Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Каде реков дека ми е битен само надворешен? Прво гледам надворешниот, потоа карактерот ако е океј, терам. Ако не е, се тргам. Зборев за првичниот впечаток.
    А и да ми е битен само надворешниот изглед, апсолутно моја работа. Никому не му викам дека треба да му биде и него.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Танче душо, контрадикторна си.
    Дај одлучи дали "никому не викаш како треба да му биде и нему" или се трудиш во секоја тема да срушиш секој што не се согласува со твоето.
    Се убивте вадење зборови од контекст.
    Едно, ако споредуваш биологија со твоите преференци, треба да го тргнеш општествениот поредок и да соблечеме сите облеките, да пуштиме коси ветер да ги носи и да да бираме кој има најголем пенис, најдолга брада и кој е најсилен. Да бираат која има најголеми колкови, оти тоа е биолошки предодредениот избор. Верувај, дечко ти биолошки не би ти бил првичен избор. Затоа останува социолошки.
    Облечи го дечко ти во облека од 70тите и одма не е твој тип, оти облеката не ти се допаѓа. Кај е биолошкото во облеката?
    Ти се допаѓа неговата фризура. Има нешто биолошко во ножиците на фризерот?
    Сами се вртите, вртите и се извртевте.
     
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Не сум душо.
    Немаш право да го спомнуваш него после грдата клевета ама ајде ќе се правам дека сум заборавила.
    Никој не ми наметнал дека фризурата мора да му е кратка за да ми биде убав.
    Ми биле убави машки кец шишани, ми биле убави машки и со долги коси. Ми биле убави машки кои се високи, ми биле убави машки и кои се ниски.
    Ми биле убави и плави, ми биле и црни. Ама севкупно ако ми покажеш слика од било кои двајца, може ќе го одберам понискиот дека е поубав, иако високите машки се сметаат за поубави. Кај едни машки може да ми биде поубав плавиот, кај други двајца црниот.

    А и не можеш да кажеш дали тој ќе ми биде изборот ако се облече вака или така. Ни сама не можам да кажам ако не видам каков ќе ми биде на око.
    Ти би била со било кој само ако му е погоден карактерот?
    Зборам за изглед физички, не облекување
     
    На cresa-jagoda и Amellie13 им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    @Tan4ence

    Затоа што не те интересираат општествени науки, затоа ме цитираш и повлекуваш цела гарда зад тебе полна неосновани искази. Јас не се разбирам премногу од медицина и затоа молчам. Во теми кои знам дека не можам да ги ,,одмерам" силите со вас, барам едукација и совет наместо да ве напаѓам. Го барам истото и од вас. Коректност и контрола.

    Патем, естетиката (чувството за убаво) е дисциплина или гранка на филозофијата. Кога зборуваме за стиловите на градбите - катедрали, палати, фасади згради, независно дали се готски, барокни или Викторијански всушност зборуваме за оваа филозофска ,,доктрина".

    Убаво на око не е еквивалент на дефиниција за естетика. Твојот суд (или подобро кажано нашиот суд) за убаво нема врска со наука, или точност, туку баш со тоа како ни сервирало општеството дека треба да ги правиме изборите за партнери, кошули, другари и храна.. Тоа се исто така научени шаблони.
    Повелете, нешто повеќе за естетиката, пропорцијата и симетријата.
    Се надевам ќе прочитате, за ваше добро, за повеќе да нема забуни и нејаснотии на темата. Ако ве мрзи да читате, ќе одвојам време да ги поцртам различните ставови на филозофите кои одат во контекст на дискусијата која ја водиме два дена. Ќе најдам време, само изразете желба, не ми е проблем.
    Само затоа што нешто друштвото го прифаќа како добро и убаво, културолошко, не мора да значи дека другите се погрди и помалку вредат.

    https://plato.stanford.edu/entries/aesthetic-concept/

    https://plato.stanford.edu/entries/symmetry-breaking/
     
    На Animali и DAngel им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    И поентата? Пак на мојата. Дека не можеш влијанието на општеството да го сведеш на кратка и долга коса, како вие што се обидовте да го сведете на плава или смеѓа, т.е. црвена или жолта кошула.
    Сами си ги побивте сопствените "аргументи".
    Како што реков, слободно кај "мажествените" маженца одете си, нека ве сакаат затоа што сте "женствени". Ако ви е убаво да ве објектифицираат живејте си во тој ваш свет. Оставете не нас да си се бориме за свет во кој женското нема да биде гледано како вагина со нозе. Барем сопки не ни правете за со вас да се докажуваме.
    Да, знам што ќе кажеш "ако дечко ти те гледа како вагина со нозе, мојот не ме гледа".
    Одлично. Твојот не те гледа. Друг никој не е битен.
     
    На Animali и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Ме гледа и мојот, океј?

    Како што реков и претходно.
    Нека престанат сите да одат во теретана. И општо да вежбаат.Зошто да одат воопшто ако се здрави?
     
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Никој не го осудува здравиот живот, фитнесот, шминката, хедонизмот.
    Но, дека од нив произлегуваат низа фрустрации и незадоволства, апсолутно држи вода.
    Еднаш ти реков, генетика не можеш да промениш, а тоа и без да ти го кажам го знаеш и сама.
    Не знам колку да вежбаш, здраво да се храниш е залудно. Cause taht's already given.

    Можеш евентуално преку пластична операција, ама вреди ли тоа, и за кого? За себе? Од каде ти за себе си научила дека не си доволно убава и добра? Од каде тој комплекс на инфериорност? Не мора само до тебе да е таргирано прашањето, нека биде до сите кои ќе ја прочитаат оваа реплика.
     
    На WildMk и DAngel им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.325
    Грди сте сите.

    Одор, многу апстрактен ти е муабетот, зато конфузија има.
    И не пишете долги постови, ми е мрза да читам :$
     
    На Animali, x.Daisy.x, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Се сеќавам на сликање за табло за полуматура кога трчав да му кажам да ми избришат еден белег. Да ги потсетам никако да не заборават.
    Ваљда природно било да се срамам од моето лице, од тоа како сум се родила.
    Мора да било природно, нема шанси општеството таков комплекс да ми набило.
     
    На Animali и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Пак ќе испадне дека за себе зборам.
    Сум видела девојки како мене кои се сметаат за убави.
    Сум видела и послаби кои се сметаат за убави.
    Ама мене пак не ми е убаво да се гледам со сало по цело тело.
    Зашто првиот тип на девојки не ми влијаеле да речам дека сум убава ако сѐ е под туѓо влијание?
    Не дека ми влијаеле и слабите. Само не сакам да имам сало кое е последица на нездрав живот.
    А сакам да имам нешто што е последица на труд.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.325
    Оти вториот тип, е милион пати покомерцијализиран.
    Ди енд.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Танче душо, ами биолошки полничките девојки се попожелни од слабите оти хормоните женски така го распоредуваат салото, па значи дека се поплодни.
    Значи да се сакаш себе си слаба, никако не може да не биде социолошко влијание. Патем, какви се сите девојки по списанијата? Полнички со салце?
    Уште ќе тврдите дека општеството нема влијание?
    Сигурна си дека да беше идеалниот тип на жена прикажан како полничка со салце немаше да се трудат сите слаби да се здебелат?
     
    На Animali, WildMk и Nausicaa им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Не знам како поинаку да доловам. Ако имаш некоја сугестија како да поедноставам за да звучи помалку апстрактно слободно извлечи ми ги поентите и дај критика. Сериозно ова, бидејќи гледам дека има проблем во комуникација.
     
    На WildMk и DAngel им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Ам....не сум душо, реков и прееска.
    Добро, од утре престанувам да вежбам.
    Ќе се лажам дека сум убава со гумата за спасување околу мене и со даската позади.
    Во себе ќе ја имам таа неостварлива замисла да бидам со рамен стомак, ама за да докажам дека никој не ми влијае, ќе останам таква. :muscle:
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Прави што сакаш. Ти реков веќе.
    Ако сакате да си живеете со стереотипите, не ни сметајте во борбата на тие што се трудиме да ги укинеме.
    Патем, сама си признаваш дека не вежбаш за здравје туку за "убаво" тело. Разлика небо и земја.
     
    На Animali и darlingdragon им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Ти објективно не си дебела. Напротив, според сечии стандарди си симпатична, но беспричински искомплексирана.
    Не те обвинувам за тоа, ама многу боцкаш. Без причина, буквално.
     
    На Animali, darlingdragon, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Не побарав анализа дали сум или не дебела или не знам каква. Можеш ти или кој друг колку сакаш да ми збориш каква сум. Јас својата слика и замисла ги знам.
    Кажав дека не сум задоволна од себе. И дека ако не сум, сакам да се потрудам да променам нешто. Така и треба нели? Мислам според муабетов, очигледно не треба.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.325
    Нема да лажиш, ама ќе си го повторуваш тоа, додека не се убедиш и самата себе..
    Исто како што јас што правам, а мојата гума за спасување, во споредба со твојата е.... знаеш

    Се додека не е тежина која ти го загрозува здравјето, не треба да менуваш ништо.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Работи на самодовербата, не на изгледот. Изгледот и тежината не ти се проблем, го знаеш тоа и сама. Ама ајде како сакаш уствари. Толку од мојот труд и интервенција на темата, немам што повеќе да кажам.

    Ми го исцрпивте и последниот атом на енергија бе мадафака. Иако вчера реков нема да реплицирам. xD
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.623
    Допаѓања:
    23.369
    Пол:
    Машки
    Јас сакам подебелки жени т.е елегантно пополнети, ама јас викам.. не зборувам целосно за машкиот род.


    Треба да сфатите дека секој/а има различен вкус.