Тоа е многу лошо кога ќе ти скрши доверба. Остави некое време и види колку те цени и колку си му важна. Да си паметна и убо да му одржиш лекција вака ќе му речиш. Да си смени пасворд затоа што тоа не е гаранција дека некош пак ќе му е досадно о нема да пишува со други.
Кога се карвме пред него се исклучив од секаде и му реков одма да си смени пас, ама нејкеше, сега не пишува на никоја ама некогаш гледам дека отварал бивши,не знам што да мислам од другарки не барам совет затоа што за се нешто што ке им кажам како совет применуваат раскинување сепак не гледам решение во тоа
Најубав совет, ако се сакате: избришете ги профилите од фејсбук и инстаграм. Ќе имате мир ... верувај ми
Би пишала но ситуацијата воопшто не е дојдена до тоа. Го приметив на инста дека е активен а мене ни едно здраво не може да ми пише. Најверојатно нема ништо да ми пише веќе, а јас уште помалце планирам така да . Ќе се најде друг . Ви благодарам на сите за одговорите. Edit: Е вака многу се брукам...само што пиша
Да бе, и нека се изолираат од светот, да немаат другари и другарки и да не запизнаваат нови личности. Шо ќе им се кога се сакаат...доволни се само тие двајца.
Дали мислиш дека е одличен начин да запознаваш нови личности преку фејсбук ? Ако се созреани луѓе, ќе запознаваат на други социјални - нормални начини, не преку фејсбук.
@Hellobeautiful Ајдее, за убаво нека е Ете, денот сепак се заврши супер @Xhenia5* Прво пишал на рандом девојки, не некои кои ги познава- во тие случаи причината е well known, па сега бивши барал. Нека плаче колку сака, ама "досадата", нека не ја користи како изговор. Ако му е досадно, нема ли социјален живот, другари, хоби и сл? Ако му било досадно од љубовен агол, па не ли си му ти девојка? Што не ти пишел тебе? Или плачел што си го фатила на дело, бидејќи си мисли дека ти си му сигурна опција, а ова другото не? Тоа што му ги имаш лозинките од социјалните мрежи нека не те заслепува, штом дошла работата до проверка и губење на довербата, размисли сериозно што сакаш ти, што заслужуваш и дали истото го имаш од својот партнер
Прво, коментарот е кажан иринично. Второ, не само на фб, никако да не запознаваат мислев. Трето, ако дечките на кои се однесува имаат повеќе од 16-17 год, еве на... Кај созреани личности такви дешавки нема.
Во последно време му викам што сакаш прај не ми е гајле, демек се навредува и вика дека го повредувало тоа што не ми било гајле за него.
Па ми е, само гледам да најдам некој начин да не бидам “вештерката” во врската хаха, да видам како ќе реагира
Ne igrajte na roa "sto ako" ili kakk ke reagira. Razgovarajte direktnk i iskreno, uzivajtw vo vrskata a ne da se igra igri i da ispagja koj popameten i sl. Kazi mu so ne ti odgovara i neka te pocituva, pa i ti nego. Epten e lesno ama denesno vreme iskrenosta i direktnosta ne se ceni mn i ne e interesna po moe mislwnje.
Во врска со социјалните мрежи. Колку ви се важни фотографиите од една девојка? Дали ви е во ред да има фотографија, две, каде што е таа или подобро да има повеќе сочни фотографии? Колку ви се важни социјалните мрежи за да добиете слика за одредена личност?
@Girl-love Не сум машко, но мене ме интересира зошто ги поставуваш прашањата? Како и дали одговорите би ти биле пресудни во изборот на поставување слики во иднина и зошто?
Мене не ми биле душо пресудни. Разговарав со еден братучед и беше во дилема која би ја избрал за женска,едната беше скромна со свои слики ,2-3 ако имаше, а другата беше тотална спротивна, 1001 фотка, со напрчени усни, кратки сукњи,миничи. Не знаев како да го насочам. Познавајќи ги му сугерирав на таа првата, според мене е типка за него, бидејќи и тој е таков тип. А,тој запнал по таа втората, колку била таа убава на сликите и згодна, а карактерно 0. Муабетот ми е ,која им е таа психологија да бираат по слики на фб?
@GirlLove Мажите се перцептивни суштества. На добар дел од нив социјалните мрежи им служат како каталог, а сигурно не за еманципирано поврзување со девојките Од друга страна, за жал, ги имаме и девојките кои објавуваат сочни фотографии, како што ги нарече, и ни помалку ни повеќе, туку баш за тронка внимание што би го добиле од единките како твојот братучед Секако, има и девојки кои зрачат со сексипил,а воедно и интелигенција и си објавуваат што сакаат, бидејќи they are just being themselves Од него каков одговор доби?
Тој,, сепак би ја избрал втората, токму поради тоа што имала многу убави фотки на фб, од секаде каде што излегува и шета, а другата била неатрактивна бидејќи немала толку слики, па и наверојатно била 'закочена'. И никогаш никое машко немало да сака да излези со неа токму поради тоа што немала многу слики и активности. Немав што да му искоментирам . Навистина ....