Советот ти е за 15 годишни, ќе намигнам, ќе си отидам и ќе глумам недопирлива и сл. Доволна е мала доза на харизма, насмевка, разговор. Потоа сама по себе ќе си дојде таа хемија, доколку не постои или не е двострана се осеќа по самите постапки и заинтересираноста на другата страна. А и некогаш најпаметна опција е да се стават картите на маса и да се признаат некои работи очи во очи, отколку да постои сомнеж и да се јадеме одвнатре дали на некоја личност му се допаѓаме или не. Храбра девојка е таа што не живее во сомнежи и стравови. Ги зима работите во свои раце и знае дека во животот не е се така розево и дека е сосема океј некогаш да бидеме и одбиени.
До сега можеше пет совети да ѝ дадеш наместо да кажуваш како нечиј предлог е како за 15 годишни. Како машко, тоа што го пишав фаќа на секого. Фрлање искра де, понатака следен рејр е тоа твоето, картите на маса као дејт и слично, со созреани салтнати.
@Keanu_R.Wick немој да мислиш дека ова го пишувам затоа што имам нешто против тебе.Да на почетокот ме иритираше но сега те прифтив.Но мислењето навистина не ти е на место и е многу детско.Девојката треба да оди и искрено да зборува.А твоевпо е повеќе за нешто друго...
Да.. ако е сценарио од порнич. Не е ниско. А ако 'господинот' мисли дека е... уште поарно.. од старт ќе го 'санираш'. Несигурно во себе и шовинисти, не ти требаат. И шо ако те одбие? Ти е гајле... Не ќе ти падни круната
Нема апсолутно НИКОЈ да го помисли тоа. Нема да успее 100% зашто може едноставно да не му се свиѓаш, ама дури и малку да му се свиѓаш секој би ти почнал муабет.
Тој истиот.. Со дека не му требала жена ќе го нервирала. Ме праша како ми било на работа, му кажав ок, само е напорно со деца и ми вели : Ако имаш 3 деца што ќе правиш? Во стил демек не се жали, интересно и лесно ти е.
Како ви се губи време со вакви ебиветри, не знам. Го гледаш и самата што ропак е и пак продолжуваш. Уште каков простачки муабет сакаш да ти сврти па да престанеш да комуницираш ?
@lovestoneddd @Keanu_R.Wick Вели се шали. Многу сериозно сум сфаќала. Ме буни, мислам дека подобро би можел да реагира, пример, не ти е лесно, деца се, пополека се ќе биде, учи се за твоите. Пример велам. И така подобро би го прифатила, а не ова глупо однесување на 34 год. Не го фермам поќе.
И шегите се битни, а посебно зборуваат за интелигенцијата на човекот. И начинот на шегување нема врска со годините, има врска со паметот. И на 15, и на 30, и на 50 човек треба да е духовит, и содржината на кажаното е одраз само на размислувањата на индивидуата. Мое мислење, на ваков човек не би трошела ни секунда.
Колку пати до сега рече дека нема да го фермаш поќе? А? На форумов сум година и пол, и уште си на статус кво со типов. Не бива со него ништо. Престани да си трошиш време и енергија, која можеш да ја насочиш на многу попаметни работи
Никој не треба да убедуваш дека нема да го фермаш повеќе, освен да бидеш категорична и одлучна кон себе дека ќе го прекинеш контактот. Само тогаш нема да те буни ништо во врска со него.
Значи, ок, пријател ми е овој што има 38. Ретко пишува прв, ако му пишувам од ми враќа и се замуабетува. И ми праќа што си купил за новиот стан. Столици, маси,кујната ми ја покажа. Ми праќа слики од кафана, од свирка. Не знам, не сме излегле на кафе. Нз дали сака воопшто. Се тргнеме 2 месеци. Знам дека тој што сака за тебе ќе најде време. Но, не го сфаќам општо како чоек.