Кој рече дека направил нешто лошо? Само си кажав реално мислење и без разлика дали се на почеток или не ако типот си имал сериозни намери со неа и тоа како би му пречело да се гледа со други.
Еве да те утешам дека не е така,и не си во право. За да фатиш девојка не ти треба кола,не ти треба новчаник,не ти треба телефон... Со точак на кеј ме фати девојка,и секоја средба ни беше на кеј или Водно. Не сакаше коли,кафичи,телефони,новчаници Така да не секоја девојка сака тоа што го кажа
Да че се акаме од земја уште при неколкуте дејтови или 2-3 бакнежи и симнуваме ѕвезди. Не знам како можете да им верувате на такви машки.
Стварно и јас не ве разбирам што очекувате да направи на старт? Ѕвезди да симиња? Да вика како е негова и не сака да ја види со никој друг? Тогаш ќе почнете да зборите како бил љубоморен, како ја контролира, посесивен е, лаже, се умилкува и сака само секс и останати фрази. Веч видено. Полека, отом-потом. Чему журба? Нека си одат работите спонтано и ако има нешто повеќе и односот со време ќе им се зацврстува и ќе има изјави на заљубеност.
Јас пак не верувам дека тој не се гледал со друга. Никој не заслужува да го чекат и да чека друг, живот иде даље. Или иде или не иде, уште од старт ќе знаеш, далечината е само изговор.
Добро бе сериозен си ти и клецачот на суво ,никој не рече звезди да и симинња и ниту пак да се треска од земја... Не знам како толку едноставни реченици ви се толку тешки да ги сфатите па превртувате зборови и преувеличувате.
Чил малце. 3 месеци не се виделе пред последниот пат. Никогаш не биле во врска и што очекуваш да и каже? Се друго освен тој одговор што и го кажал дека не му пречело ако се гледала со некој друг би било лага. Не е ова тинејџерска романтична комедија па сеа да се трескаме од земја.
Се гледале месец дена океј после три месеци не но сепак биле во контакт , никој не рече дека утре треба да ја жени ама да не се правиме малоумни за тој период ќе сфатиш што понатаму сакаш со некој така да ти не се трескај од земја со извртување зборови.
Ах. Они се повторно на почеток сега по 3 месеци и сигурно ќе си одлучат што понатаму, т.е спонтано ќе си дојде тоа дали ќе бидат во врска или ќе си се забавуваат само или ништо нема да бидне. Овде стануваше збор за тие 3 месеци додека не се виделе. А тие 3 месеци како ни претходно никогаш не биле заедно во врска. По дефолт за машко ако не е во врска со некоја, тогаш е слободен и прави што сака, а и не му е гајле ако она прави што сака и се гледа со други. Тоа не е недостаток од заинтересираност, туку машко размислување. 9/10 машки ќе го потврдат ова.
Баш правев муабет со најдобриот ми другар на темава еве сега, да не биде со дечко ми па ѕвезди ќе ми симиња нели. И ми рече и 2-3нед да се допишувам со некоја и да ми се свиѓа и да сме излегле 1-2 пати само, па нема да идам со друга, ич не сакам седење на 2 столици. Ако не осеќам дека би напредувале во иднина, одма ќе и кажам, нема хемија меѓу нас, не сакам да лажам некого, тие машки така што праат за мене се кретени. Дечко ми истиов став го има, 3мес зборевме пред да се дејтаме, а последен дејт пред да е со мене му бил пред 1год и појше, имал низа неуспешни врски и си дал пауза од врски и дејтања . Сигурна сум дека ни ја, ни он у тој период на pre-dating сме немале други, а и онака веќе долго го познавам за да кажам дека сум сигурна дека било така. Плус од 2 дејт веќе бевме у врска со него, сам иницираше, ми рече уште тие 3мес допишување осетив дека си тоа шо го сакам, во живо се уверив на 1 дејт и сметам дека нема потреба да одиме туку така, кога сакам да си ми женска и така да те претставувам на сите, досега толкава поврзаност со ниедна не сум осетил, секако освен ако ти не си сигурна и ти треба време, но бев сигурна и јас во моите чувства . Логиката за 9/10 изгледа не е точна, не генерализирајте.
Ништо нема да ме натера да вложам во таа врска ако ми рече можеш да се гледаш со друг а јас со друга. Уште на почеток таа врска нема да ја гледам како ,,сериозна". Ако јас не се посветам а и тој исто, ништо од тоа, само губење време. Ако пробуваме, ќе пробаме како што треба а не да седиме на 2 столици и да испитуваме терен од две страни.
Мене би ми пречело да се гледа со некој друг. Друга работа сакал да каже дечкото: Не ми пречи да се гледаш со друг,за да не ти пречи и на тебе ако се гледам со друга. Ние ќе се гледаме онака кога ќе немам некоја,па ти ќе ми бидеш резерва. На тој начин сте се запознале вие. На тој негов начин. Може секој да ти каже што сака,но слушај ме мене Треба да знаеш секогаш на што си
Јас го сфаќам дека како ако веќе се двоуми помеѓу него и друг, нема да се лути ако го избери другиот...
Јас го сфаќам дека нема да се налути ако за тие 3 месеци била со некој друг и дека истото не му пречи пошто не биле заедно поради далечината, не биле во врска пошто претходно само се запознале и не било ништо озбилно. Што е оправдано. Ама овде одма го направија дека не e озбилен дечко, а они 5 пати се виделе само до сега.
Бре ама филозофии а ептен е едноставно се сложувам со Зоки. Не сака врска очигледно, сака да има секс со девојчето кога ќе се видат, без обавези, успат и со други, најверојатно од неговиот град, па индиректно и дава до знаење како стојат работите.