1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Бев на роденденот...ии супер си поминав..стварно беше мн убаво сум се изнаиграла како н икогаш до сега...а “другарка ми“ цело време под око ме гледаше..дека ке застанам јас и таа по мене одма немој јас нешто ке им направам... :lol:
     
    На Vodolija89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mimilicious

    mimilicious Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo i jas da se aktiviram malku na femina :) Ajdekazi mi ti kako masko, sto sakas da poseduva edna devojka za da ti stane zenska? Ama vo realni granici, da ne preteruvame, da ne mi ja opises Adrijana Lima :D Tnx
     
  3. bitniko

    bitniko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    сигурна со тој што си била те повредил на сите овие начини што си ги напишала и мислам дека што и да искоментирам на овај твој коментар погрешно ке биде сфатен и дека секогаш е некој крив. Зашто не почниш обратно да ги гледаш работите и малку повеќе да бидеш позитивна а не толку негативна настроена. Сфати го како совет ова а не како одбрана спрема машкиот пол, никој не е цвеќе за мирисање како ние така и вие. Како што ти реков значи ај тргни една од самата себе и пробај да си најдиш одговор на сите тие да речам на некој начин прашања и причини какви се машките, па да видиш зошто то ти се дешава, па ке кажиш.

    Поз
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    191
    Како прво, добредојде на форумов! :) Секој си има свој различен вкус и “критериуми“ за да една девојка биде во друштво на едно машко.
    А ако мене лично ме прашуваш би ти одговорил дека ми се допаѓаат девојки кои пред се се однесуваат како девојки т.е. имаа манири кои навистина доликуваат за спротивниот пол (затоа што има и такви кои нависитна не доликуваат на женско со своето однесување), искрени(колку и да е не прифатлива било која ситуација, ако е исрено кажано, би знаел да го прифатам тоа), потоа комуникативни, либерални(слободоумни), позитивни и расположени(да не испадне за секое нешто да и ги “вадам“ зборовите од уста :D ). Тоа е на кратко за особинитие поврзани со карактерот.
    Што се однесува за визуелниот изглед, ми се допаѓаат малку повисоките девојки(до кај 175цм), а за тоа дали се работи за црнка, плава или пак бринета, или пак дали има сини, зелени или пак кафени очи тоа за мене е најмалку важно затоа што не е воопшто пресудно. Ако се е добро “искомпонирано“ т.е. да биде така прилично убавка xD без разлика за која комбинација се работи и ако (што се вели) ми “падне“ на око на прв поглед, не гледам прична зошто не би бил со неа ;) :D .
    Ок, се разбра секој си има своја идеална и совршена комбинација за тоа како би требало да изгледа личноста од спротивниот пол, но затоа што ништо не е совршено подобро и да не ја кажувам мојата замисла затоа што ќе си бидат конкуренција со Адријана Лима :rofl: :D
     
  5. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    да дааааааааа и мене многу ме интересира ова :^)
     
  6. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    и јас сум 100% сигурна дека зајко е девојчеее :P
     
  7. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    ма дали е машко или не не ме интересира само ми треба некој да ми ја објасни ситуацијата во која се наоѓам и мала помош што да правам.

    значи толку сум исфрустрирана од машките во последно време, не можам да објаснам. Ајде како машко кое најочигледно сака ни помогне да видам што ќе кажеш на ова?
    Со де4ко сум веќе година ипол и за тоа време не успеав да го издефинирам каков човек е зашто е претерано тешко...Незнам која тактика му е таа оддеднаш да се изгуби да не можам да го добијам со недели и после тоа се враќа нормално како да не било ништо. Двапати му имам простено али при крај сум со живците. Да имаше некоја причина за да прави така ајде ќе го разберам да се караме и сл. Ама работите се одлични и што е најинтересно кога ќе го прашам него зашто прави така се прави наудрен како тоа да е нормална работа т.е он не прави ништоо :@ :@ :@ :devil: :devil: :devil: :devil:
    ајде од твоја гледна точка да видам што е работа...
     
  8. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Драг Зајко ,
    Потребен ми е совет ќе се потрудам на кратко а јасно да ја објаснам ситуацијата,воедно немаше да те прашувам тебе но откако се случува ова почнав дури по сајтови за хороскопи машко женски односи да барам некои статии и сл :D Проблемот е што постои еден дечко кој мн се интересираше за мене уште поодамна,но јас бев засегната со друг мојот сега веќе бивши ,знаев дека е заинтересиран дечково па неколку пати кога бев разочарана од бившиот, знаев да излезам со дечково на кафе да помуабетиме.Неколку пати го повредив бидејќи секогаш се враќав на бившиот и го користев како рамо за плачење но...Веќе подолг период во глава ми е само тој,мислам дека злоупотребував што знаев дека му се допаѓам и мислев дека секогаш ќе е тука...Отворено му кажав откако расчистив со себе и се останато дека би била со него дека сум за нешто посериозно со него но мн задоцнив изгледа...Тој на културен начин ме одби вели дека не му е до врска дека мн нешта му поминале тоест чувствата за мене изгледа,но како да не ја зборува встината се познава дека не е рамнодушен на мене...Јас голтнав гордоста и ок,така заслужив но ете сега сакам да ми одговориш од твоја перспектива дали имам шанса да бидам со него некако да го омекнам...Знам дека е мн тешко ,но ете што значи кога дечко на девојка ќе и ги изусти тие нејолку реченици дека не е за врска и не е да се впушта во нешто сериозно....А сепак знам гјабе пшувам овде :) :( не сакам да се понижувам и да му досаѓам но што ја знам егото ме боли :) совет?поздрав
     
  9. Loly5

    Loly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    Е стварно веќе преку се од вакви постови!
    Ете некој ќе отвори тема без разлика дали лаже за идентитетот или не, во глобала им се допаѓа на членовите и се некои негативци ќе се најдат бе... да се зафатат за тоа дали 100% било нешто што е најмалку релевантно или не!
    Мислам 100%.... :^) :^) :^) сигурно??? ццццц... :D
    Ај не си фрлајте сол во очи и не пишувајте коментари ве молам од тип "ај да ги просветлам и другиве оти не знаат", па на крај и кој е искрен тука за својот идентитет??? Има некој со лична карта или извод од матично поставено за да се уверуваме???
    Дај не пишувајте непотребни коментари бе аман... Ако не вредеше темава немаше никој да поставува прашања и одговори!

    Може постот ми е офтопик ама ова "100%" стварно ме револтираше зошто секој нормален ќе види дека нема теорија да има 100% сигурност за било која работа, а камо ли за некој што не го ни познаваш.

    Патем, ја поддржувам темава и познавам многу машки персони што размислуваат на ваков начин како зајко, не мора да биде женско за да размислува некој како човек, а и да е - не е за тоа темава!
     
  10. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    132

    Леле жити се олади.....
    Ти адвокатот на зајко му си? Гледаш дека лично јас си се иам разбрано со детето не туку се притресувај аман......и гледаш дека е шала од моја страна а ти тука со висок притисок ми постираш колку си изреволтирана?
    Ако сакаш да се изреволтираш оди во категорија Врски и тема врска со женет човек и прочитај ги постовита на Госпожа Билјана па таму истуши се или имаш тема активна - испукај се па оди таму на релакс кажи што ти тежи и ке си таман.
    Извинете за офф топик ама сега средено е тоа што се навраќаш на мене.....?
    Што и да е, барем човек е, разумен и паметен.....и не е провокатор..како многу тука.
    Ок?
     
  11. Loly5

    Loly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    AppoloN човеку, ај уште еднаш прочитај што ме револтира па коментирај, важи? Имам убаво се напишано погоре, наврати се малку... Висок притисок... не бе не се секирај ти за мене, не е со висок притисок, мене повеќе твоето мислење ми личи на такво ... и дај не мешај и други теми ... мислам, очигледен си сакаш да обвиниш некој со цел да се оправдаш од нешто така? А јас не те ни обвинив тебе нити пак те спомнав??? И што е сега... ми викаш олади се ... за мое мислење да оладам :^) или ти треба да оладиш ако си се препознал во мој пост, а?

    Дај ако не знаш да читаш и да разбираш на која реченица за што и е намената ... те молам не ни пишувај!
    Е така ;) :D
     
  12. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Не сум Зајко :) ама да дадам мислење бидејќи сум се нашла во слична ситуација, а Зајко кога ќе види ќе ти одговори и тој :) . Мислам дека треба да продолжиш да излегуваш со него, без никакви притисоци за врска или за било што едноставно таа тема да не ја спомнуваш и остави да помине некое време. Ако тој навистина чуствувал нешто за тебе во таа дружба тие чуства ќе му се вратат и моментот да бидне нешто меѓу вас сам ќе си дојде. Ти биди природна и опуштена иста онаква како што тој те запознал и си му се присвиѓала, значи укоченост никако ;) . А таа реченица што ја кажал јас ја толкувам на овој начин. Ти сега си раскинала со дечкото и веднаш го прашуваш другиот да започнете врска, може он размислува дека ти бараш утеха во него бидејќи како што кажа самата претходно ти бил рамо за плачење и несака веднаш да избрзува или можеби бидејќи поминало некое време ти си имала дечко може он запознал некоја па сеа таа му се врти во глава иако јас мислам дека е првата причина затоа што кажа дека тој сепак не е рамнодушен спрема тебе но може се плаши да не го повредиш. Затоа биди стрплива немој да избрзуваш со некои реакции и постапки, остај нека помине одредено време дружете си се и уживајте па ако има некоја хемија меѓу вас се ќе си дојде само од себе. И да не заборавам не го спомнувај бившиот пред него никако!!!
    Позз и ти посакувам многу среќа :*
     
    На TheBunny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    132

    No problemo.......... :up:
    Мир......аман ок, добро.....уживај....се извинувам.
    Ок?
     
  14. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    132


    :D Смирени? :D
     
  15. Loly5

    Loly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    Смирени ;) :D
     
    На AppoloN му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    [quote="beautiful87"
    Не сум Зајко :) ама да дадам мислење бидејќи сум се нашла во слична ситуација, а Зајко кога ќе види ќе ти одговори и тој :) . Мислам дека треба да продолжиш да излегуваш со него, без никакви притисоци за врска или за било што едноставно таа тема да не ја спомнуваш и остави да помине некое време. Ако тој навистина чуствувал нешто за тебе во таа дружба тие чуства ќе му се вратат и моментот да бидне нешто меѓу вас сам ќе си дојде. Ти биди природна и опуштена иста онаква како што тој те запознал и си му се присвиѓала, значи укоченост никако ;) . А таа реченица што ја кажал јас ја толкувам на овој начин. Ти сега си раскинала со дечкото и веднаш го прашуваш другиот да започнете врска, може он размислува дека ти бараш утеха во него бидејќи како што кажа самата претходно ти бил рамо за плачење и несака веднаш да избрзува или можеби бидејќи поминало некое време ти си имала дечко може он запознал некоја па сеа таа му се врти во глава иако јас мислам дека е првата причина затоа што кажа дека тој сепак не е рамнодушен спрема тебе но може се плаши да не го повредиш. Затоа биди стрплива немој да избрзуваш со некои реакции и постапки, остај нека помине одредено време дружете си се и уживајте па ако има некоја хемија меѓу вас се ќе си дојде само од себе. И да не заборавам не го спомнувај бившиот пред него никако!!!

    fala beautiful :) на советот,баш ми влеваш надеж само незнам како ќе го изведам гледањето понатаму пошто му се изјаснив дека несакам да се гледам без обврски тоа навистина ми е некако без врска ...ајде ќе видиме и зајко што ќе каже :) фала мн :)
     
  17. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    абе Зајко, гледам дека пак имаш многу прашања, но ај кога ќе имаш време ќе ми одговориш и мене :tmi:
    во врска сум 4 год, добро знаеш како оди тоа, убави работи, па расправии, молење, галење, нервози... |( ме сака-го сакам, но проблемот е во тоа што сега знам сее, што ќе прави, како ќе реагира, што ќе зборува, што ќе прави, и ме нервира ова. сакам да е како во почетокот, на секое излегување-нешто ново, во секој разговор-учев нешто ново за него, нешто што не го знаев. но сега се ми е некако ко дежа ву. и да, сме разговарале на оваа тема, сме пробувале да најдеме нови занимации, пак истото, па и со тоа мое глупаво претчувство :@ сори за агресивитетот но нервозна сум :| сме раскинале неколку пати, но тогаш полошо ни е, не можеме еден без друг :?:
    што би направил ти, или кој бил друг машко овде, каков совет би ни дале?? јас имам проблем но треба и тој да направи нешто за тоа нели?? :wasntme:
    позз :hai:
     
  18. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    191
    Еве ме повторно со размислувања за сите оние на кои им беше потребно тоа.

    maleckaa на твоето прашање веќе одговорив во претходните мислења но за секој случај ако не можеш да го пронајдеш одговорот еве го повторно: тоа е проклетство за секое машко. Значи секој е свесен што има покрај себе но знаеш како викаат, забранетото овошје е секогаш послатко па така и ова... Не е дека не сте му доволни и дека не му се допаѓате... проблемот е тоа што секое машко кога ќе здогледа убава девојка не може да одолее на предизвикот. Нешто како да е посилно од него и едноставно “треба“(но не е пожелно затоа што испаѓа дека не ве цени вас) да го направи тоа. Јас би рекол дека повеќе е тоа од навика... истото го правиме во безброј пати кога сме сами или во машко друштво, и едноставно се заборава (барем на момент) дека се со вас. Разберете го тоа како дневна доза на секое машко и не се оптеретувајте се додека гледа(а не прави нешто друго со други девојки) а искрено не би знаел како да го промените тоа. И како мало надополнување би кажал: ако личноста со која сте и го укажете тоа дека е невкусно од негова страрна и ако навистина ве цени ВАС барем на картко ќе се воздржи и нема да го прави тоа.

    И друго многу важно, ако сеуште има такви девојки кои се сомневаат во мојот идентитет на форумов би им дал еден предлог а останатото е на вас да одлучите дали ќе прифатите ;) . Ако толку се сомневате слободно пишете ми во делот лични пораки па ќе се обидам некако да ве демантирам, дали со кафе-муабет или некоја друга солуција, оставам на вас :) :*

    zenska година ипол заедно и не е баш така краток период така што целава оваа ситуација мене искрено ми наликува на несериознст од негова страна во врската. Како би го објаснил ова(неговото целосно губење и ладнокрвност по сето тоа).... првенствено би рекол дека можно е да испитува “терен“ до кај би можеле да идат границите во врската, или пак колкава е твојата трпеливост... дали си доволно приврзана кон него и дали се би сторила за да бидеш во контакт со него за да знаеш каде е и со кого... мислам дека се работи за личност која ја сака слободата во врската т.е. да не постојат љубоморни испади од двете страни за секоја една ситница и да посотојат детални објаснувања за секоја постапка. Штом се прави како да не било ништо,(како што велиш ти)на ништо друго не ми преудицира освен на ментална игра(кога велам ментална мислам до каде би иделе вашите чувства т.е. трпеливост). Би ти посоветувал отворено да разговарате и да му укажеш дека нависитна тој е нешто во твојот живот и дека сакаш повеќе време да поминуваш со него без при тоа да има такви испади на целосно губење затоа како што забележав тоа преставува голема грижа за тебе. Ова е мое размислување но не мора да значи дека тоа е така баш како што кажав. Среќно и се надевам дека нема понатаму да имате проблеми

    beatris морам да кажам дека ја поддржувам beautiful87 за нејзиното размислување затоа што во потполност се согласувам со неа. Се ти има убаво објаснето. Само би се надоврзал... затоа што во оваа ситуација очигледно дека е и неговото машко его повредено, тој преминал(условно речено) на гордоста за да се заштити самиот себе до негде за понатаму да нема вакви слични ситуации. Нормално е по некое време да помине се и да се заборави тоа што било. Мислам дека е потребно да му дадеш малку време и простор за да се преиспита самиот себе на што е и дали понатаму сака нешто повеќе да има со тебе. Воедно за целиот тој период од време на време пак биди во контакт(ама во умерена граница) колку да му укажеш индиректно дека и тебе не ти е сеедно што се е така како што кажа. Со тек на време би требало да биде помек малку и да те прифати... кога ќе го забележиш тоа биди таа што ќе направи чекор (ама не толку директен) и обиди се почесто да бидете заедно односно да се дружите. Така повторно би се вратиле неговите стари емоции спрема тебе. Само не заборавај... секогаш биди тоа што од секогаш си била т.е. како што тој те запознал. Со среќа

    Loly5 драга не се нервирај, те молам. ;) Кој што сака нека мисли, нивна работа, либерален Свет. А за тие што се сомневаа веќе напишав погоре нешто за нив, па ако има некое “проблемче“ нека се обратат кај мене. BTW ти благодарам за безрезервната поддршка, многу ми значи :*

    bona конечно дојде и твојот ред за прашање и мислење. Искрено да ти кажам не знам се како оди тоа но знам дека ќе се обидам да ти одговорам.
    Многу е нормално да се дојде до тој степен во една врска затоа што 4годишниот период ни најмалку не е краток. Се што кажа е доказ дека веќе и премногу добро се познавате и само би ти потенцирал да бидеш задоволна затоа што очигледно дека имате обострано разбирање во врската(што за жал некои и не можат да се пофалат со тоа во својата врска). А ако веќе јас би се нашол во ваква ситуација(ова разбери го како предлог за надминување на твојата состојба) сигурно дека нема да дозволам се туку така да остане. Најверојатно би пробал малку да импровизирам како на пример со “повторно запознавање“(мало глумење како претходно воопшто да не се познаваме :) ), чекање на старо место во старо време колку за почеток да се разбие монотонија. Па потоа најверојатно, ако ништо друго би отпатувал на еден викенд на планина(без контакт со останатиот свет) колку да се промени нешто и да видам дали кога ќе бидеме заедно на површина ќе искочат и некои останати карактеристики кои претходно не сум ги знаел и слично. Искрено ништо повеќе не ми доаѓа на памет во моментов како да се преброди сето ова... баш и ќе се обидам повеќе да подразмислам, па ако ми дојде некоја идеја ќе ти ја пратам.

    Тоа се од мене сега за сега... и дајте луѓе некој нека каже дали му помогнале советиве/размислувањата, колку за информација... да не испадне дека Зајко цело време врти празна слама а воедно и нема никакви резултати. :D
     
  19. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    thnx зајко, ќе пробаме уште еднаш со такви занимации, ќе се потрудиме повеќе овој пат :?:
    туку јас не се фалам за тие работи, туку ги МРАЗАМ :headbang:
     
  20. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    а проблеми ке има зашто го отерав у п.м Не сакам да се замарам зашто сум сигурна дека по некое време пак ќе ми го направи истото. Вака барем имам време да го заборавам и во глава само ми се мотаат работите што ми ги кажуваше како во смисол " јас и ти имавме статус на врска? НЕ". Значи он не сакаше да имаме официјална врска и покрај фактот што бевме заедно година ипол...И јас + да се нервирам неееееееееееее

    иначе фала на помошта што ја пиша, се гледа дека стварно разбираш врски
    позз