Не си ласкај дека ќе те памти во животот по ова, затоа што сигурно е женкар. А и исто така ти не си лесна девојка во случајов ама воопшто ако е вака како што пишуваш.
Охх...прво очигледно е дека и таа знае дека тој нема да ја памти сигурно секој момент но така се кажува тоа.Второ сигурна сум дека е така оти некои машки се стварно очајни кога ќе ги одбиеш.Позз
И женски, и женски. Не се работи до пол, туку до тоа дека некои луѓе не поднесуваат да бидат одбиени. Може дури женските и потрагично го сфаќаат одбивањето поради тоа што поретко им се случува. Ние сме веќе навикнати.
Да знам дека има и мажи и жени но овде конкретно беше за мажите инаку не делам по пол.И во двата пола има лудаци
Што значи машкото те сакам ама не сум заљубен во тебе? Заедно сме 4 месеци и можам да кажам дека е одличен како партнер,ме почитува,се грижи за мене, кога ќе му кажам дека нешто ми смета веднаш го поправа тоа,а не добива ништо (односи).Збунета сум
Очигледно е дека те манипулира за да добие секс од тебе. И во друга тема те прочитав. Не добивал ништо, тоа не си го увртела ти сама у глава, очигледно тој тоа ти го зборел, па сеа ти си наоѓаш изговор дека таков бил зошто немате секс...
Зошто би добил односи за возврат? Предмет си? Услуга сакаш да му напраиш со тоа што ќе му дозволиш да те пенетрира? Доколку некој е во врска, а прави нешто кое на партнерот не му де допаѓа, многу природно дека ќе го смени тоа од респект кон партнерот, без да очекува ништо. Можеби не сака ни себеси да си признае дека е заљубен? Како се однесува со тебе?
Ќе одговорам конкретно за тоа што значи да сакаш некој а да не си заљубен во него.А за другото се согласувам со феминките. Вака и јас сум се нашла во оваа ситуација.Сакав едно дете но не бев заљубена во него.Едноставно тоа е такво чувство и неможеш да го смениш.Таа љубов е повеќе љубов полна со пријателство и почит но ништо повеќе.Откажи се од него.
Самиот ми кажа бидејќи бевме другари долго време дека неќе да глуми заљубен со намера да добие нешто,не можел да ми го направи тоа на мене.Му кажав да не очекува односи од мене а одговорот му беше дека не му е целта тоа.Не знам ни јас самата веќе што да мислам
Внимателен е секогаш,никогаш се нема лошо испонашано или повишено тон на мене, ниту пак некој лош збор...Да не беше искрен со мене навистина ќе посомневав дека е навистина заљубен.Само ја барам причината зашто е со мене 4 месеци (за него е тоа долго) кога не е заљубен а не е причината секс
Колку долго издржа со него?И како се чувствуваше додека беше со него?Се надевам дека можеби нешто ќе се смени,дека ќе ме засака ама...
А зошто мора после 4 месеци да е заљубен? И јас не би се заљубила после 4 месеци. Ако се друго е океј, нека си течат работите природно. Не форсирај ништо.
Незнам ...издржав неколку месеци а на крајот веќе бев заљубена во друг.Што да правиш па искрено незнам јас кога ќе престанам да бидам заљубена тоа е крајот.Но штом тој ти кажува а не раскинува можеби и тој се труди.Но неверувам.Секако секој е различен.Но знам само дека е многу тешко да сакаш а да не си заљубен...
Мислам дека за заљубување не ни треба којзнае колку време.Но за сакање ни треба.Тој и вели дека ја сака.
Точно. Прво се заљубуваш после сакаш. За да сакаш некој мора да искусиш многу со него, само тогаш ќе си сигурна дека станува збор за љубов. 4 месеци се малку. Во овој случај, според него тој не е заљубен но на некој начин ја почитува и убаво му е со неа. Но тоа не значи дека воопшто не чувствува ништо кон неа, инаку нели не би бил со неа ако воопшто нема никаква поврзаност. Јас би рекла да не притиска, нека остави работите сами да си течат по свој ред. Тоа чувство само треба да дојде. Ако не бидне, сам ќе си каже, никој не би останал во врска во која нема никакви чувства.
И јас се водам по таа логика но мислам дека тој различно ги сфаќа тие работи Го осеќам дека се секира за мене и дека премногу му значам,се гледаме многу често и кога нема да се видиме 5 дена вика дека му фалам а и приметувам бидејќи знае и да се јави неколку пати во денот.Ама ете ми текнува на тоа дека не не е заљубен како што вика тој и настануваат сите проблеми во мојата глава