Ако е стварно така во ред е. Ама треба да има сенс кон тебе. И ти сакаш да му помогнеш на твоите. И ти сакаш да си купиш нешто. Утре заеднички буџет кога ќе имате што правиме? Мора да умее да распредели и планира ако сака да гледа фамилија. Разговарај искрено и отворено. Кажи му се. Фидбекот што ќе го добиеш ќе ти разреши многу дилеми.
@mrsfreak Мислам дека проблемот е во тоа што се навикнал од тебе да зема пари кога нема, па веројатно не се ни обидува да заштеди, знаејќи дека ти ќе му дадеш. Не му е платата којзнае колку голема, еве имал кредит, некогаш плаќал сметки, пари се, се трошат. Ама тоа не е изговор. Секој сака да оди по ручеци, вечери, ама ќе оди колку што може да си дозволи. Себично е да бара пари кои подоцна не ги враќа. Во ред е да му помогнеш еднаш, двапати, дури во ред е и да не ги врати ако навистина му биле потребни. Ама за храна, бензин и цигари, па сите знаеме така да трошиме. Не е фер и не треба да се смислуваат изговори за да го одбиеш. Дечко ти е, треба искрено да разговараш и да му кажеш што мислиш. Патем многу ми е безвеза кога упорно убедувате некој дека не си го познава партнерот. Да, секакви луѓе има, ама кога членката кажува дека го познава и е сигурна дека не се коцка, дека не пишува спортска итн, значи така е.
Што карактер ќе беше тоа...па цигари да пушев, ако не ми стигнуваа пари ќе земев ќе ги откажев, па немаше да барам од било кој. Од дома некогаш ти е срам да побараш, не па цело време од женската. И уште срам ти е да ти врати твоја пара, заработена со труд? Е, грешката е кај тебе. Премногу попушташ, премногу си му дозволила и сеа ќе си користи. Ако нема нека си ја испружи чергата колку што има, а не да игра спортска и не знам што, а леб после демек нема да јаде. Шознам, се чудам, ај еднаш би позајмила, ај вторпат ама некој цело време да ми бара, а да не ми ги враќа после, лично сопствени пари, е другпат ни ќе добие ни ништо. Какво време дојде, роден брат не би ти давал пари на заем вака, не па некој со кого си во врска. Ја да бев отворено картите на маса и ќе му кажев дека ова ми пречи, ме интересира кај се сите тие пари, зошто не троши рационално пари, ако нема осет, па нека се лути. На негово место треба да се срами. Без пардон човек...
Е тоа де... И не се работи за врска од 6 месеци туку за вереници и скоро па брачни сопружници и не сака да збори со него за оваков сериозен проблем. Си ќути... Од ваквото ќутење и лизни-мазни во врските, после си ја чукаат главата во брак па се оставаат по 2-3 години. Абе го седнувам и го прашувам директно. Кај се парите?
И тоа твои заработени лично пази. Никако не треба @mrsfreak да го преќути ова, зошто после во брак ќе е голем проблем ова. Еден од најголемите проблеми кој доведува до развод. Мора муабет и отчет за париве.
Уште никој нема пишано дека уствари има вонбрачно дете и швалерка на кои ги троши парите. А мош и геј е.
Хаха ете видиш и мене не ми текна тоа...Мош планира и полот да си го смени па збира пари за операција
Донесе заклучок за човек кој воопшто не го познаваш дека се дрогира, бидејќи како и сите други успева да потроши плата од 19 000 денари, покрај кредит и повремено плаќање сметки? Ти не успеваш да ги потрошиш тие пари? Тука проблемот е што бара пари од девојката кои никогаш не ги враќа, се работи за неодговорност. Таа секако има право да знае на што се потрошени тие пари, ама не зборуваме за којзнае колкава сума па за да носиме вакви заклучоци. Остави тоа, членката потенцира дека троши на бензин, храна, цигари. Сега ќе и кажеш дека сигурно се дрогира и не го познава доволно? Колку ми се смешни тие изјави...
Драгата членка во погорните постови имаше пишано дека му има дадено над 100.000 денари. Немам право на заклучок, само констатираме нели.. за совет и помош, се надевам дека не сум во право со муабетот.