Почнав пак да се гледам со едно машко за кое пишував, има 34 години Ми кажа дека не му следувало одмор од работа и пошол кај матичната и му дале боледување цела недела и демек го излажал шефот и се смее. Нз дали нешто да почнувам сериозно со ваков човек.
Штом ги спомна годините најверојатно ти значат нешто? Ти колку си? А за одморов.. За жал, не е единствен што го прави тоа. Јас вината не ја гледам во работниците, туку во приватните работодавци, системот, па и матичните што даваат боледување без причина. Ако поентата ти беше дека е несериозен, постојат други начини да увидиш. За неколку недели ќе ти биде јасно.
Па, веќе 3 месеци е вработен и не му даваат одмор и затоа така направил. Годините, па можеби ми значат, но повеќе зрелоста ме интересира или јас премногу сериозно размислувам за моите 28.
Додека не го запознаеш подобро не може да знаеш дали од твоја страна ќе има посериозен интерес. Комуницирај, но не со големи очекувања и што е најбитно не брзај. Низ разговорите и зедничките моменти ќе увидиш дали има можност да го продлабочиш дружењето во врска.
Одмор следува после 6 месеци од врсботувањето, ако нешто ти значи, не дека му е нешто нему ускратено. Тоа шо зел боледување според мене е знак дека му е мака да работи. А за во врска каков ќе е треба сама да процениш.
Јас 3 месеци не побарав слободен ден и на крајот си побарав 6 за 3 месеци и ги добив. Така да ми одговараше така. Инаку да, во право си за годишен одмор.
Има слободни два дена во неделата. Да, не му се работи. И ко го прашав зошто не ми се јави наместо да си пишуваме на фб, ми рече имал само 35 ден кредит
Зашто машките имаат толкава потреба да вреѓаат девојче кое не сака ништо со нив или ги одбие?! Пред две години еден другар од факултет ми призна дека ме свиѓа , не беше лош ама му дадов до знаење дека не сакам ништо повеќе од пријатели, следуваа пораки на ФБ , ти си сељанка, глупава и ок блок фала богу не го видов од тогаш, дознав и дека се отпишал, сега во скоро време се ок зборев со еден дечко му дадов до знаење дека ако планира да ме искористи нека не си губи време ми рече не не, супер што не си таква , јас сум озбилен не знам што, излеговме проба да ме бакне но се тргнав, по мое рано ми беше за нешто такво , следеше: ти си лесна девојка и бев сигурен , прв пат ми се случило ова во животот ама му удрив шамар што мислам дека ќе ме памти додека е жив, и си заминав ,нема мене некој што прв пат ме гледа да ми се однесува така , ајде што рекол, ама по кој основ сум јас лесна во случајов????!
И мене ми е позната ситуацијата изгледа машките не сакаат пораз па тоа зборување им се јавува како одбаранбен механизам. Мене ми се има случено слична ситуација не сакав да сум со него и испаднав лесна женска, а кога бев од прв пат со еден друг испадна ,,еј брат јас ја освоив неа ". Некогаш сум збунета што сакаат машкиве? Сега со еден дечко си играм топло-ладно па ќе видиме што ќе испадне. На крајот што и да правиш изгледа испаѓаме лесни, ако не да си се заклучиме дома и да си ќутиме.
Си им ја померила круната од главата, си им ја 'повредила ' величенствената, света машкост и за да се издигнат над тебе, те навредуваат. Т.е бар мислат дека те навредуваат и дека се над тебе. Шупаци. Само продолжи така девојче, со став, цврсто, против таквите. <3
Ќе направат се да не бидат тие кои изгубиле нешто.Патат што неможат да те имаат и толку ќе пукнат што те претставуваат како нешто што никогаш не би сакале да го имаат.На таквите само сожалување.