Здраво .. Запознав еден дечко пред 5 години на море. Го засакав.. од различни градови сме. Му пишував дневник, буквално бев затрескана но немав од негова страна никакви знаци. Не си пишувавме.. ништо. Но следните 2 години јас не престанав да го мислам и да го сакам. Потоа веке почнав со други.. имав еден гледач и еден дечко. И така заврши и тоа. И ете сега од нигде никаде после 5 години ми прави риплеј на инста стори. И јас некни му пишав и буквално се стресов супер пишуваше, заинтересирано и ми мавна после сеен и толку. Јас сакав и друг дечко многу.. и поминав низ се со него но кога е во прашање овој што пишувам за него... се е не важно. Тогаш бевме деца веке не е така ама ете до сега никој не се појавил што може да го замени тоа негово место. Јас го чувствувам како правиот.. нз вистинскиот за мене.. ама ете сега пак губиме конткат. Ве молам ваш совет? Дали ова е илузија или навистина тој е човекот за мене? Ваше мислење? ****Зајко може твое мислење? ****
Ти го идеализираш него и не го познаваш воопшто, а тој од друга страна ми делува како незаинтересиран или онака океј. Ако сакаш да се потрудиш лајкнувај му по некоја песна/слики следи го на инстаграм, не знам каков тип е ама ако става слики и патува или нешто со книги или откај ти знам што, зборувај околу таа тема, заинтересирај го да се отвори повеќе и да разговарате, па потоа одете на кафе, видете се, па ако се сте за врска двајцата или да бидете поинтимни дури по некое време ќе воочиш дали сепак (без идеализирање) карактерот ( и да речам мааните) на човекот ти одговара т.е дали човекот е за тебе.
Си пишувам со еден колега од старата работа. Има 38,а јас 28. Тој прв ме чепна, си пишавме и така еве 2 недели скоро. Чудно е, повеќе прв не пишува, а секогаш кога ќе му пишам одма враќа. Имав една х ситуација и му кажав, и само му се пожаливам кога нешто не ми е ок, не сме мн блиски и ок ми цело пиши, зато се другарите, не ми сметаш. Имаме пишувано и за други теми нормално, музика книги филмови Нема сугерирано за кафе.
Биле колеги,немора да значи ако и пишува има некоја цел,можеби ја гледа како пријателка. Сама треба да го открие тоа
Бевме само на здраво, како си? И така некоја шала. Јас не работам таму више. И по месец ми пиша еве. Само реков ми е чудно, дека го нема прв да пиши а јас ко ќе му пишам одма враќа. Блискост, ми кажа што си купил за во новиот стан.
Да тоа е точно, уствари не знам што ме привлекува. Епа не ми врати на последна порака сега ми е срам пак да пишам, а ми рече да се видиме.
И јас мислам но не може да бидам сигурен,кога би играл со мои карти немора да значи. Вреди да се проба,ако не проба нема да знае и ќе се кае
Ама прај, топло ладно. Еднаш 2 дена не ми пиша и го чепнав и постојано си пишуваме. Не иницира прашања во врска со мене....
Можеби само така ти пишал и не очекува ништо повеќе. Ако ти сакаш, иницирај сама. Доволно сте возрасни двајцата.
Ако не ти кажал дека купил многу убава спална или душек значи не сака ништо. И самата кажуваш дека ти прва му пишуваш, а јас мислам дека ти враќа од култура. И сигурна си дека е слободен?
Значи вака, ми пиша од каде потекнува, правевме муабет од каде си, тој е од Охрид. Ми кажа дека има внука и сакал деца, дека сака многу да плива и планинари. Не купува спална иначе и самиот ми кажа дека е сингл.