Муабетот е дека не можеш на прва лопта да му веруваш на некој рандом дечко (читај 20) во тоа што го кажува и се да земаш здраво за готово. Пошто рече рандом, за тоа те цитирав, не за друго. Чувствата постојат за да се искажат нормално, ама се во свое време.
Ако по дела не ти покажале тоа е твое. Ти може немаш видено ама јас имам. Така да, делата, проценките не лажат. Можам да верувам во дела и верувам. Тоа е тоа, 20 души е бројка за пример. На верувам на зборови.
Јас не можам да разберам како може да имате чувства за некоја особа со која не сте заедно. Па дури и да го/ја сакате? Денес многу лесно се употребува зборот "Те сакам". Јас према особа со која не сум заедно не чувствувам ништо повеќе од привлечност, допаѓање или пак некакво восхитување, идолизирање за нејзиниот карактер и неа како особа. Таквата имам желба да ја запознаам подобро или да бидам со неа ако веќе ја знам доволно, но не можам да кажам дека сум заљубен во неа или пак чувствувам некоја си платонска љубов. Ама може сум само јас уште една грешка на универзумот... Шо знам.
Не си ти грешка на универзумот, само јас знаев да си го викам 'сакање', тоа што ти го викаш' привлечност, допаѓање или пак некакво восхитување, идолизирање за нејзиниот карактер'
Многу нормално е дека не мислиме на рандом тип. На рандом дечко сигурно нема од нигде никаде да му пријдам и да му речам Еј, ми се свиѓаш. Збориме за другари на пример, или некои што почнале да излегуваат, и едниот од двајцата сака да признае чувства за да знае на што се. И јас после некое време би го направила истото ако гледам дека можеби натаму оди. Лошо е па и кога и двајцата си молчат и чекаат на другиот и така и двајцата се плашат да продолжат.
Дали го знаеш значењето на рандом Буби? Не збориме тука за познаници туку за луѓе што прв пат ги сретнуваш
Јас рандом го сфаќам ко различни луѓе. Рандом се употребува и за луѓе што не ги познаваме, зависи од ситуација која ја опишуваш. Зборувам за луѓе што сум излегувала, нормално дека луѓе што прв пат ќе ги видам нема да им верувам на едно те сакам. Логика употреби малку.
Јас не употребив збор рандом Танченце, тоа си ме помешала со Бубаче. Јас реков со личност со која не сум заедно. Не можам истата да ја сакам додека не ја вкусам физички. Знам дека може за тебе чудно звучи тоа, но така е за мене. Како ќе знам што чувствувам за неа ако ја немам бакнато на пример? Ајде и ќе го тргнеме на страна физичкото... Како може да имам чувства за некоја особа со која 2-3 пати сум излегол? Не знам... Сакам истата прво да ја запознаам подлабоко, да знам што сака, што нејќе, каква е во сржта, како мисли, размислува, чувствува за рандом небитни и битни ствари, дали сме на иста фрекфенција или не... Тек после кај мене почнуваат да се јавуваат чувства на заљубување и потоа љубов. За мене зборот "Те сакам" има преголемо значење и не го изговарам тек така. Се останато ставам под тоа импресија, идолизирање итн итн да не се повторувам. Денес на второ допишување си викаат дека се сакаат, на трето одат на дејт, на четврто се сексаат, а на петто раскинуваат. Е*ати таквата љубов.
Отворено си зборувам за своите чувства и ги кажувам тоа што чувствувам со зборови и со дела. Ама претходно морам да прецизирам дали сме само за забава или сериозна врска, значи тоа треба со зборови да се разговара и сфати меѓусебно.
Добро, извини што те помешав. И тука се мислеше на личност што ја познаваш, веќе некое време излегувате, ја знаеш итн. Ама и на едни им треба повеќе време, на други помалку. Јас од друга страна не сакам влечкање дооолго, па тек тогаш да си кажат на што се.