Може уште утрово, а може во следните 5 дена, постепено. Јас ја советувам постепено, со игнорирање, со студ,.. не мора да го "отепа" со некоја кратка порака и да го изблокира на сѐ, барем не уште сега.
јаооо да го ожали него човек.Не носи кратко не искачај у диско,не се шминкај,не вежбај,не се дружи.Психотичен еден.
После хоророт кој го опиша низ низа случки постапки и зборови прашуваш што да правиш ?!?!?! БЕГАЈ ПОДАЛЕКУ ОД ТАКОВ. На себе нека дигне рака ако сака, голем минус божем за човештвото, туку може и тебе да ти наштети и тоа сериозно. Таквите луѓе не се психички стабилни. БЕГАЈ !
Оф бе златен жал ми паѓа кога ти ги читам мислењата. Искреност и ништо друго. Со игрорирање, со ,,студ"..wtf не се мали деца. Ти очигледно не знаеш како треба да се однесуваш со некој со кој си во врска. Не сакам повеќе да сум со тебе и крај. Ако му значеше девојчето ќе мислеше со време и немаше да дозволи врската до тука да им стигне. Патетики никој не е должен да трпи.
Не е доволно зрело детето сеа, што... Раскин е најдобро решение. Од неа зависи на кој начин. Како вадење заб: или со анестезија и антибиотици, или одеднаш, директ клешта. Тинк смарт. Фор ениуан.
Постепено, ако види дека се вознемири многу, да забави малку со раскинувањето. Тешко тебе. Ко мали деца со игнорирање. Нека го "отепа" со некоја најкратка и најсурова порака. Толку
Може да му пише "Ти раскинувам, толку е меѓу нас". Утре ќе се убие психото, ќе чувствува товар девојчево, дај припазете што предлог ѝ давате! Може да му раскине на начин да го натера него да ѝ раскине, да ја одсака. Е тоа е безболниот начин.
Тој што планира да се самоубие не дава известување за истото пред тоа. Типот е превише егоцентричен за да го стори тоа, тоа му е само карта за да ја држи уплашена и потчинета. Големо чудо.
Дај бе не присеравај. Нема да се убие, нема да ја откаса. Ќе ја малтретира уште повеќе. Тој не ја ни сака. сака да ја контролира. Се гледа чија школа си. Само отсечно и блокирање од секаде. Нема друг начин барем малку да има мир.
Нема да се убие ропакот, ама манипулативно копиле ако сепак се убие - мех. Закани со самоубиство е манипулативна техника за задршка и контрола на партнерот. Од овој момент натаму, ако девојката не раскини ќе станува се полошо во врската.
Корпа. Корпа! КОРПА.. Корпиште! Корпичка, корпичка, и да ти е златна, носи си ја Е тука веќе почнав да се смеам. Извини, знам дека не ти е смешно, ама јас ко виц да прочитав. Мери, момаков е манипулатор. Нема да се убие, ја користи заканата да те натера да играш по неговите правила. Вака безобразно да ти дадам совет: Тури му го ку*от! Што побрзо и со што помалку драма. А со лик како него, верувај, драма ќе имаш и на претек. Корпа и што подалеку од него.
@meri12345 ќе додам уште нешто на ова @Nausicaa шо кажа, ако сепак ете ти е страв ако го остајш да не се самоубие, раскини му и пријави го како опасност на себе дека ти се заканил дека ќе се самоубие. Вервај после ова, оти не, неќи да се самоубие, нема да му текни со ова техника да те манипулира.
^Уште подобро, @meri12345, направи скрин-шот од заканите со самоубиството и се тоа препрати им го нeговите родители. Ако се луѓе на место, ќе реагираат соодветно. Нека му биде интересно и на него Ако навистина е критично и стварно ќе се убива (како да не), ќе добие соодветна помош. Ако лаже за да те манипулира, ќе мора пред мајка му и татко му да признае какво говедо е. Во секој случај, вин- вин ситуација за тебе.
Нема нешто победно и пониско од тоа да го уценуваш партнерот дека ќе се убиеш ако не биде со тебе, дно дна А не дека ќе се убие овој сељаков, само манипулира со девојчето. @meri12345 ќе му кажеш дека на сила не можеш да бидеш со него и џабе се служи со ниски удари. Ќе му помине за некоја недела не се секирај.
Обичен лигав манипулатор кој нема смелост да се изгреба а камо ли да си го одзеде животот.Неговата "љубов" не е постои.Ти си само негова опсесија за да не остане сам.Моли за да биде со тебе ама не затоа што те сака.Ако уште еднаш бидеш со него ќе направи се за да те задржи.За да бидеш негова.Ќе стане насилен.Мој совет веднаш да се одалечиш.Ако ти каже ќе се самоубијам кажи му Твој живот твој избор.И незнам зошто се моткаш уште кога од авион се гледа дека не го ни сакаш а и не треба.Другар му можеби е човек кој нема да биде со девојка на другар затоа раскини а после смисли друго.Ај чао
Сестра ми имаше еден ваков психопат на времето,цело време и се закануваше,и пред зграда доаѓаше цело време со колата,и рокаше музика (жалопојки) пијанчења,закани дека ке се убие,го пријавивме во полиција,му пишаа казна и пак си продолжи по старо,додека татко ми еден ден,не се симна го фати за гуша,го однесе во полиција пак,и од тогаш до ден денес,ни трага ни глас од него,поминати се 10-12 години.За жал вакви шупаци ке има секогаш,најдобро е за тебе,да пратиш све на неговите родители,и пријави си го во полиција,да ти биде мирна главата,па после тоа што сака нека прави.А дека ке се самоубие филмови невидени,нека се јебе.
Фала ви на одговорите , сите сте во право. Сега се понаша како се да е океј, гледа кај мене промени и цело време што ти е, вчера излегов на кафе се задржав повеќе и тој кога ќе си дојдеш, ајде да си збориме... за кучињата кога дозна дека треба да излезам со другарот ми рече дека кучето му се одмилило и дека тоа ќе ми биде последно куче во животот. И најново од се што ми кажа е дека веќе нема да имаме односи со заштита, а јас не сакам така. И велам зошто? Вели па не си сигурна во мене? До сега како имавме со заштита, така и од сега. Друго во врска со другарот, не се чувствувам убаво, знам дека не е во ред, да се други околностите да, како и да е со дечкото сум 6 месеци, 6 месеци сме разделени, сега што се видовме само 3 недели. Јас верував во врската наша на далечина, ама не верував дека е ваков карактер.Инаку со претходната девојка, не знам кој ме праша, тоа се се случило пред 3 години сигурно. После неа се било фати, пушти, ништо озбилно. Од неговите сум прифатена и се е во ред, тој пред мајка му имаше испади за тоа каква ми била таа сукња.Таа му рече не е во ред. Значи според него се треба во граница, не било пристојно девојка да се облекува разголено која има дечко. Му смета додека збориме ако вратам на другарка, според него било потребно повеќе да си правиме муабет. Останатите машки ќе ми гледале делови од делото кој само тој смеел да ги гледа. Јас бев спремна да си одам поради него од тука, ама јас имам документи и не сум зависна од него за да живеам во странство. Јас сакам да разговарам со другарот, не велам дека ќе се случи нешто посебно со него, но барем ќе знам на што сум и утре и да се сретнеме да имаме нормален однос. А за дечкото веќе од толку што сум и разочарана, не знам што да кажам...