Неќеме шминкани. Јас да имам девојка која не се шминка, илјада шминкани да ми се пуштаат би ги глеал со евтин поглед како нивните обиди да заведат машко и би ги игнорирал. Побогу, никој неќе да се гушка со боја. Верувај ми.
Браво за тебе. Пишав горе, 90%...шо значи има исклучоци. Ама да не се лажеме, читаат и мали девојчиња, тинејџерки. Убаво е да ја читаат реалноста, да не се разочараат.
Saka, ali ne znae kako. Ti slobodno prasaj go zosto ti pisuva postojano, dali si mu interesna ili pak cuvstvuva nesto kon tebe.
Сакам да поклонам нешто на дечко кој што ми се допаѓа,но притоа да не знае дека е од мене затоа што сме големо друштво и му приредуваме изненадување собираме пари за заеднички поклон па сакам да замаскирам да си мисли дека е тоа од сите нас но некако се двоумам бидејќи дечкото јасно ми даде до знаење дека несака да ми дава лажна надеж и дека не сакал да се обврзува,но бидејќи поминува низ тежок период во семејството родител му е тежок болен па би сакала да се израдува, тоа ќе ми е доволно но се плашам да не направам будала од самата себе си зошто знам дека ништо не останува скриено и кога тогаш ќе дознае.Секое мислење ќе ми значи.
И што ако дознае? Мал гест на внимание не е лошо. Сепак зависи што сакаш да подариш, штом го поврзуваш поклонот со тоа дека не сака да сте заедно и како тој ќе го сфати тоа. Ако го израдува, реализирај го планот.
Поклонот е дуксер, веќе го купив но како се ближи времето страв ме фаќа дека само ниско ќе паднам со тој гест незнам зошто. :/
Зошто? Заедно со заедничкиот поклон дајте му го. Јас и сама би му го дала ако знам дека ќе го израдува. Пријатели тоа го прават, не знам зошто мислиш дека лошо ќе те сфати.
Здраво, ме интересира какви девојки сакаат машките,зборувам за физички изглед? Се надевам ќе добијам одговор од повеќе машки, сепак секој различен вкус има ама во глобала опишете какви девојки ви се допаѓаат ?
Шминката е твој избор. Не треба да менуваш ништо. Со шминка или без, тој што е заинтересиран за тебе ќе ја препознае твојата вредност.
Мене на пример ми се допаѓаат девојки со правилни црти на лицето,со нежни лица,бејби фејс ама тоа не значи дека не ми се допаѓаат и оние погруби лица се додека имаат барем еден привлечен детал,на пример убави очи...Или на пример не сакам девојки со шпакла нос со него бурек да сечеш ама да речеме ако девојката има убави очи тогаш го толерирам и таквиот нос или ме обзема таква фантазија да речеме одма да ја етикетирам како некоја само за секс и тоа е мошне плиткоумно од моја страна ама првата мисла ми е таа,а ако размислам и видам некој друг квалитет кај неа,харизма, нема да ја сметам како сексуален предмет ама ти не прашуваш за душевни квалитети туку само за надворешен изглед.Понатаму ми се допаѓаат облини,истакнат задник,бујни гради,полни усни,прќасто носе,некои детаљи како носење на големи менѓуши,лакирани прстиња,се она што ја прави жената поженствена и попосакувана ама сето ова е само бонус...не можеш се да пронајдеш кај една личност...
Хахаха далеку сум јас од 15 години и не сум баш многу во депресија ама ете онака ме заинтересира едноставно, да видам што тоа не е привлечно кај мене....
И немора одма со напади, едноставно само си прашав јас ако не ви чини не одговарајте воопшто, а ако имате за цел да одговорите точно на прашањето тогаш одговорете. И форумите веќе не се тоа што беа..
Многу сте при крај срце, сакате секој да ви одговори тоа што вие сакате да чуете. Не беше напад тоа, членката убаво ти посочи дека премногу генерализираш со прашањето. И никој нема да ти даде општ апсолутен одговор на такво прашање, секој ќе ти одговори индивидуално, а тебе тоа не ти треба, така?
Ако така сакаш да се градиш, совршената ТИ за брзо време ќе видиш дека не чини за тебе. Ти си за себе привлечна и дај му на времето време да пронајдеш некој кој ќе го види привлечното во тебе.