Me интересира машко мислење.Вие сте чудни суштества нели? Е сега сакам да знам.Дали вие машките забележувате кога некоја девојка ве сакала и со која сте во лоши односи и ви додевала кога ја нема долг период дури и да не ви значела?Дали се прашувате каде е,дали ке ви недостига нејзиното внимание (со оглед на тоа дека пред да бидете во лоши односи сте имале супер пријателство па дури и мување?)Колку период е дозволено да е "исчезната"девојката? Па колку толку треба да ви е криво ако сте се однесувале лошо?
има ли мажи на форумот????? за прв пат не сум заљубена , но го сакам . не запозна еден нас познат и имам многу убави спомени како се слуцувасе тоа постепено.убво беше. бев свесна дека не сум заљубена но дека ми се слуцува несто баво. сум била заљубена и изгубена во животот итоа сум го презивувала многу теско, но ова не е таков случај. ова е врска на растојание. теско е, постојано патувам јас поцесто, тој ретко доага кај мене .ги поцитува моите и ги цени, а и тие го сакаат , а исто така и неговите мене .во врска сме скоро 1,5 година , ме запозна со сите негови роднини и пријатели и сум одлично прифатена од сите, но чувствувам несто с еслуцува , со него не мозе да се разговара секогас сериозно , тој не е по тоа,се ,,врти,, на мајтап.внимателен е, кога имаме мозност узиваме во некој викенд и сме биле заедно на многу места.во сексот е ок,ме прасува онака пак на шала сто мислам за во парови или тројка.она сто ме маци е сто не мозам да допрам до него и не знам како,вероватно ја знае мојта слабост дека се лјутам ако ми зборува за тој како сто вика: не си само ти бев со друго маче , а потоа се смеска и заблезувам тогас му е влазен погледот.постојано се критикува , не само со мене туку таков му е ставот.по улица се двизиме еден додруг , не за или под рака а и на тие сто не ме познаваат ме претставува како другарка.е тоа мнгу ме боли и ми е многу цудно.и друго несто , сите мислат дека сме убав пар и прасуваат кога брак , а тој го избегнува тоа прасанје.имаме 34 год. а тој нема план .ме боли тоа многу .ве молам за совет,понекогас ми доага да се разделиме , но сто потоа? не мозам ни со неог ни без него, а го сакам.како да го натерам да се отвори, а знам од сигурни извори дека не му е сеедно и дека со мене му е поразлицно отколку со другите врски до сега.како да постапам?многу ми е теско , губам интерес кон секојдневни работи и само си собирам во себе(со него теско да се разговара, пробано е неколку пати и нема напредок).хаотично е написаното,така се цувствувам и јас,не знам сто да направам има ли шанша да се среди?има ли мажи на форумот и каква е позадината на ова однесуванје?
има ли мажи на форумот????? А, от каде си ти сигурна дека не му е сеедно за тебе, доколку пред луѓето те претставува како своја другарка. Роднините негови те знаат како другарка, или како негова девојка во последните година ипол. И како тоа ти патуваш, а тој не? Зашто?
има ли мажи на форумот????? Јас сум девојче, и многу помала од тебе ама ќе си земам за право да ти дадам некое мое мислење. според мене има неколку варијации. Прво: Навистина му значиш чим те запознал со неговите, можеби и те сака, со детските муабети само те рчка демек бил со друга, а се плаши од обврска и од тоа колку многу му значиш. Друго: Можеби е мушка к. па и неговите го знаат како таков и не му било проблем да те претстави. Трето: Можеби не ни имате официјална врска, да не те смета за секс пријателка, па те испрашува од страна за тројки, и слични перверзии. А фактот што те претставува како пријателка додека ти тврдиш година и пол сте заедно, некако не ми мириса на убаво. Не можеш така да кажеш дека е тешко да се зборува. Не е тешко само треба да знаеш како. Не можеш во животот на твои години да стоиш негде а ни самата да не знаеш каде стоиш и дали имаш некој до тебе. Врската е на далечина па си има и предности и мани секако. Ти си пробувала да збориш, ама тој очигледно те знае па знае како да заобиколи сериозен муабет и да дојде до секс. Гледај да не дозволиш, застани си цврсто пред одлуката, нека ти каже што и како е. Мислам не си мала и излишно би било да ти кажам, уживај во моментите, времето и судбината ќе решат се, зашто нема да решат. Не додека ти не ги земеш конците од твојот живот во твои раце. А што тој чувствува мислам ни едно машко нема да ти одговори, освен дотичниот сам да ја отвори устата. А ти мораш да најдеш начин да го натераш да зборувате. Се знае време за шала и мајтап, и време за муабет и заеднички одлуки. Се најдобро.
Ви благодарам на сите за одговорите,па вака: неговите знаат многу добро дека сме во врска и тука нема дилема.од најстаро до најмало во фамилијата тоа го знае и сите оцекуваат да се слуци несто убаво.одобрени сме од двете страни.во врска со патувањето, јас патувам зосто кај него има повек еуслови да го поминеме викендот,за разлика од кај мене.малку и двајцата сме во моментална финансиска криза,а од друга страна мислам и дека му е незгодно работите да ги казува со вистинските имиња.(другарка-девојка)кога го прасувам како ти е во врската .одговор:ок е. сто понатаму? одговор:јас не планирам нисто во животот, здравје, сакам спонтано да си тече се. многу мисли и не е воопсто ресителен и за други работи сто не се толку битни,а не пак за брак.а од друга страна си виккам ако на некој несто му се допага к е побрза да го земе , зосто мозе да го снема, а трето е пак сто ако не сакасе да сме заедно досега к е го средесе тоа, зосто ми казал: не се замарај со непотребни работи , кога ке го прасам за иднината, ок е и толку.илјада зосто илјада затоа и не знам сто да направам ,а премногу страдам. сакам веке да се средам , сите наси пријатели се со деца, ние усте Америка ја откриваме.
Лошо и јас се изразив,се извинувам.Му досадував за некои работи инаку секогаш беше тој првиот кој ми пишувашше,ама тоа беше период кога имав некои сомнежи и барав да ми ги одговори.Не беше од она класично досадување кај бил со која бил туку онака зошто се однесува така со мене,дали има проблем да го средиме за да на крај тој прв почне а јас да си молчам.И така почна тој да ме навредува и да го нема со денови да ми зборува кога и да му пишав беше ладен кон мене со што ми пукна филм и деактивирав акаунт и ме нема веке една недела да се логирам А би сакала мислење што да правам за понатаму,ако се вратам некогаш на фб дали да го побарам или да му кажам дека е крај мегу нас или да чекам на него да се сети? Ебаго не сте толгу бездушни
Неможев никако да сватам, и ден денеска ми се врти истото прашање у глава. Се случи пред 3-4 години но сепак, многу ме интересира вашето мислење... Што ако си у врска со типот и секогаш коа потенцираш на секс или ако го закачнеш неговиот ''мал пријател'' типот те трга и потенцира да не го фаќаш на тоа место. А иначе све е океј, се смее излгаме све океј.... али тоа слаба тачка хахахах многу нетипично за машко!
Вака сега. Прво сепак ми е драго што неговите те знаат како негова девојка, а не како пријателка и до некаде го разбирам и тој проблем „како да те претставува пред луѓето“, веројатно и јас ќе го имам истиот проблем некогаш, кога ќе надминам некоја одредена возраст и мене ќе ми биде незгодно да речам ова е мојот дечко, не за друго, а бидејќи некако тинејџерски ми изгледа, дури и денеска така ми изгледа, кога треба да претставам дечко. Но, те прашав за ова со родителите, само колку да ми е јасно колку е сепак озбилен со тебе и драго ми е дека крај краева не те мафтосува, ако ништо друго. Е сега. Тоа што те знаат неговите и те одобруваат е различно од тоа како тој се чувствува по прашањево вие заедно да живеете и да имате деца. Па, бидејќи не сте веќе тинејџери, а ти се чувствуваш прилично спремно за чекор напред, можеби треба отворено да си кажеш дека го сакаш тоа и да прашаш што тој мисли. Работата е што во ситуацијава или ќе го добиеш одговорот што го сакаш, т.е ќе ти каже дека и тој на тоа размислувал, но го чекал вистинскиот момент или ќе го избегне одговорот, што на мене на пример не би ми се допаднало, бидејќи излегува дека тој не е спремен за она за што сум јас, дури и не помислувал, а камоли да направи нешто и тоа, на таа возраст и по толку (колку и да е) време поминато со мене. Но, има и трета варијанта по ваквиот разговор, а тоа е да едноставно се оддалечи од тебе и да исчезне дали за некое време, дали засекогаш, но просто односите да ви се нарушат. Што ќе е навистина болно за тебе, верувам претерано болно, но барем ќе знаеш дека врската ваша не одела во иста насока во која си сакала ти да оди и ќе можеш да продолжиш со животот.. се надевам ќе можеш, бидејќи треба, мораш. И јас да сум во твоите чевли, искрена да бидам нема да знам што да направам, кога сакам да сум со тој човек, а тој секој муабет го тера на шала и е несериозен. Но, можеби по сето време поминато со него, крајно време е да се решиш и ти самата да дознаеш на што си, бидејќи е сосема правилно и сосема ферски... и само така ќе знаеш што понатаму. Во крајна сметка ти одлучуваш и ти најдобро знаеш на што се си спремна, што се можеш да истрпиш и да жртвуваш од еден сериозен муабет и да го направиш или едноставно да оставиш се така како што е ... макар што веројатно тоа не знаење те доведува до лудило. Така што избери, размисли за се и прави.
Ако не допирало до мене нејзиното внимание, нема да го забележам ни нејзиното отсуство. Во случај да ме исконтактира за колку едно здраво, краток чат ок, ама повеќе од тоа никако.
Мене ми се чини дека си му се смачила, чим никаде го нема. Со самото тоа што немате контакт, тој сигурно и си мисли дека веќе не сте заедно. Барем јас така мислам. Чим досега не му текнало, нема и понатаму да му текне. Јас би те советувал да не го бараш, остави како што е.
Те навредувал, бил ладен и го снемало. Мој совет, остави го каде и да е. Не ти треба некој што така се однесува со тебе, тука особено мислам на навредувањето. Зашто ако ти иницираш контакт тоа значи дека си слаба и му даваш на знаење дека може да те третира како што ќе посака а ти ќе продолжиш да му се враќаш. Дури и ако он прв те исконтактира биди внимателна и поповлечена од претходно. Ни под разно немој да го конфронтираш со прашања од типот Ама зашто? Ама како? Ама дали?... тоа тие сигурен начин никогаш повеќе да не го видиш.
Другарка ми кажуваше дека еднаш имала врска со дечко кој не сакал воопшто таа да го допира... Испаѓа дечково ја користел неа како покритие пред свет, а си имал други ...преференци Долго време сте заедно?
се држи место сто напиша, тоа за претставувањето , еве ке го ставам во колоната ОК, зосто и мене да ме прасаат ке одговорам : да, во врска сме ,а не , дечко ми е. мислам дека тоцно тука лежи зајакот за тоа(непријатно поради годините, децата така зборуваат), мене ме плаши , лути, ме вознемирува од една страна неизвесноста сто не знам на сто сум ( нормално никој не може да биде сигурен до крај) но кога започнувас несто се надевас да биде убаво и да има некаков видик и насока барем до некаде, нели?и тоа што кога ке го прасам некое такво пршање( сто понатаму, сто мисли) тој ми изгледа толку опустено и ми прави една наивана фаца безнаджна, крева рамена и вика: не знааамммм, и пак ми се смешка. е не е ли тоа да си пукнес во душата?ме вбеснува ,но се контролирам.размислувам, еве ке му дадам фора до есен , до тогас ке с ересат некои финансиски трзаници се надевам , а мислам дека од тука тргнува се,и ке пробам пак да го насочувам во тоа време ,ако нисто не биде повеке не мозам да чекам . но с епласам дане згрешам и после тоа да се каам.кога го писувам ова се прасувам потсвесно , за каде брзам има ли некој сто ме цека па да прекинам со овој? а ако с епродолжи пак ке биде по старо, ајде да сетаме , екскурзии,дружење , се сто носи врската се разбира и во интимна насока ,ама не се секава да каже несто стабилно за иднина.моите прасања му доагаат како камен по глава.нема да можам да преболам , ке ми треба многу време, пак разочарувања, пак сама, пак лошото цувство дека несто ти фали не ти е на место , а за нова врска и нее така лесно , а плус од поцеток пак се на ново и за што? за да се стигне до некое вакво ниво на заедништво и пак на дотицниот да му текне нешто и на крај нисто. не мозам и не сакам повеке така.секогас сум била таа сто повеке дава во емотивниот дел, знаам многу да сакам и да осекам дека му е ок.не сакам наметнати работи,сакам разумна слобода и некој сто нема да ја злоупотреби. но безразличноста ме убива. а пак од друга страна кога ке го земам во предвид неговиот хороскопски знак и не е така чудно, такви се, многуу затворени , педантни , ситничари, имаат очи и за тоа сто другите не ни помислуваат и сакаат ред и дисцилина. согласна сум со се и јас сакам некои такви работи и затоа ме боли , знам , сигурна сум дека си одговараме , нема да биде разбран од многумина за тоа, ама....кога му кажувам дека сакам да се гледаме почесто не од викенд на викенд ,одговор: ке си најдеш некоја шема таму, нема почесто. е не знам сто да правам
не ми е една работа јасна: дечкото нели ИМА девојка во врска е, и како што гледам супер им оди(според сликите на ф.б.) не ми е јасно ЗОШТО показува вакви реакции кога сум во негова близина? и пред неколку дена си стави слика заедно со девојка му на ф.б. така да ионака не ме привлекува и згора на се поседува карактеристики кои кај машко не мозам да ги поднесам, и ја има истата политичка функција како еден од бившите само во ралична општинска единица и само што ме виде дека сум вклучена на ф.б. побегна ко кукавица
Ама тебе добро ти доаѓа, нели? Значи јасно си е како ден - му се допаѓаш, не знам зошто не ти е јасно.. еве се трудиме да ти разјасниме Што ако има девојка очите за гледање се, а и тој нема вечно да иде со истата, па те фатил на око
Ама тебе добро ти доаѓа, нели? Значи јасно си е како ден - му се допаѓаш, не знам зошто не ти е јасно.. еве се трудиме да ти разјасниме Што ако има девојка очите за гледање се, а и тој нема вечно да иде со истата, па те фатил на око значи типов беше со една долго време па незнам што се случило па раскинаа(нели пошто сме пријатели на ф.б. видов дека ги снема нивните заеднички слики па сватив што се случува, имаше мала пауза (ниту ми пракаше гестови ниту ништо, и нели сега е со оваа девојка со која што е , почна да ми прака сигнали) и верувај последно машко да е , НЕМА да има ништо помегу мене и него, ти казав дека поседува некои карактерни особини кои ми пречат,и најзгора од се во таа партиска целина се и некои школски другари од маало, и секако нетолку познати од маало, па немам намера цело маало да ме озборува заради некој си партиски мозок бе :!
Се тоа океј, ама ипак.. доколку некој не ми се допаѓа, нема зошто да прашувам за него по форуми Како и да е, тоа е мое мислење, поздрав
Фемина, овој дел од твојот пост ти е всушност за жал грдиот одговор што ти го дава човекот за тоа како гледа на вашата врска и вашата иднина... така за жал ми изгледа, не знам, можеби и ти самата да си го почувствувала така, верувам си го помислила, но ти изгледа, ко што и кажа не можеш да се откажеш од врскава, баш од стравот што понатаму и ко што гледам подобро ти е во неа, отколку надвор од неа. Тој, всушност воопшто не гледа ваша заедничка иднина и истото ти го кажува индиректно, а не во лице и отворено, бидејќи сака да си продолжи да си се гледате одвреме-навреме, но не сака да одите напред. Не сака свадба, не сака деца. А, не знам, можеби и дури да се обидел да се оддалечи од тебе, тоа ти најдобро знаеш и можеш да си процениш од се до сега. Знам дека е грдо да мислиш што понатака, но побогу, подеднакво грдо е според мене да си со некој во ваква ситуација. Всушност и не знам дали е подеднакво грдо, пошто знам само дека се додека си со некој со кого работите не одат кон никаде, едноставно не оставаш простор за друго нешто повредно од ова сега што го имаш, т.е немаш, да ти се случи. Си се упијачуваш во нешто за што и ти самата изгледа ми си свесна дека не оди кон ништо. Но и јас не можам да знам, сепак. Не сум ти во кожата, уште помалку можам да знам што тој мисли. Но овој дел горе од твојот пост, мене ми вели дека човекот е едноставно за се, но не и за создавање семејство со тебе. Можеби треба озбилно и сериозно да си се преиспиташ себе си и твоето место во таа врска. Пошто ако те плаши тоа што понатаму, и подобро ти е ова, тогаш не жали се ако уште години-години продолжиш вака. Да се гледаш со некого само за викенди, да ти само трчаш кај него, а тој речиси и да не доаѓа, прости ми ама, човек на 34 години, не размислува за брак, несериозно зборува за сево ова, се смешка на прашањата твои, кога му велиш повеќе да се гледате ти вели, најди си друг, со поинакви зборови.. не знам колку е тоа добра прилика за мажачка. Мене ми изгледа како никаква мажачка. Ама, ете остави летово да помине, види ко што рече есента што ќе биде и решавај.
Се тоа океј, ама ипак.. доколку некој не ми се допаѓа, нема зошто да прашувам за него по форуми Како и да е, тоа е мое мислење, поздрав малку ми беше чудно неговото однесување па затоа и објаснив, да се посоветувам , да не згрешам нешто па после да бидам таа која ке ги плака последиците