Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.623
    Допаѓања:
    23.367
    Пол:
    Машки
    Мислам дека не е заинтересиран, колку и да е повлечен на интернет не е толку срамежлив. :)
     
    На Animali и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.557
    Допаѓања:
    41.574
    Пол:
    Машки
    Повлечен е. Затоа не ти вратил. Кај и да е за година-две ќе се пресрами па ќе ти врати. ;)
     
    На buba4e89, MarigoldA, Yeeah и 8 други им се допаѓа ова.
  3. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Здраво...Во врска сум со дечко ми 3 години. Секој ден сме заедно, само работата не дели. Доаѓа секогаш да ме пречека од работа оти знае дека ми е страв. Скоро и ме запроси. Најпрво сакам да ви кажам дека никогаш се немаме скарано. Јас понекогаш му се налутувам за нешто а тој се прави како ништо да не сум му кажала..Никогаш ме нема навредено, ми нема кажано ниту еден лош збор, секој ден ми кажува дека ме сака..Секогаш ме прашува за совет итн.. Е сега јас сум личност која многу штеди а тој секогаш троши до 0. Заработува повеќе од мене + работи и приватно и никогаш не остава некој денар на страна. Нека троши колку сака не се замарам за тоа но нештото што ме нервира е што постојано кога ќе снема пари бара од мене. И тоа е Ок нели во долга врска сме и треба да си помагаме ама тој никогаш не ги враќа парите што ќе му ги дадам знаејки дека ги штедам за да реновираме дома. За сите поправки на колата и регистрации јас му давав пари, му ја плаќав сметката за телефонот секој месец ... Сака до одиме некаде на одмор а нема ништо заштедено значи јас пак да плаќам. Сигуно му имам дадено повеќе од 100.000ден. Ме нервира со тоа што ни 100 денари ми нема вратено од почит...Да ми вратеше дел од парите до сега барем едниот спрат ќе го средевме. Гледа само да си ги задоволи неговите потреби, троши без да рамислува бидејки знае дека може секогаш да смета на мене. Се чувствувам како да ме искористува...Ако може да ми кажете совет како треба да постапам?
     
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.508
    Пол:
    Женски
    И во брак така нерационално планира да троши?
    Кога ќе основате семејство не смее да троши се само за него до нула а потоа за важни работи да нема пари.
    Лошо е ова и не знам колку би можела да го промениш.

    Седни го и разговарај, сериозно.
    Ова е проблем, што ако во иднина остане без работа или ти останеш без работа? Од кого ќе позајмува тогаш?
     
    На WildMk, Animali, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Па и тоа е причината поради која оддолговлекувам за да се регистрираме. Се плашам да не ме сфати погрешно.
     
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    53.527
    Пол:
    Машки
    Не е доволна само љубов за еден брак да опстои. Твојов проблем е еден од најчестите за пропаднатите бракови, затоа ќе го седнеш и ќе зборувате искрено дали има намера да се промени. Да не те плашам ама иднина со таков човек тешко..
     
    На WildMk, Animali, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    39.695
    Пол:
    Женски
    Да не се коцка ?
     
    На Peperutce1115 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Финансиите се проблем поради кој многу бракови се растуриле,кога ќе бидете во брак ќе биде потешко неможе ти да штедиш,а некој да го троши тоа што си го заштедила.Најдобро е да зборувате отворено да му кажиш дека треба да имате пари на страна не е тоа нормално да троши се до 0.
     
    На WildMk, candy.cane, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Не, не далеку е од тоа
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Искрено тоа е некултура или е многу во облаци,со некој што се знаеш веќе ги бил на кафе нема смисла да не вратиш на фб,не знаеш за што ти пишува прво.Можда е многу неискусен,неизживеан ...
     
  11. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за искрените совети. Ќе пробам да разговарам па ќе видиме што ќе направиме. Иначе да не е толку добар спрема мене не би била со него повеќе. Прогледувам низ прсти ама се си има граница.
     
  12. missmama

    missmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Многу голем проблем. Ако сега ти е тешко, во брак таквата состојба уште повеќе ќе те нервира. Разговарај и кажи му дека тоа ти смета. Доколку не се промени мој совет ти е бегај. Работи кои ти сметаат во врска, со брак се влошуваат, нема да можеш да издржиш. Не е во ред да заработува повеќе од тебе а да бара од тебе. Значи неговите пари само за него а твоите заеднички. Тоа не е почит према тебе. Таквиот маж нема да биде способен семејство да издржува. Сама кажуваш дека до сега ќе си реновирала спрат...кога има љубов и почит треба да "растеш" не да тонеш.
     
    На WildMk, candy.cane, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Тој имат сватено ти си наивна па можи што сакат да си прави со твоите пари но сигурно и се коцка ама не ти кажува за да не го оставиш а сепак ова е сериозна работа, тој не се испонаша како мажиште. Ако продолжи така верувај ќе си имаш проблеми во иднина затоа седни со него разговарете се па и самата ќе си видиш како реагира но не дозволувај да те упропасти.
     
    На cresa-jagoda и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  14. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Знам дека не се коцка бидејки нон стоп сме заедно. Значи не ми бара пари секој ден. Ми бара кога има потреба. На пр. за поправка на колата..Проблемот е што не ги враќа парите што ќе му ги дадам.
     
  15. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки

    Кога си почнала да му даваш пари , си му кажала дека треба да ти ги врати ?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Дали мора да му кажувам јас дека треба да ги врати? Сам треба да биде свесен дека треба да ги врати.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки

    Ако сакаш да ти ги врати, логично и човечки е да му кажеш дека ги очекуваш назад дадените пари, а не да супресираш ставови во себе, бидејќи тоа е есенцијалната точка на топење во секоја врска.
    И да, одговорот е да, ти треба да му кажеш дека треба да ти ги врати..не јас, нели ?
     
    На sjdgo и WildMk им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.568
    Пол:
    Женски
    Сам треба да биде свесен, ама не е лошо и да му се каже. Зашто по ова што го читам тој си мисли штом сте во врска дека заеднички ви е буџетот, па дека не треба да враќа, а кога ќе ти треба тебе тогаш тој да ти даде.

    Зошто не почнеш ти нему да му бараш? Ми треба за ова, за она.. Па да видиш како ќе реагира.
     
    На missmama, WildMk, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Му имам кажано дека се шо ќе земи треба да го врати. Чиста сметка долга љубов. А тој ми кажа само мене не можел да ми ги врати парите и многу му било криво за тоа бара решение да ја смени ситуацијата сака за започне и друга работа ама не се труди да заштеди.
     
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.568
    Пол:
    Женски
    Аман бе девојче те читам и стварно се прашувам на што троши толку пари?
    Мене паметот ми иде накај коцкање. Не биди толку сигурна дека не е тоа.
    Ем заработува повеќе од тебе, ем работи плус приватно, па кај му се парите??
    Или ако не се коцка, значи тој паметен си е, те нашол тебе добра да те искористува, а ти без да знаеш си трга тој пари на страна да си има. А од тебе бара како да ги потрошил.
     
    На Animali, candy.cane, smile:) и 2 други им се допаѓа ова.