Обично таквите пријателства порано или подоцна излегуваат чувствата на виделина. Ако ти годи и ти одговара типот зошто да не пробате да бидете во врска?
Еве неколку и од мене: 1-не го гњавете додека е на работа, стварно создава замор; 2-не му чепкајте по приватноста барајќи ја "другата", не секогаш и не кај секого има потреба од друга; 3-бидете фини и љубезни со него, секогаш. Некултурно и ниско е да предизвикувате кавги; 4-ако машко ве навреди, прв, само еднаш, ОСТАВЕТЕ го уште истиот момент, овој совет ви го давам од срце, како ваш најголем пријател. Наоколу има илјадници дечки кои никад не би ве навредиле.
Здраво. Имам едно прашање. Како да му предложам да се видиме ама да не биде премногу нападно, некоја идеја што би можеле да правиме заедно? И како воопшто да ја почнам темата за излегување?
Муабет-муабет-муабет на телефон, или онлајн, или во живо.. Зависи како си комуницирате.. И прашање: А да го продолжиме муабетов на кафе некој ден? Сакаш?
Да си прашам..кога некое машко ви пишува скоро секој ден, но никако да ве покани да излезете заедно дали е тоа само на пријателска база или можеби сака нешто повеќе?
Дали машките сакаат девојки кои не се шминкаат т.е. ретко се шминкаат? Јас многу ретко користам шминка, да не речам ама ептен за некоја свадба кога идам тогаш, знам дека треба да го променам тоа, но сепак ме интересира мислење
Се дружиме речиси една година и за тоа време пишувавме така поретко, но отприлика некаде околу 2 месеци почнавме речиси секој ден да се допишуваме..
Јас сум жена која се шминкала, а сега не се шминкам... освен за свадби.. еднаш годишно.. ко тебе Од искуство... не зависи од шминката (имала/немала), ама ич
Животна желба ми е (..ми беше...) да го поминам животот со некоја што многу ретко ќе се шминка. Да, точно е. Не сакаме многу шминкани девојки.
Никој “не сака” шминкани, а 90% се залетуваат по оние со уста нацртана до в нос, бронзер портокал боја и веѓи крем банани. Додуша, во право сте. Нејќете шминкани, сакате фасадирани.