Ја незнам како му даваш пари за потреба, речи му немам и онака знаеш нема да ти врати, али кога го знаеш каков е не си ја барај бељата зашто не враќа итн, па и ти си свесна дека не враќа макар и да немат и што се срами али ти доволно да сватиш дека веќе сте заедно и те запроси и во брак исто така ќе си давате пари дали твои се или но ако тебе ти смета што тој имат поголема плата од тебе и што не ти враќа тогаш батали го или уште еднаш разговарај си со него тоа е меѓу ваша работа.
Ако земаш туѓи пари нормално дека треба да ги вратиш. Не знам на која планета живееш ако мислиш дека платата од девојкати е твоја сопственост. Плус, ете кажано му било ама немал пари за да го покрие долгот а сепак има лице повторно да се задолжи. Девојче добро ти кажаа погоре, почни ти сега да му бараш пари, да видиш како ќе реагира. И разговарај сосем искрено, ова и тоа како е проблем.
Ти ако позајмиш нешто од некого нели го враќаш ако не ти кажи дека треба да го вратиш? На храна, цигари и на бензин
Kazi mu deka mu gi pozajmuvas, a ne da mu davas samo. Treba so zbor da mu kaze deka mu pozajmuva,toj mozebi si mislu ednostavno nema podelba vo parite itn. Xd
Штета што девојкава не е мала за да незнае што да прави со него,сериозна е работава. Јас да бев на нејзино би разговарала со него чисто онака да се договориме демек ја сакам да штетам пари за куќата ово оно а ти душо имаш поголема плата од мене гледај да не трошиш инаку како ќе живееме или планираш само јас да ти давам пари едноставно разговарај си со него и ќе видиш како ќе реагира ако е истиот тогаш продолжи ти да му бараш пари ти требаа нешто потреба но не губи време и надеж бидеќи уште малце и ќе се регистрираш бидејќи кога веќе те запроси после да не се каеш и мислам дека доволно те советувавме. Со среќа
Па тоа ми е зборот, не сме мали деца да си читаме и нагаѓаме меѓу редови (или телепатски). Се со збор се решава и ќе сфатиш дали воопшто сфаќа и дали си одговарате. А инаку и општо не знам по колку плата земаат, ама не знам што задоволства има тој толку освен ако не играм по казино, кладилници или да ги троши на спонзоруши парите.
@mrsfreak , Го имаш ли некогаш одбиено кога ти има побарано пари? Не мора директно, некој глуп изговор...Неговата реакција ќе ти разреши некои дилеми.
Плаќа и кредит 5.000 ден. А зема 19.000 Знае дека сакам да штедам. Затоа ми бара само кога нема излез кога му се потребни повеќе пари за нешто. Ама на заем бара
Тогаш речи му суптилно еве да речем најпрвин на шеговит начин дали мисли и планира некогаш да врати некој денар, пример еве ти притребале во моментов? Па потоа може со еден посериозен разговор да седните и да зборните, што ако и ти се однесуваш како него, дали тој би имал пари да ти позајми и слично? Види како ќе реагира, и лека полека "пали патиките" затоа што дечково ми е сомнителен, а исто и ти што го трпиш толку време.
Сите што го познаваат кажуваат колку добро дете е. И тој помага на другите. Им завршува работа на пријателите, роднините и не им зема пари. Им помага и на неговите дома кога немаат тој плаќа струја, вода, нет итн..Инаку го познавам доволно да знам дека не се коцка бидејќи се ми кажува шо и да му се деси...Само спортска пишува ама ретко фаќа
И јас имам другар, премногу пари има, штеди, и ги вложува на спортска скоро сета заштеда и џепарлак што добива од дома. Ама откако станавме другари пред 10тина години, не памтам да се има пофалено дека е во плус и фатил "добро" ливче.
Порано со колегите пишуваа спортска секој ден скоро после му преговорив зошто да си ги троши парите џабе кога не фаќа и ме послуша. Сега поретко пишува. 1-2 пати месечно.
Абе директно кажи "не може" За сопствената плата ќе смислувам изговори зошто да не му ја дадам, како не Тој штом осет нема и девојката ја смета за банкомат, време е за директен разговор, а не детски шеги од околу, така ќе се направи дека не сфаќа
@mrsfreak кога ќе ти побара пак пари на заем,потсети го дека му имаш дадено претходно а не ти ги вратил,и кога планира да ти ги врати. (Никогаш нема да ти ги врати) Извини вака ама немој да бидеш наивна ќе те исцеди како лимонче.
Сигурна си? Дека на мм имаше еден другар што пред девојката покажуваше ливче со уплата 20-30 ден,а ги криеше од неа тие со уплата од 200-300ден..
Има сметнато апликација на телефонот и таму се гледа кога пишал, дали фатил или не и датата ја пишува.