Не го познавам твојот партнер/ка каков е дали е од оној што знае да цени искреност и почитува или само ќе те искористи. Со среќа.
Според мене да иако не можеш да знаеш како би изреагирала другата страна. Сепак е подобро да знаеш на што си после тоа отколку постојано да се прашуваш што и како би било доколку чуваш во себе.Good luck.
Пред некое време бев во иста дилема, и собрав храброст си викам што сака нека биде ќе му кажам бар нека ми олесни, и у последен момент ми текна си викам најубаво да прашам машко што би мислел и како би изреагирал некоја да му искаже чувства, и го прашав брат ми, ми рече немој не е убаво така испаѓа како сама да му се нудиш, ама се зависи до карактерот на личноста на која сакаш да и кажеш, после тоа размислив и ми падна самодовербата и ми исчезна храброста и ништо не направив. Ако собереш храброст ти посакувам среќа.
И ти прифати да му си втора виолина? Засекогаш ќе бидиш втора виолина и почитта (ако можам да ја наречам негова) никогаш нема да биди за "прва виолина".
Прашуваш како те гледа?? Како секс играчка. Немаш ли ни малку гордост, ни малку свест? Кој карактер го имаш? Штом дозволуваш да бидеш нечија втора виолина. Баш го сака твојот карактер, му одговара да му бидеш предмет само за забава.
Никако не ми влегува вакво нешто во глава..како можете да сакате да сте со ваков човек измамник, кој си игра со туѓи чувства. И што мислиш ти и да ја остави неа не ќе најде ,,трета виолина" да те замени тебе?
Не те сака, да не те лаже тоа. Да те сака ќе е со тебе, а не е . Он неа нема да ја остави, а те начекал тебе како издувен секс вентил. Ако мислиш дека заслужуваш дури на 17 години да бидеш нечиј втор избор, продолжи. Ако мислиш дека заслужуваш подобро - прекини.
Тој се игра со чуствата на првата девојка која е во врска 7 години, со девојкава не се игра зошто си знае на што е бидејќи и кажал а таа прифатила.
Јас не можам да поддржувам неморални работи, морам мојот став јавно да го кажам, па не ми е гајле дали некој ќе се навреди или не. Сочувствувам со оние на кои партнерите им набиваат рогови. Зашто знам колку би била повредена доколку партнерот ме изневерува. Имам свест да не бидам нечиј предмет за заебанција. И навистина ќе бидам среќна ако сум те освестила и ако престанеш да се мешаш во туѓи врски.
Ух, па... индивидуални се советите, мора да ве познава некој лично, да се знаете за да ви даде соодветен совет за нешто.
Малку е чудно прашањево. Зошто вие машките кога некоја девојка ви праќа покана на фб, не ја делетирате, туку ви стои така. Еве 4,5 дена откако му пратив покана на едежни машко. Е, сега има некоја си менаџерска позиција, па најверојатно е уфилман и ништо не прави. Нит ми бриши покана, нит ми потврдува пријателство.
Не сум ни машко, а ни менаџер па истото го правам. Зошто ? Не знам, од немарност. Да си му паднала во око, ќе те прифател.
Да не беше менаџер немаше да му пратиш покана? Шала на страна или не му се свиѓаш или не ја видел пораката,знаеш тие менаџерите хпл се немаат време многу
Јас никогаш не ги бришам. 100+ покани имам. Едноставно не ги прифаќам тие што не ги знам а има и некој што праќаат по сто пати покана, доколку го избришеш requestот, затоа и не се замарам да ги бришам. Некој што го знам може и да не приметам дека ми пратил покана на фејсбук. Сепак ако сакаш да пробаш уште еднаш, пробај на друга социјална мрежа.