Не те 'нападнав'... Ме интересираше зошто прашуваш, ама кажа со погорново ... Оти мислиш дека не им си привлечна?
Па моето досегашно искуство ми покажа така. Затоа и сметам до некаде така , ама како што кажавте секој има различен вкус ама ако нешто е убаво неможи на некој да му биди грдо нели ?
Кое ти е искуството? Не си имала дечко? Никој не ти се удварал? Ти си се удварала некому и те одбил? Ти рекол ли некој дека не си привлечна?
Сум имала дечко, многу слабо ми се удварале во живо, јас не сум се удварала ама со еден што сум излегла, се додека пишевме на социјалните мрежи беше ок ама откако излеговме ми кажа дека само душевно му сум се допаѓала а физички не , а стварно незнам зошто можеби дека во живо му се видов многу висока стварно незнам и тоа ќе ми остани неодговорено прашање...
Имало уште еден му се допаднав едниот ден во живо ко бев повеќе дотерана а после тоа по неколку дена кога не се дотерав многу и не му се допаднав тогаш
Девојко ти немаш никаков проблем во животот, тебе ти фали самодоверба, па ако некел тој ќе сака друг или што викаат секое гезве ќе си го најде своето капаче. Типот шо ти го кажал тоа добро направил со тоа што ти кажал дека не си му привлечна и да те искористи само за една вечер, значи секоа чест за него, а тоа што ти си го земаш тоа за неуспех или навреда е грешка од твоја страна.
Па што ако остареш? Старите немаат право да се сакаат и водат љубов. Па на стари години уште поубаво е, кажи и @baba Rada Дај бре отерајте тоа црните мисли, лудост-младост ве фатила да ве тресе
Леле, леле, леле.. Се изнаприкажа како да бираш торта во слаткарница. Со овие предиспозиции што ги бараш кај женско ти сигурно мора да си олицетворение на богот Аполон.. Дајте малце со овие критериуми, ќе си останите сами за на век и само им набивате комплелси на девојките. Како беше она, кога бираш партнерка бирај спрема себеси а не спрема Дејвид Бекам
Дете дете .... Јас имав проблеми со акни цел живот, бев самоуверена и сигурна во себе, иако имаше реален видлив проблем, тоа никогаш не ме натера да помислам дека ќе останам сама.... Имав моменти кога не сакав да излезам со мајка ми не па со некое момче .... ноо со тек на време се повлекуваа....и не ми претставуваа проблем, си уживав во животот како ништо да немам,и така си го најдов капачето мое не очајувај, и ќе бираш и ќе те бираат уживај си во младоста inlove:
Ти си имала проблем со нешто што е минливо и откако ти поминало повеќе си се снајдела и си ја најде твојата сродна душа, а јас имам проблем со нешто што нема да се смени никогаш да така да не е баш исто...како и да е фала ви на одвоеното време и совет..
Уште ги имам тек тук излегуваат, дека сум бремена сега немам после ќе видиме уживај девојче се ќе се среди малку позитива и се ќе биде во ред
Никогаш не вели никогаш! Јас како дете, многу се срамев од моето име, пошто никој немаше, а исто така имав многу пеги на лицето и бев така шарен што мислев дека никој никогаш нема да ме сака. Имав личност што токму поради тоа ме засака пошто делував уникатен за неа со пегите, ме викаше на име + далматинче.
Здраво , машки што ќе кажете на ова . Се допишувам подолго време со една личност , муабети ме разговор на општ нешто глупи ствари . Но тој е во врска ваљда подолго време , но на инста со нејзе нема нити една слика . Секојпат кога ќе ставам стори ми пишува и онака , буквално почна секој си ден да ми пишува . И еве скоро 2 месеци така но ниту еднаш не ми пиша за да излезе ме . Но јас онака ради реда му пишувам да не биде сега се дека сум нешшо ,, . Мислење дали нешто би сакал да излезе со мене или онака ми пишува ?? Ми вика дека сум била интересна личност и дека до сега не сретнал личност како мене да се разбирало во спорт и др работи некои