Одамна пишував за него. Тој што има скоро 40 Уште си пишуваме и сеуште ми вели дека има мајстори и никако на кафе да излезиме. Потоа рече дека брат му се вратил од Германија па треба да се видат. Инаку работи и саб и недела. Кога ќе му пишам одма враќа, сам не ми пишува. Ми праќа слики од новите ствари што си гу купува за куќата. Уште од почетокот ми кажа дека е сингл. Не знам шо да мислам поќе. Со месеци се тегниме.
Не ми изгледа доволно заинтересиран, барем не за нешто посериозно. Можеби му годи разговорот со тебе, ама дека е толку зафатен и не може да одвои 1 саат за кафе, не поминува. Јас на твое место би се дистанцирала.
Еве 2 месеци. И му пишав ако сакаш да излезиш со некого на кафе барем не му ветувај. Дирек му реков дека ме мати само.
Не сака, тоа е работата. Да сака, ништо не може да го спречи. Никакви "мајстори". Многу добро си постапила што си била директна.
Од каде си сигурна дека е сингл?Секој ден има мајстори 90 дена,он има дома мајстори?па што ако дошол брат му,да не седи и со брат му по 24 часа.Оној кој сака да одвои 1 час во текот на денот,за едно кафе и дружба,средба,ке одводи па што сака нека биде,се друго е изговор на лажење,филмови,измислувања да одбие. Извини но секој работодавец има законски право,во текот на неделата да има еден слободен ден,и он тој ден е пак мајсторите,и неможе 1 саат да искочи така? Секоја ти чест како имаш живци,некој 2 месеци да тегнеш,за да се сретнете да се видите на кафе.
Дефинитивно. Во текот на 2 месеци, секој ќе најде време за кафе и тоа не еднаш туку повеќе пати. @GirlLove што ти врати на тоа? Добро е што си му кажала што мислиш. Не е фер од негова страна да дава ветувања кои нема во план да ги исполни.
Мислам дека ти се надеваш на нешто повеќе од пријателство со него, а тој те гледа и доживува само како поранешна колешка од работа, другарски те гледа а и малку сака да се фали штом ти слика што опремува по дома, му се храни егото со фалење со слики. Затоа не сака да излезе со тебе и наоѓа само изговори, мајстори, брат му...
Хахха сега му пишав пак. Уште ќе ме лажеш? Хаха Мсилиш дека сум глупача? Претходно рече дека стварно ќе свика
Немам живци повеќе. Толку беше. Готово. Сечам в корен. Си прам само филмови дека ќе биде нешто. Нема да изгледам повеќе мизерна во негови очи.
Па штом таа воопшто не те побарала значи дека не е заинтересирана. Искрено, јас сум од оние девојки што сакаат машките први да пишуваат, но кога сум заинтересирана за некој секако дека и јас ќе се потрудам да му пишам или да го побарам. Доколку и таа спаѓа во оваа категорија, а досега воошто не се потрудила да направи нешто тогаш добро си направил што си го прекинал контактот.
Во толку кратко време, премногу различни нешта прочитав од тебе, по никот те запамтив и последно сега кога те прочитав, ми текна што имаше претходно пишувано во други теми на форумов. Нешто стварно не ми штима. Мислењава ти се во период од 10 септември 2019 до денес 05 октомври 2019, значи нема ни цел месец, а толку многу контрадикторности
Благодарам на рекламацијата Се шо имам пишано е мое мислење. А темата со кондомите прецени ти шое ХАХАХААХ
И Спилберг да му позавиди. Тек ако почекаме до крај на годинава, којзнае каков ќе биде завршетокот. Додуша ова појше ми личи на некоја добра сапуница. Едвај ги чекам идните епизоди. Само поскоро да се, Волшебнику порфавор.
Хахах . Па шо да ви прам кога земате се на готово и сфаќате буквално. Искрено треба малце прашина кревање т.е заебанција како во темата со кондомите, друго шо имам коментирано во други теми е целосно мое мислење и е точно, без тролинг.