1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Многу добро сфатив што ти е поентата, ти не ја сфати мојата. Тука е разликата.

    Каде виде да го негирам ова?
    Со тоа што се надоврзав дека вкусот е граден од предрасуди ли? Слободно, докажи дека не е вистина, со тоа што ќе дефинираш како се гради (ничиј) вкус, ама биди објективна овој пат, без напади и ад хоминем цитати.

    Ниту ова не го негирав, за сантиметрите. Тие се само бројка и уште еден стереотип здобиен од порнографијата (како екстерен фактор), кој е еден од многуте кои погоре ги споменав. И овој пример всушност баш оди во прилог со мојoт првичен пост.

    Тоа не е вистина.
    Да немаше огледало во кој би можела да го видиш својот одраз и да не беа толку уфурани стандардите за убавина, мислиш дека би имала олкава доза неприфаќање и несамодоверба? :)
    Психолошки е невозможно несамодовербата да произникне сама од себе. Таа секогаш има надворешен поттикнувач.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ако вкусот е граден врз основа на предрасуди зошто мене би ми се допаѓале момци со смеѓа коса а на некоја момци со темна коса?
    Да ти дадат две слики со различни момци одма ќе знаеш кој повеќе ти се допаѓа, според своите преференции и тоа тебе што те привлекува.

    За какви предрасуди тука станува збор? @Nigredo Odor
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor зошто ако на сите ни се наметнати надворешно нашите преференци (или како што ги нарекуваш предрасуди) има толку различни вкусови? Пример, некои машки сакаат пополни девојки, други послаби. Некои женски пак сакаат исклучиво високи машки а на други не им е проблем да се и со пониски и сл. Се надевам добро ја доловив поентата.

    Не се сите преференции надворешно наметнати. Нешто што за еден е убаво, за друг не е. Сето тоа произлегува од нашата субјективност. Таман работа сите да сакавме исти нешта. Сосема во ред е да одбиеме нешто што не ни се допаѓа кај некој бидејќи...не ни се допаѓа едноставно. Друго е да навредуваш некој заради некоја карактеристика што не ти се допаѓа. Еве примерот со "девојките што имаат поинаков стил од она што вообичаено го гледаме" (т.н. "машкуданки" - не го употребувам со навредлива конотација) едно е да каже некој дека не се негов тип (што е во ред), а сосема друго да ги навредува.

    И како мене ми има наметнато општеството на пример, да не ме привлекуваат машки што слушаат турбофолк? Тоа ми е едноставно преференција.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Личните преференци се едно, стандардите за убавина ви се сосема друго.
    Ако шминката е избор, зошто не гледате и на нашминкано женско и на нашминкано машко со исти очи?
    Ако штиклите се избор, зошто машко на штикли и женско на штикли не се гледаат еднакво?
    Зошто мускули кај маж се супер и секси, а мускули кај женско се одвратни и не и личат.
    Ако миничот е избор, зошто машко во минич и женско во минич не е исто?
    Зошто е во ред женско да има светкави нокти од 2 центиметри, а не е во ред истите да ги има и машко?

    И не, не викам за вашето лично "ама јас немам ништо против машко да се шминка и да носи штикли". Знам дека тука одеднаш сите ќе немате, се додека дечковците не ви носат :D
    Ама онака, за општоприфатени мислења збориме.
    Нема потреба да се правите дека машкоста и женственоста не се општествено измислени стереотипи.
     
    На candy.cane, WildMk, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Не можат да бидат исти маж и жена од аспект на изглед, различни се од биолошки аспект, различна е енергијата.

    @Nigredo Odor

    Колку и да пробуваме да се правиме луди и да браниме некои работи што се створени од општеството, такво е, не може туку така лесно да се сменат некои работи, само може да се прифатат. Не мора до толку сериозно да ги сфаќате работиве како функционираат. Колку и да губиш време да пробуваш да објаснуваш некои работи како во случајов, едноставно луѓето не ги интересира до толку колку што мислиш.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Никој не негира дека биолошки сме различни.
    Штикли, шминка и облека не се билогија.
     
    На Animali и WildMk им се допаѓа ова.
  7. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за ова.
    Ама за вкус зборува членката погоре.
    Како вкусот е предрасуда и како тој, цитирам: ,,е граден врз основа на предрасуди" ?
    Каква предрасуда е тоа што на некој ќе го привлекува русокоса а на друг нема?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Еј, озбилно не ги знаеш предрасудите околу русокосите девојки? ;)
    Мислиш дека човек што строго 100% од времето избира русокоса девојка без да ја погледне поголемата слика на личноста не се води од предрасуди?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Какви предрасуди?
    Предрасуда е тоа што не го привлекува бринета повеќе од русокоса?
    Предрасуда е тоа што ако имам две кошули црвена и жолта, би ја одбрала жолтата бидејќи повеќе ми се допаѓа?
    И едното и другото е вкус.
    Затоа прашувам предрасуда врз која основа?
    Како предрасудата те тера едното да ти се допаѓа повеќе од другото?

    Се надевам некој ќе објасни што точно мислите. :)
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Па јас не познавам нормален човел што единсвен критериум за влегување во врска му е девојката да е русокоса. Секогаш е склоп на околности.
    Иако можеби повеќе ќе го привлекува русокоса - во одредена ситуација ќе се одлучи за бринета..
    И да, ти споредуваш жена, човечко суштество, со кошула. Не јас.
    Толку ниско мислење имате за себе? Само кошула се сметате во очите на машките?
     
    На Animali, Nigredo Odor и WildMk им се допаѓа ова.
  11. faku

    faku Нов член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Искрено само ме интересираше ваше мислење какви женски повеќе преферираат машките ништо оф топик од тоа ниту пак да се преовеличува .Не користам етикети без врска е тоа човек сум. Не најдов вакво прашање во темата па затоа сакав да прашам а понатаму не се мешам секој има свој вкус..
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Не зборувам за критериуми за влегување во врска, друго е тоа.

    Сакам да кажам ако ти дадат две слики од различни луѓе дека од прво гледање ќе знаеш кој ти се допаѓа повеќе.
    Карактерно не ги познаваш, но според твојот вкус и преференции едниот би ти се допаѓал физички повеќе од другиот. Предрасудите тука не гледам како играат улога.

    Кошулата беше само прост пример, далеку од тоа дека ги бирам партнерите само по боја на коса.

    Сеуште не добив одговор, но сепак фала на мислењата. :)
     
    На Tan4ence, candy.cane, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Одговор на што?
    Вие не разликувате стереотипи од лични преференци.
    Ако ти дадат слика од двајца, секако ќе го избереш оној што ти е посимпатичен. Тоа е избор. Изборот горе/доле е граден делумно на твои преференци, делумно на стереотипи за тоа како треба да изгледа едно машко. На страна плавата или смесата коса, атрибутите кои покажуваат машкост и сила, мускулите, изразената вилица, тоа ти се преференци изградени врз родови стереотипи.
    Машкоста и женственоста се родови стереотипи.
    Мислењето на членот беше дека преферира ЖЕНСТВЕНИ девојки со ЖЕНСТВЕНА облека. Кога ќе научите дека придавката ЖЕНСТВЕНА е најголем непријател на една жена, тогаш ќе збориме. Женствена и плава се небо и земја разлика. Земете прочитајте малку, ако веќе живеете во стаклено ѕвоно и не сте свесни низ што поминуваат жените секој ден во име на женственоста.
    И да, "за мене се шминкам и за мене носам штикли" е најголемата глупост што можеш да ја кажеш.
    Никој не се шминка за себе, нити носи штикли за себе.
     
    На Animali и WildMk им се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ова е одговорот што го барав.

    Убав ден. :)
     
    На Tan4ence и Annora им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Тоа е изворот што го бараш, а целосно ги игнорираш сите други делови од одговорот? ;)
    На пример дека тој избор делумно е изграден врз стереорипи? Или ти со извадени два збора од целото мое мислење "си ја докажа поентата"?
     
    Последна измена: 21 мај 2019
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Ако изборот на партнер/ка е чисто сведен на стереотипи, општествени правила итн, се прашувам кое општество им го пере мозокот на птиците кога го бираат партнерот со пошарени пердуви или поубава песна.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Ваљда и штиклите на нозете на исти начин како пердувите ни израснале.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Спинувате и читате само она што вам ви се допаѓа дечки.
    Никаде не реков дека изборот меѓу плавуша и бринета е исклучиво заснован на предрасуди. Тоа е ваше сфаќање и проекција. Ве замолувам добро да ги читате постовите, а потоа да одлучите кого треба да подржите и уште по важно од се, дали е потребно цитирање.
    По трети пат, читајте што напишав, ве молам.

    Значи, во вториот дел дообјаснувам дека не се должат исклучиво на предрасуди. Колку што знам сите овде умееме да читаме, така да навистина не ми е јасно зошто сеуште сум цитирана.

    Фактот дека повеќето момци би одбрале висока русокоса со сини очи и метар и седумдесет и пет висина, наспроти жена која е црна ниска и дебела не е никаков мит, туку реалност.
    Така функционира светот затоа што е диктиран од патријархални мажи со вишок пари во џебот а малку кликер. Сите оние сервирани стандарди за убавина преку медиумите (серии, емисии, шоуа), се со цел да се стремиме кон илузорна перфекција која не постои.
    И не е тоа преференца, туку тоа е веќе даден и направен избор од екстерниот фактор (општеството).

    Според кој критериум дебелата црна девојка е помалку убава од прво опишаната? И зошто неа би ја одбрале поголем број мажи, ради преференца? Бидете критични, барам одговор на ова хипотетичко прашање.
     
    На Animali, WildMk, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Како што можам да кажам од двајца мажи кој ми е поубав, можам така да кажам од две уметнички слики со ист мотив која ми е поубава на око. Истото важи и за некоја куќа. Истото важи и за каков стил на уредување сакам во домот, какви тапети да ставам или бојата на ѕидовите. Или дали повеќе ми се допаѓа црната јакна или белата.
    Еден ќе рече сакам во купатилото да ставам бели плочки. А друг ќе рече сакал сини.
    Не рамнам плочки со луѓе. Ама како што сините плочки повеќе ти фаќаат око од белите, така и високиот маж повеќе ти фаќа око од нискиот. Не можеш со зборови да го објасниш зошто нешто како такво ти се допаднало.

    Едноставно повеќе ми фаќа око. Не знам на кој начин да се објасни поинаку.

    Или кога ќе ме праша некој зошто ме интересираат природни науки, а не општествени. Тоа ме интересира и сакам да го учам, другото не. Поинаку не знам како би му одговорила освен да му образложувам до детали што проучува едното што другото.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Сакаш да кажеш дека кај машко ти е битен само надворешниот изглед? Само сликата и фасадата и декорот?
    Ооооок Танче. На сила се обидувате површни да испаднете само за да "ви излезе поентата" како што сте си ја замислиле.