@GirlLove , @happygirl11 , како не можете да ги разберете? Нема хемија значи "не ми го дигаш, не ме палиш, не ме привлекуваш во сексуална смисла, но добра си како другарка и за разговор" или со други зборови, friendzone. По директно од ова кажано амин. Јас овака имам четувано месеци и години со одредени девојки по цели ноќи. Ми годеше разговорот со нив, но ги гледав само како другарки (сите беа објективно физички атрактивни), но ете не ги доживував јас како такви. Имаше нешто turn off. И со таквите разговорот се движел само на пријателска база без да превземам било какви чекори и да флертувам. Од друга страна пак, со оние што сум сакал нешто уште на сам старт сум им давал до знаење дека не ги гледам само како пријателки и сум знаел да стапам во акција и да флертувам.
Ај може ќе ми дадете некој совет дечки, вака значи на инста запознав еден дечко што не е од мојот град, пишувавме со месеци на многу теми, договаравме средба, јас му реков да дојде во мојот град ми вика многу имам за патување, а нема кај да спијам, дојди ти, оти живее дечкото сам. Отидов јас кај него се од убаво поубаво супер си поминав, ама од ко си дојдов тој престана да ме бара. Случајно кај една девојка видов слики заеднички од нејзин роденден тој како ја гушнал и таа пишала thank you my love, а тој ми рече немал никого засега. Му пишав и го прашав, а тој изреагира многу бурно и после муабет демек ти ми се допаѓаш, сакам да имаме контакт, да видиме што ќе се случува, а не ме бара воопшто. Незнам што да правам, дали да пишам пак? Премногу ми се допаѓа и не би сакала да заврши пред да почне..
Си доби блок. Нема што тука. Премногу потрошена енергија на некој што не треба. Што ме прашуваше кога ќе спиеме заедно и, после ми велеше се шегувам.
Првично морам да го кажам ова, без да ми се лутиш, но првата грешка е што за прва средба сте се договарале едниот да оди кај другиот. Зошто било кој од вас да треба да попушти и да покаже дека е позаинтересираната страна кога сте можеле да се најдете во некој град измеѓу вашите два? Тоа сметам дека е првото нешто кое му било знак за да мисли дека понатака ќе може да те гази. Воедно и реакцијата за фотографиите му била тотално несоодветна. Сите знаеме дека нападот е најдобра одбрана, па уште веднаш е јасно дека дечково нешто крие. Не ти ни кажал ниту што му е таа ниту која е, туку само те убедувал дека ти си му изборот. Можеби му е другарка, можеби му е бивша, who knows. Мој совет, не му пишувај и не го барај веќе. На кој си му битна, нема да бара изговори за да не се гледате, туку ќе ги бара сите можни и неможни решенија за да сте што повеќе време заедно.
Нема што да заврши...За жал мисмам дека типот те изманипулирал.И не му дозволувај да продолжи така.Ќе најдеш ти некој многу по вреден
Жал ми е. Не сакам да ме сфатиш погрешно. Едно е на инста друго е во живо. Може после средбата ете не сака веќе. Тоа не значи дека нешто не е во ред со тебе. Само сакам да кажам некогаш лесно имаме тенденција да нападнеме. Од една страна може некоректно, ама од друга страна па не и дека ти ветил нешто. Но дечкото има проблем како и многу луѓе а тоа е некажување на работите дирекно, губење на времето на другиот и очекување другиот да чита мисли. Се надевам не е толку детињест да нејќе ништо со тебе, а ти вели дека сака, затоа што не може да ти каже, па ај сама ќе ја сфатиш пораката. Не делува многу зрело тоа. Ти рекол дека сака со тебе тоа е друго, може овде се работи за недоволна комуникација. Ако сакате да сте во врска, ќе му кажеш што ти смета. Ама морате според мене да расчистите што сте. Може ништо да не значи ако се сликал гушнат. Сакам да кажам, во негова ситуација се ставам, не би сакала да сум нападната заради слика од некој со кој што не сум во врска. Не го барај, ама ако те побара треба јасно да искомуницирате.
До @Мејз и другите во вакви ситуации: Посветено внимание на чет, не треба никако да ви биде причина за вложување во некоја личност, ако таа личност не се труди да ви посвети внимание и во вистинскиот свет. Се гледав со еден, околу 6 месеци комунициравме се на се. Во тие 6 месеци, 3 пати имаше дојдено во мојов град, на по неколку недели, а се имавме само неколку пати видено. Зошто? Немаше време, ама сакаше стварно да се гледа со мене. Сакал, како не. Да го имам овој памет сега, ќе си мавнев сама шамар. Верував со секоја негова слаткоречивост дека му се допаѓам стварно, а не дека ме користи за задоволување на некои лични потреби и кревање на своето его. Кога сфатив, штетата беше прилично голема. Јас бев сменета, затворена. Со другарки со коишто комуницирам за се и сешто, не можев да зборувам за него. Единствено позитивно е што сама прекинав секаков контакт со првиов, не дозволив да бидам повеќе манипулирана, иако од наивна и добра, да не речам и глупава, останав повредена и искористена. Се изнапишав и затерав оф топик, ама сакам да ви укажам да се цените повеќе и да не дозволувате да бидете изигрувани и користени како алатки за тепање досада и поминување време. Не се фаќајте за: Само ти постоиш за мене, Сакам да сме заедно, Не правам ништо со ниедна друга; ако не сте удостоени со еден искрен муабет, и вистински одвоено време за вас. Па и за запознавање со друштво или кафе во јавност.
Како тоа ќе заврши а не е започнато? Сакаш да си чорапа за некого? Едно ќе ти кажам, едно машко ако науми и пешки ќе тргни, без никакви изговори. Многу работи гледаш а уствари слепа си од платонската љубов. Зарем треба да дојде и да спие? Нека тргни сабајле цел ден со тебе нека го помини. Научи дека вредиш, а не пробувај да направиш некој да те засака, невозможно е. Жалам Тоа што сте или си поминала убаво не е знак за љубов или "хемија", лично сум се гледал со девојки бидејќи моментално ми било интересно, но тоа им го кажував за да не испаднам на крај јас крив. Ако не те бара, тури пепел и бегај. Не очекувај нешто подобро во иднината.
Дали според вас 2 месеци е премногу за пораки, се го интересира па дури и е љубоморен ми вика зошто си дојде толку касно некои такви работи .. а јас не сум ни сигурна дали само со мене си пишува
Навреме си го покажал вистинското лице, сака уште сега да те контролира. Покасно уште повеќе ќе ти прави љубоморни скандали. Не е тој за тебе.
Уживај..мене еден буквално после запознавањето почна со такви испади. Само кафе пиевме и типот после 3 саати почна со пораки на Инстаграм ,,а кај си” -идам дома еве ти? ,,а со кој си а кај беше” викам небитно не ги знаеш ,,а сеа шо праиш” -легнав еве, ,,а значи дома си” и тука не враќам пола саат пошто почнав да чурам од нервоза пошто ме напна и следуваа ,,???” И на крај само му реков ,,тоа што сме пиеле кафе не ти дава за право вака да ме испрашуваш, нити си ми дечко нити па маж, и да си нема тебе отчет да ти давам”.Леле извини ако те навредив не ти треба таков некој со љубоморни испади и со препрашувања.Не си му ти посед.Батали го мислам дека се залетал. Ајт
Не сака да те контролира, како шти пишале погоре, туку или е љубоморен или е љубоморен + се грижи. Не го оставај одма, немој ништо фашистичко на старт еве еден совет: задоцни еднаш намерно, но имај спремано некое изненадување за него (времето поради кое би задоцнила) и тестирај му нерви, речи не ти кажувам. Ако се повлече, изненади го, ако напне, изненади го, остави го сам ден два и после тоа прости му за испадот. Кажи нѝ како сѐ ќе помине.
Изгледа ти си љуборен дечко па сега се обидуваш нешто толку очајно како што е љубомората да го оправдаш со - се грижи Фашистичко е ако остави една љубоморна будала да. А твоево сценарио да задоцни намерно и да му спрема изненадување е жив циркус Така се решаваат проблеми со љубомора. До девојчето. Не е рано пошо нема нормално време кога треба да се понаша така. Ни дечко ни муж не треба да те прашуваат зошто дојде толку касно и да се љубоморни. Особено не некој од два месеци. Само раскид за такви будали да сфатат дека ќе останат без женска ако не научат да не си го пикаат носот кај што не им е местото. Ако имаат проблеми, постојат психолози. А тебе некој да ти ја ограничува слободата и да ти бара објаснување е ептен погрешно - љубовта нема ништо со љубомората и со грижа ко што вели овој пресмешниов над мене
Во ред е да се интересира за тебе, ама не е воопшто во ред да те контролира и прашува зошто си се задржала толку касно. Твое право е до кога ќе бидеш излезена, нема зошто да се правдаш некому. За тоа нема временски период кој му дозволува да ти поставува граници. Цела деценија сум во врска па никогаш не ме прашал ЗОШТО сум се вратила дома толку касно.
Леле секој нов ден драгиот наш член со нови изненадувања. Како бе, како?? Да задоцнела, па пази и изненадување плус.