е тоа, за созреаност ли правиме муабет или сепак годините се пресудни тука ?
Јас обично тие што сакам си ги поздравувам секој ден со едно убаво "добро утро" и ги испраќам со "добра ноќ". Па комуникацијата во текот на денот си се одвива според нејзиниот тек. Навистина не ми се јасни девојките/момците во следниов случај..."не му пишувам јас прва, нека ми пише он, ќе мисли дека сум лесна, ќе мисли ова, ќе мисли она, вака, онака.."..значи девојче ако ти си заинтересирана, а најверојатно со лајковите сакаш да му го покажеш тоа, е океј дур да стапите во контакт. Кога ќе почнете со комуникација, со тоа што ти ќе му пишуваш прва, и ќе иницираш разговор за подобро да се запознаете и останатати работи, не значи дека си лесна. Напротив, ако тој е заинтересиран, може да му побудиш не заинтересираност и да ја заебеш работата. И многу ме нервира една работа, за која немам одговор, па ако сака нека ме расветли некој. Каква е таа гордост? Што е тоа гордост? Го користите за да не започнете некоја безсмислена акција поради тоа што ви ја повредувало гордоста..? Чекај, што? Гордоста, каква јас ја знам, има каде да се користи..
Горди се дур да влезат во врска, а после тоа дозволуваат да ги контролираат, малтретираат итн итн... Изгледа гордоста ја оставаат пред врата.
Јас имам 21, немам којзнае какво искуство, ама тие за мене се или не созреани личности кои останале на возраст од 15 до кај 17-18 год, или пак сакаат да се прават јак/а тип/ка со ау бау гордост, а 0 достоинство.
Значи не е воопшто заради гордост,зависи од ситуација, немоеш само да бидеш нападна и ете да се залеташ туку машките се ловци и тие требаат до крај да одат. Т.е да мислам дека ке испаднам лесна знаеш зошто зошто во реалноста е многу подруго, не си интересна више ако пишеш, се губи интересот барем јас така мислам ако има нека е поправи. Тоа е тоа за жал! Реалити
1. "Машките се ловци". Мислам дека веќе живееме во свет каде што постои некаква еднаквост меѓу машките и женските. Ова навистина е многу комплицирана и актуелна тема во светот. Па според мене ова дека машките се ловци, треба веќе еднаш конечно да исчезне. Нека ме поправат постари феминки ако не сум во право. 2. Друга работа, дали си или не си интересна зависи до тебе. Не велам јас дека треба ти да пишуваш цело време прва. Ама немој да играш на таа карта дека ако го оставаш он да ти пишува цело време со тоа што му даваш суптилни знаци преку лајкови ќе те направи поинтересна. 3. Реалноста е многу комплицирана.
Камо вака сите машки како тебе да мислеа, али јас мислам до општеството е и нашите заостанати мислења. И јас не би сакала да е вака. Да беше едноставно се ќе беше поубаво, до луѓето е.
Многу машки мислат така. Што правиме со тоа што ти мислиш дека е нормално женското да чека секогаш на машкото? Најлошо е да си напорна, ама истото важи и за машки.
Богами и то ќе го напрам хахаха  Колку е убав бре луѓе висок црн ситроен убав како од турскине серии глумец да е излезен
абе го додадов колегата шо ми се свиѓаше на инстаграм, некако собрав храброст (и он ме follоw-на.) Скоро 3 недели еве поминаа јас ставив и стори и мои слики постирав он ни да лајне а камоли да ми пише, а на факс ме гледа од време на време и тоа пази да не го глеам јас. Сеа не разбирам шо му се врти низ глава, не му се свиѓам или што е? ај некој мислење нека даде
Дали комуницирате воопшто, дали правите муабет општо нешто за на факс предметите или други муабети? Ако не, тогаш би било добро да почнете некаква комуникација спонтано па ќе видиш според тоа на која фрекфенција сте, како се понаша со тебе дали само другарски или скриено флертува со тебе па ќе знаеш што да очекуваш ..
Можеби ти има фрлено окце, а има девојка па не сака ништо да превземе. Не очекувај само на инстаграм. Обиди се да створиш комуникација најбанална во живо.