@Billy Idol да ти потенцирам дејт нема, не е ни било.. дејт само со дечковците што ми беа.. и тоа се знаеше дека одиш на дејт, а со некој кој не ти дава никаква надеж неможеш да планираш дејт, па и кога дома ти иде ни едно кафе не му се плаќе треба да знаеш колку е часот... животината и од другарство избега..
@Billy Idol Јас лично за мене ќе си кажам, ако немало обострани искри уште на прв впечаток, секогаш и двете страни сме биле доволно зрели, па муабетот ни завршувал најфино и свесно дека нема да има понатаму допишување. За оние кои директно и отворено укажувале претерана заинтересираност, а јас не сум била, барем јас веднаш сум ставала точка и сум ставала до знаење на најкултурен начин дека нема да има такво нешто. Јас зборував за оние ситуации, кога е обострано, или барем така влечат за нос, кога ете пр. три месеци ќе биде топ, ќе ти симнува ѕвезди, а следниот ден комплетно си на игнор, без објаснување. Мислам, чему то? Човечки е да ти се промени мислењето и да испарат чувствата, но моронски е со игнор да се справиш со ситуацијата, what are we, twelve?
Некогаш, некои личности не го сфаќаат тој културен начин како акт на одбивање и треба да се биде и помалку дрзок и директен за да разберат. Ова, посебно го зборам од искуство што ми кажувале другарки. Од друга страна, женските лесно разбираат кога индиректно ќе им ставиш до знаење дека не си заинтересиран за нив. Што за мене, како машко, ми е огромна олеснителна околност. Вие мора со секакви бараби да си имате работа. Јас, ќе си кажам искрено за мене, дека ми се случило неколку пати после едно или две подолги допишувања, едноставно да сфатам дека не сум заинтересиран за таа особа, или пак едноставно, од сплет на околности нема да и пишам повеќе што може овака тој крај без closure ќе звучи незрел, но доколку другата страна ми пишела мене, сум ставал до знаење (индиректно фала богу) дека не сум заинтересиран за разговор на најфин и најкултурен начин што можам. Или пак, дека сум, а сум чекал да видам дали и она ќе се реши да ме побара. За такви ситуации кога трае нешто по неколку месеци, редовно допишување, слушање, или пак дури и гледање и исчезнување преку ноќ е крајно моронски, не човечки и одлика на личност од предшкосла возраст. Тоа, ниту ми се случило, ниту јас сум направил некогаш така. Кој побогу прави такво нешто? Да ми се случи овакво нешто, има и дрво и камен да превртам додека ја најдам таа особа, ја седнам и завршам се со неа. Да не одиме off-topic. Сепак, во овој случај, девојката што го пиша, не се работи за таков пример. Во нејзиниот дечкото едноставно изреагирал сурово и покажал екстремна незаинтересираност уште од самиот старт. То е.
Што мислите?Има едно момче кое што пред година дена ми се допаѓаше и на некој начин ние се гледавме,потоа го снема некој период..Кога и да сакам да испаднам со некој,да бидам во врска он ми пишува и јас се губам и му се враќам и него повторно го снемува...Сега имам момче и повторно тој истиот стапува во контакт со мене Го прашував зошто секогаш ме бара кога некој друг имам во животот и тој ми одговара со изговорот “Сакав да видам дали си добра”...Го сакав и сум се уште слаба на него ... Не знам дали има чувства кон мене или само се шегува со мене
Си го пополнува времето. Ти дечко ти го сакаш воопшто? Зошто дозволуваш некој кога му текне да влезе и излезе од твојот живот? Се цениш сама себе? Остави го минатото каде што му е местото и не дозволувај да те искористуваат.
@darlingdragon Зошто му го дозволуваш ова? Зошто му дозволуваш на некој што не те сака да управува со твојот живот? Тоа 'слаба си на него', за него значи 'лесна ми е за манипулирање'. Покажи му дека не си и игнорирај и блокирај. Тој не те сака, да те сакаше ќе бевте сега 1 година во врска. Егото е во прашање. Но, пред се, имаш дечко. Ако не го сакаш вистински, барем нему не му го троши времето
@lost123 @Animali Ви благодарам на искрените одговори.Веќе ми е блокиран и нема да може да стапи во контакт со мене.Иначе го сакам дечко ми и не сакам да го изгубам заради некој идиот,знам дека не ме цени и све тоа..Со тек на време ќе го заборавам целосно
@Animali Фала многу ми значат вакви позитивни совети и баш тоа е лошото кај мене што јас сум во младите години а прв пат гледам кај себе вакво однесување кога знам дека сум повредена од некого ама и покрај тоа сакам да се уверам со некој совет или некој знак , дури и очигледно беше во последно време сега го игнорирам јас и тој само што прави е ме гледа како да уште се надева тој а несака ниту јас неможам повеќе со него да се расправам дека досега беше доволно тоа што требаше да сватам а најужасното е тоа што учиме заедно и неможам да најдам начин да го избегнам кога ќе е потребно да му речам нешто. @Stark И тебе фала ти многу, да најважно е да гледам напред без оглед на тоа што било.. Инаку се каам за некои шанси што ги имав и ги промашив дури се занимавав со него. Гледам на оценките сега , ниту лажното друштво не ме засега ниту лажниот дечко. И @darlingdragon се пронајдов и јас тука.. Имав иста приказна со еден друг дечко се советував овде , помина долго време и сега гледам дека ме искористувал дури јас подолго време одев на таков начин, го снемуваше некое време и пак му текнало да ме бара и пак го снемува ..
Ти даваш женски совети, во отворена тема Совети од МАШКА страна за сите девојки ? не разбирам, се палиш нешто на совети или мислиш дека си експерт за машкиот мозок..
Ако може помош.На Инстаграм пратив слика од моето милениче на едно момче,но го знам само од слики на инста.Тој ми врати со емоџи срциња.Сега јас сакам некако да го продолжам разговорот,но не знам што да напишам.Ако може пример што и како да напишам за да се запознаеме
Па ко за почеток отвори и почни тема за миленичиња и дали тој чува, па потоа премини на друга тема односно горе долу запознавање па тек после излегување.
Во врска сме повеќе време и се беше океј, додека не почна да ме нервира тоа што се однесува како мало дете, да не можеш да осетиш дека имаш маж до тебе, и буквално да се однесува како некој што не знае што да прави во една врска. Го сакам, ама не можам да го поднесам периодов, едноставно не сакам да бидам толку често со него, и барам совет како да му објаснам како се осеќам без да го повредам..
@Sparkyy Мислам дека директно е најдобро, кажи му дека го сакаш, но во последно време ти засметало неговото незрело однесување и тоа малку повеќе. Сепак преминува во одбивност штом не сакаш да поминуваш време со него. Прашај го во што е работата, што се променил? Претходно штом не бил таков
Читав машки пишуваат како девојките ги одбивале, епа слушајте вака неможе коњот да се пушта на лавицата неможе некој без манири како клошар што е да се пушта на некоја образована девојка и иживеана секако ке биде одбиен.
Па и супер да е дечкото во секој аспект може да е одбиен, ствар вкус, не значи дека само тие невоспитаните се одбивани.
Како и да е на крај пак некој ќе биде повреден. Ако осеќаш дека не сакаш да бидеш со него, не треба да губите време, а тоа дека го сакаш му доаѓа како дека многу го почитуваш поради поминатото време заедно, зашто ако го сакаш ќе сакаш да го гледаш почесто. И нема објаснување без да го повредиш и тоа треба да си го знаеш, какви и зборови да бираш. Најлесно е игнорирањето ама тоа е за почетни врски, така да само разговор, гурај напред и уживај