Прашање до машките членови: Што всушност сака машкото кога ти пишува, па на сред разговор се исклучува или не враќа, па по некое време повторно пишува?
Значи дека не е заинтересиран и му текнува на тебе само кога му е досадно и нема друга занимација така да не дозволувајте да ве манипулираат со некои глупи изговори.
ако може мислење на машки член, веќе 4 години еден дечко флертува со мене и тоа нон стоп ама никако да пријде, на инстаграм ме има додадено ама никако да пише. Девојка нема сигурно, а ако јас се обидам да му дадам знак тој не ми врти глава и обратно.
4 се за жал, иако звучи смешно никако не направил прв чекор. Кај женските е препознатлив по тоа bad boy attitude ама кај мене е срамежлив
оти гледам дека се и сешто си споделува со пријателите и тоа ме нервира. Зарем секое мое двежење мора да биде заприметено од неговите другари и да е пренесено кај него. Кај и да излезам добива најава кај сум и веднаш ќе се нацрта во тоа кафуле и само се дига наоколу
Не сум машки член ама морам да те прашам. Дали мислиш дека ако имал сериозни намери досега во цели четири години немало да преземе ништо конкретно? Не сакам да звучам сурово, но не мислам дека дечково има некоја намера да започне врска.
Машки барам мислење (извинете ако е подолго, намерно повеќе информации пишав за да ја опишам повеќе ситуацијата, ако пишев кратко немаше да е доволно) (само да напоменам прво дека не живеам во Мк туку во северна Европа, со цел да имате предвид менталитет и се тоа, дека не се работи за дечко од наши краишта) Искочив со еден дечко пред некој ден со кој што се запознав на фб. Чатувавме ама не премногу, туку таман колку додека да искочиме. Пред дејтот ми пишуваше скоро секој ден по некое пораче, и слика некоја ќе пратеше, и јас му враќав исто како он, и еднаш или два пати слика/видео и толку. Искочивме, ми се допадна, а и јас нему, и самиот кажа, зборевме за се и сешто, и за претходни дејтови, се смеевме, се беше супер. За мене најдобар дејт до сега. Ми рече пиши кога ќе стигнеш дома и му пишав 'стигнав'. Он ми врати 'И јас исто. Многу убаво си поминав вечерва!' Јас му вратив 'Мило ми е што си помина убаво ' Он пиша 'Се надевам и ти си исто' и јас вратив на тоа 'И јас' Толку, ладно студено хх. Генерално он не е многу по пораките, и доста ладно и кратко пишува па така и јас. Си викам ај стварно он цело време пишуваше и ме викна на пијачка и се а ја тука ладна, дури малце незаинтересирана си викам ќе испаднам. И наредниот ден вечерта му пратив линк од една смешка небитно, и под тоа пишав 'Иначе многу убаво си поминав вчера ' И он врати 'И јас! И после уште нешто таму не е битно, поправивме кратко муабет и на крај јас оставив на seen. И од тогаш ништо! Вчера цел ден ништо и еве и денес. Прашање. Дали не сум му се допаднала чим не ми пишува веќе како пред дејтот? Или јас станувам needy и се си е како што треба и нема многу време поминато и да му дадам време на човекот? Можда ме чека јас да го викнам да се видиме? Ама па мојата логика е дека е машко и башка му дадов дознаење дека убаво сум си поминала, па викам ќе ме викне пак. Или пак е незаинтересиран. Не знам стварно што да правам.. :/ Мислење?
Не му се замарај многу на тоа зошто враќа со кратки пораки кажи ми, што работи? Или поради работата (или други активности) е многу зафатен или, нешто, знаеш...нешто друго е.
Луѓе не можам да ве сфатам со тоа машко е требало тој да викне. Викни го ти. Форсирање е едно, самодоверба е друго.
Зошто чекате машките први да ви пишат секогаш за да ви тргни дискусијата? Можеби е слаб со речник или е по слаб со пораки и се срами да не се изглупира па држи дистанца за да привлечи некој траг со тие ретки но озбилни пораки. Очекува и ти да му пишеш некогаш. Штом ти ќе му пишеш и ти враќа ОДМА значи е Ок ситуацијата. Од искуство ти кажувам, јас пишував првиот, вториот, третиот ден и онака ми враќаше кратко по 5-6минути некогаш и фазла, а таа никош не ми пиша прва. После сето, резултатот беше и јас прекратив да пишувам зошто кога и да и пишев ми враќаше со закаснување. Ако сакаш да превземиш нешто и ти треба да се ангажираш а не да очекуваш секогаш тој да ти пишува, штом ти враќа одма на пишаното значи нема шо да размислуваш длабоко.
Јас имам/в вакво нешто, само женско беше. Пишував ми враќаше со закаснување + никогаш не ми пиша прва.