Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    168
    ако ве избегнува, и да не ве гледа во очи кога разговарате, откако сте му признале дека го свиѓате, што реакција би била оваа неговата .. ?? :worried:
     
  2. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    И јас имам еден битен критериум, мора да ги има сите коцки на број на стомак. :geek: Не се нервирајте девојки, купидо кога ќе не погоди со стрелката забораваме на доста од тие критериуми :)

    Moже не оЧекувал, може се срами, може ако он не Чувствува исто за тебе да му е незгодно...
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Гледам се развило добра дебата на темата за ИЗГЛЕДОТ па ајде да се дообјаснам и да се дополнам....

    Значи бр.1- што не привлекува на прв поглед !!!!!! Висока и згодна девојка ќе не привлече повеќе од девојка која што има само цицка....тоа е факт....убаво и описно напиша Јипман со слика !!!!! Нема што да се лажеме тука...

    2) - Не збориме ние за карактер во никаков случај....значи уште кога беше поставено прашањето не се спомна карактер туку само физички изглед.....А секако дека е непобивлив фактот дека изглед привлекува а карактер задржува !!!!!!

    3) - Не бараме ние совршенство !!!! како што вие имате одредени стандарди за машките, така и ние имаме одредени стандарди за женските !!!! Тоа не значи дека СЕКОЕ машко има исти стандарди и ист вкус !!!! Различни карактери - различни размислувања - различни вкусови...Исто како и кај вас девојките !!!! Гарант ви се има случено до сега за некој типац вие да мислите дека е привлечен додека другарка ви смета дека не е....или обратно...

    4) Незнам што друго - тоа е тоа...на некои им се допаѓа а на некои не...Во старо време, кога дедо ми бркал девојки, за добра девојка ја сметале онаа која што била така елегантно пополнета...Епа денес не е тоа така...Времињата се менуваат и тоа е тоа...Тужете ги медиумите за набивање на различни стандарди :P

    Како и да е ние можеме да дебатираме тука до утре за привлекување, вкусови, стандарди итн, но реалноста нема да се промени... а тоа е дека 100 индивидуи - 100 различни стандарди... А сега тоа што долга нога често ќе се одбере преку голема цицка - едноставно така е врежано во системот :wasntme: :P
     
    На Hopeful, zhap4e, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Да сте ми живи и здрави (машки примероци на форумов) :clap:

    Дечкиве колку што видов не кажаа ништо нереално, ниту ништо абнормално, а уште помалку ништо утопистичко.
    ХардСекс (леле никнејмов :?: ) баш убаво си опиша сосема просечна девојка. Значи просек, а не совршенство од девојка и не знам што е тука толку нереално?! Просекот се шета и постои насекаде околу нас, на секој чекор. Точно, можеби типичната Македонка нема над 170 сантими - ама тука негде е. Со штикла или без, таа висина која е воведена е просек. Не дека ХардСекс си носи метро у џеб и на секоја девојка и прави - ај ако сакаш на ѕид да ти напраам цртка и да те измерам. И пап тука зема да мери и вика - 168? Ех штета за 2 сантими ќе бевме пар, вака ај чао :D
    А впрочем негов вкус си е тоа.

    Мислам, дај погледнете ги темине за идеални мажи, нитуедна од вас/нас не стави слика на мешесто маже, ќелаво, како е заседнат во столче, ждрига после ќебапчињата и љока пиво, нели? Сите ставивте исто убавци кој од кој, па може и нас после некој кој не гледа од страна да си рече - е многу сакате! А сакаме, не дека не, признајте :)

    И уосталом, се е прашање на вкус. Ако јас сакам црни, стегнати мажи, а некоја ми рече дека и е идеал Сергеј Бубка во опуштена варијанта, и јас и речам - леле бљак. Тоа моето „бљак“ би било крајно релативно и површно, затоа што ако у нејзини очи Сергеј е убав, у мои е убав Џош Хартнет и тоа е тоа. Нема дебата. Нешто како уметност. Квалитетно е она што на некој од одредени причини му се допаѓа. А совршен станува човекот во нашите очи дури, макар и да не исполнува не знам ти какви критериуми наметнати од површни списанија како Vogue, Cosmo или Elle каде што фотошопот е алфа и омега на секоја фотка :) Кога сме веќе кај фотошопот ете ви доказ за постоење на совршенство.

    Мажите сакаат, барем мислам, средени девојки, девојки кои не го запоставуваат својот изглед и имаат основни хигиенски навики. Впрочем нели тоа го сакаме и ние, хм?
    А се останато, голема или мала цицка, и не знам ти какво дупе е релативно. Тенџериња и капачиња еден куп, само уште да си се поклопат.

    Патем, ХардСекс, Ливинг приватно ми шепна дека мене си ме опишал - и морам да кажам, така си е, наоѓам сличности. Да не се знаеме јас и ти а? :D
     
    На skyAngel, HardSex, zhap4e и 10 други им се допаѓа ова.
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Да се придружам и јас на муабетот за физичкиот изглед 8).

    Висината на девојката е релативна и најчесто се бира да ни е компатибилна така да тешко ќе се најде машко да сака повисока од него или пак ептен прениска.

    Јас сум 1,80 и си барам девојка помеѓу 1,60 и 1,70, се измеѓу ми е ок ама и ако е неколку сантиметра испод или изнад а се друго ми одговара нема да ја одбијам. Преферирам кога ќе стави штикла да не биде повисока од мене но не ми е тоа некој челичен критериум.

    Тренирам и затоа барам слични девојки, значи мене ми е градбата многу битна и исклучиво одам со поубави половинки кои имаат тело песочен часовник, широки раменици, потесен струк и широки кукови. Девојка со тесни кукчиња која има мало газе нема ни да ставам во избор. Нозете не мора да се многу долги ама мора да се складни и пропорционални со телото. Претерано слаби манекенски типови не ми се свиѓаат и ако девојката има јака градба и слој салце по цело тепо е супер, сакам да имам што да пипнам :P . Со други зборови сакам облини. Дури и да е малку дебелка не ми смета ако и е градбата добра, постепено ќе ја мотивирам да ослаби и пак ќе биде бомбона.

    Јас лично сакам големи и убаво обликувани гради (но да не висат) но знам и многу мажи на кои големината на градите не им е приоритет, сепак е тоа ствар на вкус (како и се друго).

    Непозната девојка најпрво ја гледам во гради па во фигура и најпосле лице но не ми е едното помалку битно од другото, сите три ми се еднакво битни за воопшто да одам понатаму.

    Сепак нема универзално правило па така девојки кои на сите им се свиѓаат мене може да ми се комплетно непривлечни како и обратно да се занесам по девојка за која повеќето ќе речат дека не им е секси заради некоја причина а јас да се скршам да ја освојам :P .
     
  6. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Ах машки што убаво си наброивте каква треба да биде вашата идеална женска па толку ме фака мерак и јас да си набројам каков треба да биде мојот дечко...но ке се воздржам бидејки којзнае што ке помислите за мене :D Затоа ке си прашашм нешто што многу ме интересира -Што мислат машките за потполно искрените девојки па дури и да боли вистината?Јас сум премногу искрена...не дека кажувам се и сешто туку вистината со една реченица без заобиколување :) Еве поконкретни пример отворено сум рекла дека не сакам да дадам телефонски број бидејки не го познавам добро...сум му рекла во фаца да оди да ја бакнува девојка му а не мене(не можам да поднесам да бидам во групата на девојки што уништуваат врски :x ) и ............. :|
     
  7. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    што мислиме? .... зависи од карактерот на дечкото !!!! неможеме да конкретизираме....важно ти си таа која што си И НЕ СЕ МЕНУВАЈ ЗАРАДИ НЕКОЈ!!!!!! А тоа што си искрена е ДОБЛЕСТ а не МААНА ;) Така да јас лично повеќе би ценел искрена девојка која што ќе ми каже конкретно што сака и како бара или ако нешто не е во ред во врска или било што, од колку некоја да ќути цело време и на крај да ти рече ова више не иде... Така да генерализирано - искреноста е добра работа ;)
     
  8. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Горда сум што сум искрена и сакам искрени луге.Но проблемот е во тоа што сум била во повеќе вакви ситуации и преметив дека на тие машки не им се допаднале многу таквите искрени одговори.Значи ги свакам и мене некој така да ми рече би ми било тешко но зошто да го мотам и да лажам.Зато прашав како машките ги поднесуваат ваквите искрени одговори или повеке сакаат кога се крие вистината само за да не биде повредено неговото машко его. :)
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Милион пати повеќе преферирам искреност од старт него да се мафтаме па да и читам мисли и намери дадени во милимикрони :D.

    Искреноста е премногу битна и баш дека многу не се такви ти биди, ќе има мажи кои ќе те ценат баш заради тоа.
     
  10. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    грешен пристап !!!!! Не се грижи дали другите ќе бидат повредени или не од твојата искреност, туку гледај ти да си го зачуваш интегритетот !!!!!!
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Во право си но не сакам да повредувам и да ме сметаат за лоша девојка.Но што така велите веке нема да ѓи жалам :D
     
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Малце глупо е ова :$


    Дали машките си прават муабет како што на пример ние си збориме : Ова ми кажа, така реагира, такви очи имаше, што сега да му кажам ? итн. Дали зборуваат меѓусебе за девојките , ако ме свативте... :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Мислам дека ова е најпогодното место за мојов проблем, ми треба одговор од машкиве на форумов :D :D
    Значи си пишувам многу време со еден дечко од мојов град, можеби веќе година и пол и порано кога почнавме да си пишуваме дознав дека се распрашувал за мене, каква сум, со кој сум била, каква на карактер и такви работи, и си пишувавме скоро секој ден. И така минуваше времето јас си фанав дечко, тој женска, па јас раскинав, но и покрај тоа си пишувавме. И сега проблемов е овој:
    Тој ми пишува постојано, ми се допаѓа веќе неколку месеци и кога излегувам имам желба голема да го видам, но знам дека има женска иако вели дека не е сериозно со неа и секогаш кога правиме муабет за такви работи изјавува за себе дека е сингл. А со неа е или бил 3 години.
    Значи неможам да разберам постојано ми пишува, се зезаме , муабетов ни е топ, а има женска :(
    И да напоменам порано пред да си фанам дечко ми се пушташе но јас некако го одбегнував, му враќав на пораки, но несакав да се видиме , да одеме на кафе.... се прашувам дали и тогаш е бил со неа ... стварно сум збунета зошто е вака....Што мислите вие?
     
  14. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Ммммм зборат и кажуваат нешто, ама не се....Очите не доаѓаат како тема на муабет, ама градите и нозете редовно :D
    Исто така, не се прераскажува како жените што го прават тоа (јас му реков, па тој ми рече, па јас му вратив...и се така во детали) туку „Брат, и се јавив, се позафркававме малку на тел и се договоривме за вечер во 10 пред...“
    За реакциите исто така ретко зборуваме, повеќе за нашите заклучоци од тие реакции. Ќе ти кажам еден пример од серијата „Пријатели“ не ми текнува на имињата ама еден од момците се бакна со една од девојките.
    Доаѓа девојката и им кажива на другарките дека тој и тој ја банкал. Сите рипаат со милион прашања - како беше, беше ли нежен, колку долго се бакнубвате и сл.
    Сцена во собата кај машките. Дечково му кажува на другарот:
    Се бакнав со таа и таа
    Другарот: Со јазик?
    Дечкото:Да
    Другарот;: Cool!
    ...и продолжуваат да гледаат натпревар...
     
    На crazylady, pink4ever и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    Го ставам ова уште еднаш дека не сте го виделе претходно :rofl:
    Јас сум 20, а мојот така да го наречам дечко (бидејќи е во странство и си доаѓа на 2-3 месеци) е 27 години и се сложуваме ок сега за сега. Заедно сме околу 7-8 месеци и добро ни оди, но проблемот е што тој не сака да се врзува. Ми вели дека сакал да биде со мене, му било многу убаво, но се плашел да не ме повреди или да не се однесува како што јас не очекувам. Знам дека чувствува нешто бидејќи тоа се осеќа и многу пати ми има речено што му требало да ме сретне и да се затреска во мене :D Досега сме немале односи, бидејќи сеуште сум невина и тој тоа го сфаќа и ми вели дека јас се слушам, кога ке одлучам јас тогаш ќе биде. Но ми е страв после тоа да не ме остави дека не сака да се врзува. Не патам од тој комплекс дека ако ми е прв и после да западнам во депресија, зошто еднаш мора да се случи, а сакам да биде со него. И досега ми се има случено 2-3 пати да се занесам ама се оставам за наредниот пат :D Па ме интересира ваше мислење што да правам.
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Јас не кажувам ништо, ни муабети, ни како изгледа а сега почнав да молчам и која ми се свиѓа. Максимум може да кажам дека некоја (без да ја спомнам) ми се допаѓа ама повеќе нема шанси некому да кажам. Сум се испекол неколку пати па може и затоа сега си ставам автоцензура до максимум.

    Посебно да и го фалам физичкиот изглед на другар не ми паѓа на памет, само ќе му биде криво а аир нема да имам.
     
    На glosipgirl, oliolivera, pink4ever и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Ај и јас да прашам нешто, за информација за да си ја проверам интуицијава. Што значи кога некое машко постојано и се гледа на некоја девојка? Значи и кога е сам или со другари, дури и со девојка му, па и кога не беа фатени постојано да ја гледа некоја девојка, очи да не трга од неа, како да ја прати се што прави, па дури и кога таа е со нејзиниот дечко? Што велите Фемини ( и Феминки) ;) дали му се допаѓа другава девојка или пак само онака ја гледа?
     
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    не бе какво допаѓање, само онака ја гледа, зашто НЕМА каде да гледа на друго место ;) Ти шо мислиш, зашто те гледа?
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас мислам дека не гледа за џабе, дека може да е допаѓање, но малце ми е нелогично дека заедно со девојка му излезен, а гледа на друго место. ;)
     
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Самоуверена со сопствени ставови и изграден карактер. Зоѓто некој би сакал самобендисана и нарцисоидна девојка? Не ми е јасно од каде излезе прашањето...