Сега вака, да ви кажам нешто со што би можеле да ми помогнете, со каков совет за следново што ќе ви го кажам дека многу ми е важно.. Јас останав без другарки откако се " заљубив" во некого во кого јас лажно верував и се упропасти кога испадна сосема спротивното од тоа што си замислував и што верував дека ќе е. Арно ама" другарките "( се што е означено со наводници значи е нешто што е лажно кај мене фејк, fake love, fake friends ) се тие донекаде што успеаа во расипување на односот што го имав со него, ама тој уште повеќе ме изгоре го направи тој баш тоа што не го очекував и што не се надевам повеќе на заљубување а тој беше првиот во кого решив да се заљубам дека стварно на почетокот даваше такви знаци, таков беше како да е веќе мој и све на зборови беше океј, веќе како да се венчавме на зборови, ама сѐ пропадна и сега решив да не сакам никого. Дали е исправно според вас да го задржам да дадам сѐ од себе или да оставам сѐ зад себе и да кулирам без дечко , без такви работи, глупости , срања, само површински да ги гледам работите доколку ми се свиѓа некој а не да навлегувам длабоко од корен да се заљубам , како во драмските серии? И уште една работа , дали вие мажите гледате кај женската да е одлична во оценките, за да се фатите со неа ? Значи, јас немам околу себе некој што би ме советувал посебно за тој што го сакав и незнам како е да си во јавна врска со оглед на тоа дека за некое време сум полнолетна , затоа од овде ќе барам совети и верувам дека би можеле да ми помогнете.
Како што прочитав одлично ти оди училиштето и скоро завршуваш, што значи веројатно и ќе продложуваш на факултет. Па, таму се запознаваат и создаваат многу пријателства, па можеби и личноста што ти одговара тебе. Инаку, сите без разлика на машко или девојче, сите сме биле повредени барем еднаш во животот во љубовта. Ако не си повреден, па нема ни да знаеш која е убавината на една врска, нели? Инаку таа романтична љубов, како во твојот случај веројатно на почеток на врска убавини сето, медо и млеко, ама ете подоцна испаднало нешто на некого да не му одговара дали некоја карактеристика или едноставно не биле толку силни чувствата колку што си мислела ти за него, или чувствувала. Исто така, премногу при срце си зела и си останала скршена... И доколку запознаеш некоја личност, не се плаши, не проектирај нешто што ти го направил тој врз новата личност и без брзање. Биди силна и со среќа..
Здраво на сите. Сакам да се исконсултирам со вас како поискусни од машка страна а и со девојки кој го имаат истиот проблем. 22 сум и сум имала 3 врски кои се биле кратки. Сакам да се забавувам и се сакам да правам што се одликува на една нормална девојка без никаква блудност и неморалност. Но кој и да дојде во мојот живот секој сака да ме искористи и да си отиде после без разлика на кој начин и да е.. кој си мисле на бивша, кој бил сигурен дека знае што сака а на крај излева дека мислел дека ке може ама сега видел дека не може итн.. јас знам дека постојат машки незрели во полни 20, ама 25, 28, 30... исто така и на социјалните мрежи кога ми пише некој едноставно нема некој да ти возврати со убаво, цел разговор се сведува кон секс, странство, пари.. јас знам дека парите се неопходни за живот и дека секој си има свои желби, но мажи возрасни незнаат како да пристапат кон една девојка. Мислам дека сите мажи знаат како да заведат, но не сакат, а причините ми се исто така непознати.. од сите до сеа што сум имала прилика да ги запознаам лично и што ги привлекувам никој не мисли на озбилна врска, а сепак се доволно возрасни да знаат што им треба во животот ..не наликувам на некоја која сака секс за една вечер. Од гардероба секогаш го преферирам елегантниот стил, тоа ми дава самодоверба. Разговорите ми се на место и никогаш не давам знаци на некоја што е само за авантура. Едноставно сакам човек што ке можам да му се препуштам цела и да бидам сигурна дека тој нема да ме остави, да живееме крејзи позитивен живот, да си споделуваме се да бидаме во врска а воедно и најдобри пријатели што ке делиме и добро и лошо засекогаш.. Ја сакам душата на човекот и сакам и тој да ја сака мојата, сакам работи кои не се купуваат, кои се за без пари.. го сакам она највредното, вистинската љубов.. ја барам насекаде но неможам се уште да ја најдам.. не зависат моите мисли од дечко.. но ете така понекогаш кога ке размислам подлабоко се запрашувам па добро до кога ке трае сето тоа.. дали има нормални луѓе кои знаат барем да разговарат нормално.. дали можеби има нешто кај мене што јас би требала да го променам..
Да има нешто што треба да го промениш. А тоа е да не се замараш. Друго не можеш ништо да промениш,кај себе,и кај останатите. Фурај животот е пред тебе
не е до тебе. Не знаат да заведат, не дека не сакаат. Посебно по социјалните мрежи. Изгубена неозбилна барга без амбиции. Тоа се. Едноставно, полекка, не избрзувај, некогаш ќе се појави некој што ќе се потруди и ќе те освои. Нема поента од трошење време на неамбициозни амеби.
тоа по социјалните мрежи се луѓе што ги познавам.. со непознати нормално неам никаква комуникација.. ете имав прилика на едно гости да запознаам еден моја генерација.. разговараше многу паметно онака зрело ми делуваше.. се договоривме да се видиме дојде дома кај мене, се ок не дојде празна рака донесе вино чоколадо од почит мене и на мајка ми бидејќи фамилијарно се запознавме.. дојде разговаравме општо немаше некои интимни теми и си отиде и никогаш повеке не се јави, барем за другар да ми биди.. по еден период другар му почна да ми се пушта (тогаш со другарот не се знаевме со тој се запознав спонтано не ни знаев дека му е другар) и тој зрело исто така убаво се испонаша ке одиме на кафе ке одиме на кафе само го снема никаков одговор.. пишат пишат силни и од еднаш крај
и тоа ме чуди кога ке ти го направи некој кој е од 30 години.. тоа ми е незамисливо.. ај незрел на 20 а ми на 30
@_Catherine_ Кетрин, убава, млада, здрава и права, тоа што било остави го зад себе. Лажни пријатели и партнер кој те изиграл и не те почитувал, не ти требаат. Избриши ги од животот. На праг си од најубавиот дел, факултет и нови различни познанства, нов лист ќе свртиш и нови убави спомени ќе изградиш Цени се, почитувај се и сакај се, се ќе си дојде на свое место @beauty.princess Не е до тебе, до нив е. Годините не се одлика на зрелост, а вообичаено мажите како стареат, се понезрели Мој совет ти е да се препуштиш на уживање, релаксирање, а некое време не се толку фокусирај на наоѓање партнер, биди спонтана и живеј си го животот Од 30 годишни телиња што уште дома мајка им им купува долна облека, run Незрели не ти требаат, зрелите се можеби помалку на број, но ги има
Не знам зошто те зачудила до толку ситуацијата. Едноставно не си му се допаднала на дечкото и затоа не ти се јавил после тоа. Сигурно и кај вас дома дошол од чиста куртоазија и почит кон твоите. Не верувам дека тоа го гледал на некој начин како дејт, но, ете и да речеме да го гледал така, едноставно сфатил дека не му ги исполнуваш неговите критериуми. И разбери, некогаш и недобивањето на одговор, е одговор. Ако веќе тоа го поистоветуваме со зрелост, тогаш, сигурен сум да земеме да споредуваме колку пати не сме добиле одговор, ние машките ќе бидеме во огромна позитивна разлика пред вас. Повеќето од нас веќе сме отрпнати на тоа некоја девојка да не ни одговори, да испари или пак да не е заинтересирана за нас. Вие, од друга страна, секогаш сте тие "ловените" и затоа оваква случка кога ќе бидете "одбиени" си ја земате при срце и правите overthinking. Животот е едноставно премногу краток за да придавате толку големо значење на такви ситуации и личности. After all, не можеме да му се допаднеме секому, а ни секој нам. Повеќе гледај на позитивните нешта што ти се случуваат во животот, сигурен сум дека во иднина ќе бидеш среќна и исполнета и на полето на љубовта.
Во право си те поддржувам во се.. ама тој ни другар нејке да ми биди хахахах.. нее ни важен само за пример го земав и онака и мене не ми се допаѓаше
@Billy Idol да си бидеме на чисто вие машките секогаш знаете да ги запоставите прекрасните девојки и да одите со некоја 5 пати по грозна од вас затоа што таа има пари.. знам дечко кој беше луд по мене и до ден денес е.. мене ме викаше дома а девојката што му е сега одма си ја покажа ама таа богата ко глушец е во главата ама нема врска многу пари има.. кога ќе излезат стојат како здрвани.. една вечер тој во мене гледа таа кога виде вратот му го врте како да е робот и еднаш другарка ми ги сретнала во кола ги видела вика се возат како да се пензионери се гледа вика преку 5км оти е на сила.. ама тој си е со неа ете не ја остава, а мене ме викаше дома.. и сега таа ситуација ке ја оправдаш ли ти.. инаку тој е 33
@Billy Idol Се согласувам со напишаното, но она недобивањето одговор, па ни макар и учтиво и директно одбивање, е одлика на голема незрелост, без разлика за кој род станува. Се согласувам дека убавина на сила не бидува и не може секому да му се допаднеме, ама крајно моронски е да завлекуваш некого, да го насанкуваш дека е обострано и на крај да испариш без збор. Сум доживеала, си доживеал, незрелоста е и кај едните и кај другите
Да така е ама жално е што и мажите се палат на пари.. тој треба да се грижи за неа а не она да го рани..
@beauty.princess, да се самоцитирам за ова пријател. "едноставно сфатил дека не му ги исполнуваш неговите критериуми", затоа и те препуштил на другар му. А за ова вториот дечко што се палел на пари... Зошто воопшто се оптеретуваш со такви ликови кога и самата знаеш дека не се за тебе? Иначе такви има од двата пола... Јас едноставно ги множам со 0 и не сакам да имам никаков контакт со нив. Наместо да го оговарате со другарка ти со каква глушка му била девојката и што правеле во животот, едноставно батали го и терај си по твојот пат. Ептен малограѓански се тие муабети да ви биде он дневна gossip шема. @Animali И јас се сложувам со тебе дека е доказ на незрелост, но не знам што очекуваш?! Едноставно кога некоја личност не е заинтересирана за тебе, не посветува доволно внимание за тоа каков впечаток ќе остави кај тебе пошто не и е гајле што мислиш за него. Луѓето се едноставно себични и си гледаат само за себе, сурово, ама јбг, така е во реалноста. А и не знаеме дали она го побарала после вечерата него... Само напиша дека он не ја побарал. Што требал да направи? Да и се јави и да и каже. Еј, фала ти што ме викна вчера ама јас не сум заинтересиран за тебе. Во реалноста, никогаш, ама НИКОГАШ нема да се случи овакво нешто. После дејт, кога машкото не е заинтересирано, едноставно нема да се јави. Пак ќе кажам, незрело, невкусно, сурово, но тоа е реалниот свет. А, и да си бидеме искрени, еве да се задржиме само на сајбер просторов. Верувам дека и тебе, како и мене ни се има случено едноставно да не одговориме на некоја порака на фејсбук, или пак после завршен разговор, никогаш да не пишеме повторно на таа особа.
@Billy Idol другарот тогаш не го ни запознав јас.. тој спонтано упадна скоро.. а дечкото и глувчето девојка и они се оддамна, само сега ги вметнав во темата .. нови примери нема.. од старите