Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    6.886
    Пол:
    Женски
    Тоа кажува се. Не му пишувај повеќе, не го контактирај воопшто.
     
    На joy1, Alisa22, piksooki и 2 други им се допаѓа ова.
  2. meri12345

    meri12345 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво. Нова сум овде и имам проблем кој сакам да го споделам со вас. Сакам кој може да ми врати или овде или во приватна порака, дојдов до таа ситуација што сум очајна и морам да добијам совет, затоа што самата не знам каде одам и каде да гледам излез од оваа ситуација. Вака, имам дечко, кој од мене е помал 10 месеци, 24 години. Во врска сме година, пред него имав проблеми со мој бивши дечко со кого се влечевме 7 години, и кога конечно решив да биде крај веднаш се фатив со сегашниот дечко. Со него се беше во ред, се додека не сфатив дека ние сме сосема различни карактери. На почетокот на врската ни беше интересно да сме секој ден заедно, да преспиваме заедно, и секој ден да ги правиме истите работи. Почнавме цело време да се гледаме, јас не излегував со моите другарки ниту пак тој со другарите. Еднаш неделно само, некогаш ни тоа го немаше. Од моите другарки јас не добив критики, но една која ми е најблиска ми укажуваше дека морам да имам и јас свој живот, и тој. Јас не , продолжив со него секој ден. Викенд за мене не постоеше, алкохол не пиев, а инаку пијам , од како сум со него не пијам повеќе поради тоа што не ми дозволува, на почетокот првите два пати кога излеговме бев пијана и ми рече тоа да го сменам и јас престанав да пијам, и да излегувам на диско повеќе од шест месеци. Почнав да јадам се сешто со него, и тој јадеше , но тој вежба, а јас не се ни шминкав, цело време само во тренерки и без шминка... дома мајка ми се чудеше зошто сум таква, ајас само ќе и кажев тој ме сака ваква. Се здебелив плус 15 кила, станав никаква, не личев на самата себе. Се запознав со неговите, се беше во ред, и со роднини и се се најдобро. Тој отиде да живее во странство, затоа што неговите се таму.Бев таму , го видов животот и сум спремна да отидам (или бар така мислев) и јас таму, имам и јас документи, нема никаква пречка, договорот е здравје на пролет да одам и јас. Проблемот се јавува токму сега овој месец. Од како тој отиде, јас ослабев, ги намалив тие 15 кила, сега сум во ред, кога бев летото кај него , внимавав на исхраната не дозволив да ме здебели пак начинот на кој тој ги прави комбинациите со леб , пици, баници и слично.. почнав да се средувам и се вратив повторно старата, без никакви проблеми од другарките и другарите бев прифатена пак. Кога еден ден решив да одам на кафе со другарките, облеков голо меше. Е од тука, почнаа проблемите. Цела вечер не ме остави на раат, укажувајќи ми дека јас не смеам да носам кратка маица затоа што имам дечко и тоа не личи на девојче кое има дечко. Не ја објавив сликата, само имав story кое стоеше 24 часа. Се расправавме 3-4 дена, и тој почна да ми кажува дека ако ја објавам сликата ќе ме избрише, дека не сум таа што ме запознал, дека не смеам да пијам алкохол , да излегувам со другарки , да одам во диско и да носам кратко, затоа што машки ќе ми пишувале. Требало да бидам старата, онаа која ја запознал и која се откажала од се. Пробав со разговор да му објаснам дека не е во ред така, дека едноставно јас не сум таа, јас му велев да излегуваме тој не сакаше, ми велеше ајде нека не ти се излегува многу , и останувавме дома. Јас сум личност што сака да се дружи, зборувам многу, сакам да излегувам и имам пријатели. Моето друшто е секој викенд излезено, а јас 6 месеци не бев со нив. Помина таа караница се до оваа недела. Оваа недела се излезе надвор од контрола. Не знам како и не знам од каде, почнав да се чувствувам премногу чудно за една личност. Помина некое време, јас со дечкото бев во океј односи, но пак со префрлувања, ама не до големи караници, се додека не се случи тоа што се случи. Од неговиот да речеме така поблизок другар, требаше да земам нешто , и отидов да го земам. Се видовме, ме однесе до дома и останавме да се муабетиме можеби 20минути. Зборевме за се, а главно за животни, јас обожавам кучиња. Толку многу ни одеше муабетот што се договоривме дека ќе ги прошетаме заедно нашите кучиња. Мојот дечко спиеше баш тогаш, утре му го кажав договорот, тој збесна. Ми исклучи на телефон, почна да ми вика, како сум можела со негов другар да се договорам? Јас уште толку се налутив, затоа што не гледав ништо лошо во тоа, едноставно сакам премногу животни, и сакав да ги прошетам. Не , ми рече не може. На детето му должам услуга затоа што ми има тој завршено нешто за мене, ама никогаш не сме имале некоја посебна близина, како овие денови. Ние почнавме да си пишуваме по цел ден, до вечер, за се си пишувавме, за различни теми, по што јас му реков да дојде викендот со нас да излегуваме. На мојот дечко не му кажав, а за шетањето не отидов, иако тој ми пиша дали ќе излезам... другарот се согласи и викендот се договоривме да излегуваме. Дојде викенд, и дечкото ме прашува со кој ке излегувам? му кажав со другарките, а тој упорен со кој, со кој друг? Веќе знаеше дека и другарот ќе дојде, но јас не му го кажав одма, и тој збесна. Не ми дигаше слушалка, не сакаше да зборува со мене, и тоа беше се. Јас се спремав, дојде другарот не зема со другарките, и отидовме на излегување. Се додека не ме фати алкохолот. Си правевме цело време, двајцата муабет, и наеднаш мојот дечко почна да ми звони, нон стоп, со кој си збориш, со кој си правиш муабет? И јас помислив дека другарот му е кажал нешто и го прашав, тој ми кажа не нели, немам ништо кажано, само му кажав да ти врати. И јас му објаснив тогаш каков е всушност тој, дека не е коректен спрема мене, дека ме тера да го живеам неговиот живот, дека не ми дава да излегувам , да пијам и да се облекувам кратко. Заборавив дека пред да излезам , ме тераше да се сликам во блузата, до каде ми била кратка, зошто сум носела голо меше итн. Потоа отидовме во диско, се беше во ред, се до дека мене стварно не ме фати алкохолот. Сфатив дека со другарот се погодуваме за кучињата повеќе од се, и дека тој ми се допаѓа. Го видов со девојче , јас отидов и го фатив за рака и го донесов на масата. Не знам , не се сеќавам многу добро, излегов надвор по него, не знам , што се случи, ама како што стоевме тој ми кажа дека девојчето му било роднина, а јас кажав нешто како дека не му верувам , и дека тој не треба да е со неа, туку со мене. Тој се зачуди , не знам како изреагира , и му реков да ме однесе до дома, а тој не , тој ми е другар. И не се сеќавам друго. Тој си отиде... утре дента, се видовме , се беше нормално, се поздравивме, а пред тоа си пишувавме, го прашав зошто си отиде, му било лошо, а пред тоа ми кажа дека имал проблеми, ама заради мене пиеше водка.. не верувам дека е бил дома, туку со друго девојче. Во меѓувреме, мојот дечко ме чекаше да си дојдам, пишуваше, урлаше, вреѓаше... почна а ми се заканува дека ке се самоубил, ми се сликаше како плака, како сум можела да се сменам итн итн.... цел ден се каравме за тоа, тоа што се тој ми кажа не беше нормално, да дае господ на ругарките се најлошо, тие ти ја полнат главата, како си можела со другарот напред да седиш, и уште што не... јас сеуште сум шокирана од се што слушнав. На крајот дојде до заклочок дека ќе се смирува и дека смеам да пијам алкохол само со него, и да го прашам дали смеам да се напијам една чаша? Дека треба нон стоп да му пишувам додека сум излезена, со другарот кучиња никако шетање, облека пристојна, и тоа е тоа. Јас не знам што да направам. На другарот му пишав да излеземе, да направиме муабет, ми врати не сакам да правам нешто зад грб, ќе се налути, јас му кажав не , нема ништо лошо, само да си направиме муабет. Тој ми рече во ред, ќе ти пишам до вечер. Вечерта ми пиша, дека нема да може да излезе, не бил овде, имал обврски утре, и од тогаш го снема. Не ми ги отвара сторињата, значи втор ден го нема веќе. Дечко ми ми праќаше слики од река во која ке се фрлал, ми се закануваше, и едноставно веќе не се чуствувам исто за него. Ми кажува мили работи, јас немам желба да ги изговорам а не па да ги правам со него. Јас не велам дека моето е во ред, што јас кажав на неговиот другар, да ме води дома, но јас сум се така чувствувала во моментот и тоа ми излета, не велам дека е во ред што имам некакви симпатии за него, но сметам дека мојата врска е надвор од контрола. Дечко ми ми вели дека ќе се здебелеам уште толку ,дека намерно ќе ми свршил внатре, дека ќе ми дигнел рака ако треба, јас збркана не знам што да правам. Сите ме советуваат да раскинам, знам дека за викендот повторно ќе има ваков напад на љубомора. Еве сега се е во ред, но јас пак не се чувствувам сигурно со тој човек. Сакам да направам муабет со другарот, чисто да видам што тој мисли за нас, за целата ситуација, да му објаснам каква е ситуацијата и врската меѓу нас. Не го оправдувам тоа, со дечко на другарка или со женска на другар, но сега кога на мене ми се случува нешто, можам да ги разберам лугето што им се има случено вакво нешто. И да не е тој во прашање, јас со мојот дечко повеќе не се чувствувам тоа што сум била некогаш. Со него н сум своја. И другарот има чудни мисли, кога има девојка нема фб, но сепак мислам дека ме разбра што сака да му кажам, а од друга страна според тоа што си пишувавме цело време, тој ми пиша прв, и според начинот на муабет помислив дека можеби сака нешто со мене. На еден начин како да си пронајдов некоја сродна душичка.... не знам што да правам , очајна сум и ве молам за совет.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Ова е еден од најдобрите совети што ќе ти ги даде некое машко:
    Ако раскинеш, не влегувај во нова врска. Биди сингл подолго време.
     
    На marlonbrando69, buba4e89 и Leroy им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.463
    Допаѓања:
    22.276
    Пол:
    Машки
    Каква врска има со неговото однесување и забрани?


    Му паднала маската на изигравање дека не е љубоморен и посесивен. Или ќе се вразуми и ќе почитува желбите и ја прифаќа личноста таква каква што е (освен ти ако немаш намера да се промениш), или мавај му клоците.
     
    Последна измена од модератор: 9 октомври 2019
    На Leroy и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  5. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Претпоставувам дека ќе му раскине, и тоа што поскоро треба, на такви закани.
    После тоа нека си биде сингл девојчето. Ако не ме послуша, ќе воочи дека сум бил во право после некој месец, година.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @meri12345 нека се самоубие, бе.
    Ако е глуп - нека се самоубие. Блокирај го и носи си голи мешиња. Ич вагината да не те боли.
     
    На piksooki, lovestoneddd и candy.cane им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Дечко ти е еден ебен манипулатор. Слика од река пуштал ќе се убиел. Копиле ниедно. Раскинување без никакво размислување. Искрено ги сфаќам луѓето што имаат некаков проблем за кој имаат двоумици, дали вака да постапат дали онака. За ова зарем се прашува како да постапиш? Не ми е јасно.
    Не мора да си со некого во врска. Ако испадне нешто со другарот, ако убаво тргне работата океј, али треба да знаеш ако раскинеш со овој тешко дека можеш да бидеш со другиов и они да останат другари. Но раскинувањето не треба да зависи од тоа дали со другаров ќе се случи нешто или не.
     
    На buba4e89, ЕденЧлен, nightingale и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Нешто слично сакав да ѝ кажам погоре само што не ги "поддржувам" сите зборови :) само сингл некој период, добро да запознае некого и пет пати мери еднаш сечи.
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Кој зборови
     
  10. meri12345

    meri12345 Нов член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за одговорите, @Mantub @Keanu_R.Wick @DAngel @Stark
    Да допишам и јас некои работи, во право сте, не сакам да верувам во тоа дека тој ќе се смени, затоа што нема. Мислам дека сега само ми прави филм за да биде се во ред меѓу нас, и се плаши дека нема да најде друга затоа што сум му и прва посериозна девојка, со претходната раскинал одамна и се фатила со негов пријател, познаник но два месеци по раскинувањето, и не велам дека е тоа во ред, ама нај на крај се дешаваат секакви работи. Јас не можам да разберам што се случува со него и зошто се сите тие работи, зошто е таков карактер, инает, што не можам ни да разберам ниту пак можам да се обидам. Се плашам од иднината и како јас да одам со него, сега е се океј, ми вели што да ти купам, со душа те чекам, јас немам желба да му кажам дека и јас го чекам, како за еден ден да ми ја снема целата љубов за него. Од друга страна, не можам да престанам да мислам на другарот. Јас сакам да излезам со него и да разговарам дали и тој го има почуствувано истото или не, не знам на кој начин да го убедам, ви кажувам дека ми ги немаше отворено ни сторињата, еве вчера ми ги отворил, не знам дали сето тоа пишување е поради тоа што тој е таков карактер,друштвен или поради тоа што и тој мислел на истиот начин како јас, сакам утре да му пишам и да бидам директна... не знам што да пишам за да го прашам да излезе со мене, ама ќе го направам тоа. Не му е кажал ништо, не знам поради што, дали поради тоа што го знае каков карактер е или поради мене. Во секој случај, јас можеби сум крива, што не почекав да си одиме заедно и да видам што ке се случи, не знам ни каде отиде ни дали со девојче... не знам, бев многу среќна, сега сум разочарана.
    Не знам што да направам, немам желба, можеби мојот другар ќе го покани со нас на излегување викендот, тој и тоа не го кажал на мојот дечко, кажал дека со другарот мој се слушнале, а не со мене, затоа тој збесна зошто јас не сум му кажала дека и тој ќе дојде, зошто сум седела напред итн итн..... некако како тој да е љубоморен на него, не знам дали поради случката од минатото,а секако и на мене... и како вие како машки ме советувате јас да излезам со другарот да си направам муабет? и што да му кажам?
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @meri12345 јас мислам дека не треба да направиш ништо, дека треба да си дадеш време себе си.
    Многу е веројатно да го идолизираш односот на другарот и него како личност затоа што ти фали блискост од дечко ти.
    А не, тој нема да се смени. Може нема да те замара ден, два па и година, а после ќе се врати се по старо, само ти ќе заглавиш и си го тропип времето.
    Остај го, ама не се затрчувај по другарот. Дај си малку време за сама себе.
     
    На MarianaBT, cresa-jagoda, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Девојко, дечко ти се заканува дека ќе се убие. Слика да му пушташ како си облечена пред да излезеш. На такви стоки не треба да им посветуваш ни 2 мин внимание. Што да ти купел, што и да ти купи не се мери со ова што ти го правел. Цел свет нека ти го купи.
    А другарот ти рекол дека нејќе ништо позади грб на дечко ти. Може тоа му пречи. Може нејќе ништо со тебе дури си во врска со овој дебилов. Јас да сум на твое место ќе раскинам со дечково без разлика што ќе се случува понатака со другарот.
     
    На cresa-jagoda, Amellie13, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    За делот што го болдирав: ако те изгуби, што реално и може со тоа однесување (а дека те сака - те сака), ќе има дупли, трајни, доживотни последици. Ти пишува паталец...
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    ТАА НЕ Е ОДГОВОРНА ЗА НЕГОВАТА ПСИХИЧКА СОСТОЈБА. Нека има, нека пати говедото. Таа нема да има последици после таква врска?
     
    На candy.cane, Amellie13, smooch и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Извини не те разбрав, дали ти велиш дека он уствари ја сака нејзе ?
     
    На candy.cane, smooch, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.149
    Допаѓања:
    329.294
    Пол:
    Женски
    дека па ти виде љубов тука?
     
    На candy.cane, Nausicaa и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  17. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Апсолутно не е одговорна, повреден од минатото, не знае кај тера, затоа е таков.
    Да се надоврзам, пишав погоре, ако реши да раскине, нека биде сингл подолго време. Тоа најдобро за неа.

    Ете, некогаш наше однесување некогаш околности, можат да направат симпатиите да се пренасочат од една на друга страна.

    @meri12345 колку години поминале откако раскинал тој со предходната?

    Дечкото што е странство, ја сака и е болно љубоморен. Претпоставувам дека неговата љубомора само придонела таа освен што ќе го оддалечи од душа, плус и ќе ја привлече другарот.
     
    Последна измена од модератор: 9 октомври 2019
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Да те едуцирам малце. Ја сака и е болно љубоморен не одат во иста реченица.
    Да го сакаш некого значи да му дадеш апсолутна слобода. Кога ќе облече кратко да и кажеш многу си убава, помини си убаво вечерва со другарките.
    Да ти кажам тебе и на мери што он чувствува. Он е себично копиле кое сака само него да му биде убаво, он да им некој покрај себе некој кој ќе ќути и сите негови фрустрации ќе ги трпи. Она не може никако да придонесе за неговата љубомора, како што во темата за сексуално вознемирување збориме дека носење сукња не може да придонесе за вознемирувачите да свиркаат и да плескаат по газ. Научете што е сакање и љубов.
     
    На MarianaBT, Amellie13, Bruce10 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.236
    Пол:
    Машки
    Во врска со мери, се согласувам со подцртаното. Последните две реченици исто, ама не ги подцртав, за другата тема се.

    Ух, дечко ѝ...па ќе научи, има време. А има и начини да му раскине на помалку безболен начин. Не сме чудовишта, и тој има чувства. Еднаш (поради себеси најверојатно ама не знаеме што го снашло, како и за сите други што не знаеме) се изгорел, и тоа јако. Може е крив ама на соодветен начин помалку ќе боли.
    Мој краен совет @meri12345 : Раскини му, налути му се, кажи му дека е поради него, поради постапките. Ваљда ќе научи.
     
    На Bruce10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    На кој побезболен начин? Никој не и рече овде да го претепа. Сите и велиме раскини. Тоа не е бидејќи сме чудовишта туку дека се грижиме за себе си. Засрами се. Заради такви коментари ко твојов девојки остануваат со насилници пошо они се криви ако ги изнервираат. Баш ме заболе за неговите чувства. Тоа што доживеал не значи дека треба да си го лечи повредувајќи други.
     
    На Amellie13, smooch, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.