Од машка гледна точка: зошто би се врзувал ако сте 7 години разлика и се гледате на 3 месеца, па и во различни држави сте? Па и ќе те чека да одлучуваш на тема секс? Алооо, 27 години е типот, Десанка Шакич одамна му е изиграна, he wants the real thing! Не очекувам постот да им се допадне на девојките, ама не смее да се исклучи таа опција
Внимавај да не завршиш како лешинар што се меша во туѓи врски. Единственото важно нешто што треба да го знаеш е дека тој ИМА ВРСКА, и се додека не расчисти со неа, тој е зафатен. Не е ни прв ни последен, затоа заборави го сега за сега. Ако толку се чувствува како сингл , зошто тогаш не раскине? Зошто си фура толку активен муабет со втора девојка ? Одјеби го
поздрав.....Препушти му се на срцето тоа ке ти го покаже патот и биди сигурна дека нема да те остави само може да резултира со поголема блискост кон тебе и знај дека на мажите повеќе им значи првиот однос одколку на жените....
)))) 100% не гледа за џабеееее ЛОГИКАТА Е ЕДНА МУ СЕ ДОПАЃА ТАА ДЕВОЈКА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ Е СО ЕДНА А ГЛЕДА ВО ДРУГА.....
Тоа што го спомна воопшто не може да се опише како "прекумерна искреност". Тоа е основна човечка комуникација . Или можеби ние, без влакна на јазикот, имаме шокирачки критериуми, неприфатливи за толпата
Брат полека малку Можеби само нема храброст да и раскине на сегашната девојка, или девојка му има 3 страшно незгодни браќа кои ќе го скршат од ќотек ако и раскине Плус, колку што јас разбрав прават само муабет , така? Не е дека му се вовлекла во кревет! А и тој е голем, свесен е што прави! Прашање е дали таа има нерви да го чека дур се одлучи дали останува со девојката или не! Можно е само муабетот да го прави за да си го храни егото....
Се разбира дека не планирам да се мешам у врска. Значи и ја кога имав дечко си пишувавме па ништо. Сакам да знам вие како машки што мислите за тоа што размислува тој во моментов, дали му се допаѓам, се плаши ли да раскине на 3годишната девојка или што? А да се мешам нема шанси.
не барам само машки совет и женски е добредојден. Мојата најверна другарка има брат кој ми се допаѓа(не претерано но сепак ми се допаѓа) и пред некое време дознав од него дека и јас му се допаѓам тој ми понуди а јас му реков дека ќе размислам па ќе му кажам(инаку сестра му не знае дека се свиѓаме, ниту пак дека ми понудил).Сега не знам дали да прифатам бидејќи не знам како ќе реагира другарка ми бидејќи и да и кажам јас сум сигурна дека нема да ми рече дека и смета(па дури и да и смета многу) во никој случај . Навистина не знам што да правам, што би ми рекле вие?
Јас ти викам да прифатиш И кажи и‘ на другарка ти да не мисли дека и‘ праите манџи зад грб, иако нема да се налути, а и би можела да ви помогне Иако работата е средена и се чека само на тебе, искористи ја шансата, можеби ќе биде убаво..
Типот и се пуштал порано, тера редовен муабет со неа и колку што сфатив од нејзиниот опис, си го имаат меракот, А ТОЈ Е ВО ВРСКА. Затоа ја посоветував дека треба да знае на што е. АКо има чувства за него или го барем го посакува, зошто да продолжи со таквата комуникација ако тој си има врска? Што е целта? Ете само тоа ми беше муабетот.
А поарно е да го влечеш за нос, секој втор збор шо ќе го изговориш да биде лага? Ти терај си така, да не се менуваш, има еден тон момци на кои искреноста не им смета. Јас сум еден од нив. Ма нека боли, нека печи, дури не ме лажиш, благодарен ти сум.
Сфакам и во право си, значи мене ми вели дека не е во врска со неа, дека онака се гледаат,оделе 3 години мислам и прекинале, а дека сега онака се гледаат, дека не му оди со неа..... значи сега не ми се пушта не ми пишува смс, но постојано пишува на фејзбук, ме прашува каде вечер, каде беше вчера... А мислам дека ме лаже и дека сеуште се во врска ... незнам
Ахаа тон момци...лесно ви е вам во големи градови секоја втора не ја знаеш.А јас во овој мојот град треба со лупа да барам па за да најдам некој што незнам Но ајде ке се стрпам уште малку и да ме нема од овде
@Phyramide Значи,прав криминал сте Денес Living,утре FBI.FBI,нема да ме зачуди веќе у траг да ми е. Ма 100% сум сигурен,дека лично не се познаваме. Што се однесува до сличностите,тоа ти е чиста случајност или пак поклопување на космички енергии,или изгледа правото тенџере го намирисало за момент,правиот капак.
За мене човекот игра. Вашата комуникација трае повеќе од година, колку што памтам, за кој што период верувам кај тебе веќе се појавиле чувства, бидејќи е и сосема нормално, по секојдневна комуникација, навики се ствараат сеедно сте во врска. Но се додека си на јасно со тоа дека нешто во неговите муабети не штима и се додека се држиш на страна од него, во смисла во реалниот свет е ок. Но гледај и на скајп или фб многу да не паѓаш на таквите муабети, кои на било каков начин те замајуваат и те врзуваат... а во кои ништо не би ме зачудило дури да има и некакви си форми на демек љубоморни сцени за тоа со кого си, дали дечко си фатила итн. се што покажува дека типот, сеедно си брани своја територија. Кај секое женско ова би било кревање во облаци. И верувам многу добро му е познато. Човекот е заинтересиран за тебе да. Но има разлика помеѓу интерес и интерес. Едно е да сака да е во врска со некого, а друго е да просто сака да е онака со некого. Ако некој сака да прекине со девојката, доколку не му оди ќе прекине. Прашај колку девојки има тука кои оделе и подолго со дечковците, пак кога се испречила некоја девојка многу не се туфкале околу тоа дали да и раскинат или не. А, напротив многу брзо исчуриле од нивните животи... ама па потоа си се враќале. Повредени во ситуацијава би биле само ти и девојка му. Тој си е на сигурно. И на тебе ти го става товарот од неговата врска, која демек не функционира... е до сега нели ќе прекратеше ако до толку не функционираше. Има дури и машки кои баш на таков начин играат за да ќарат плус уште една девојка. Ќе ти рече во фаца дека има девојка, ама дека не е како што треба меѓу нив, не знае како да и раскине, бидејќи предолго време се заедно, нејќе да ја повреди.. и ти тоа треба да го сфатиш како чин на искреност бидејќи можел инаку да те лаже, а ти вака знаеш те оставил да бираш... што е грдо особено ако девојката предолго е загреана за него, предолго си работел на теренот да ја добие
можеби нема да биде од некаква корист ова..али ајде,мислам дека мене ќе ми биде полесно ако си кажам,па може ќе добијам некој совет што ќе ми помогне. значи вака..скоро го забележав дечкото,и тоа многу случајно..а тоа што ме натера да го забележам е тоа што гледаше без прекин во мене.Потоа го додав на фб и почнавме да си лајкираме но само линкови и статуси,т.е он прв почна.И оттаму се среќававме почесто,и се гледавме почесто.И знам дека звучи глупаво но мене ми се појавија некои чувства,кои можеби се и без основа и заради што мислам дека ми се случува нешто посебно,но еве што да правам неможам да си помогнам.И предходната недела си шетав низ град и го сретнав ко по обичај 3-4 пати..И потоа седеше со друштво,а ја поминав откај него и овој ми викна чаоо,дури и со раката мавна.И сега ја у тој момент се збркав,и одма најлошото ми удри у глава си помислив се зеза,иронично беше,ме фати нервоза и не му кажав ништо.И знам дека згрешив ,не ме осудувајте за тоа.сега поинаку гледам на работите..Сите ми викаат ТРЕБАШЕ да му викнеш и ти, требаше..е требаше свесна сум и сама,ама помина и неможам да го вратам времето сега.сакам да го поправам тоа,па сите си заслужуваат втора шанса.Али штознам дали навистина ме свиѓа или само умислувам,дека од кога не му викнав чао се понаша налутено кон мене.али повторно ме погледува,успевам да му го уловам погледот кон мене..Ај кажете ми нешто како да почнам што да направам,сакам некој знак да му дадам,али не бих да му пишам или боцкање никако(лоши искуства имам со тоа ) п.с и другарите дали се со него или сами,нон стоп буљат у мене,и обавезно ќе ми се насмеат или некој коментар ќе дадат!
Ах бре девојки, сигурно дека ХардСекс нема да извади листа секојпат кога ке здогледа девојка која би можела да одговара на истата и вика , колкови,ок долга нога, има ..цицка.. нема ојде курбан работава. Човекот си опиша една баш нормална, средна и средена девојка. А инаку машки да си прашам јас нешто Задницата ми има добра форма, прчлеста е, ама ми е мека Онака, дури интересно е Многу ми викаат дека ми е убава, ама еве лично на вас би ви пречело ли девојка ви да има таква мека но згодна задница ?? Фиѕички сум активна, мускули имам по цело тело ама на газето не. Шмрк Па ај да видам мислења од мажите
Уште фотографија да ставеше ќе беше уште подобро . Според описот си мој тип значи задницата ти е топ, не очекувам таму да фаќам мускул туку баш фино дека е мекичко, баш за мерак .