Нее во ред бидеќи тоа можи и во пракса да се претвори - неверство. Но за денешено време кога сити реклами, постери, социјални мрежи е преплавено со тоа а тоа е така намерно направено за мозокот да ти работи 24/7 на такви содржони и да ти ги измешаат чувствата за на крај да прерасни во насилство за цело опшество. Земи пример од тебе, гледај нон-стоп таква содржина и прави физички покрети на како тие актери и ќе видиш колку лошо влијае на психата. За мене нее прифатливо вакво нешто од страна на дечко или девојка .
Во смисла на неверство - не, не е проблем. Ама не би сакал да сум во врска со дечко на кого му е фино објективизирањето на женското тело.
Полошо од тоа да останеш со миленичиња, е цел живот да се правдаш кај си и што правиш на некој со trust issues, пошто ко бил мал изгледа родителите го лажеле дека ќе му купат што и да посака, а многу ветувања не му исполниле. Тоа што ти ги оправдуваш постапките на некој таков демек не било љубомора, грижа било, е затоа што најверојатно се пронаоѓаш во неговиот pattern на однесување. Башка и секое мислење различно од твоето си го сфаќаш како личен напад. Чиниш за твој љубовен проблем се збори. Никој нема ништо против тебе, calm down. Едноставно, повеќето не се согласуваме со тебе. Еве на повеќето не ни е нормално тој да сака да знае во секој час од денот каде е таа и што прави, а таа самата си кажа дека не е ни сигурна дали тој пиши и со други. Можеби пиши, а можеби и не, таа ништо не знае што прави тој и кај оди, а тој сака да знае оти не си отишла дома порано. Не мојт то така. Ти ја направи работава, ко пред земање да се, а овде ја советуваат да го остави, па со миленичиња ќе остане, па не знам што, абе драми. Девојката побарала љубовен совет, добила различни мислења, како ќе постапи пак останува на неа. И тоа е тоа, да не го тупиме многу.
а ти никогаш не гледаш слики од 'згодни' мажи? Или по улица.... for that matter Ни случајно? Не објективизираш машко тело, никогаш?
Доколку ја почитува девојката ќе има осет што лајкува. Колку и да не сакаш да реагираш на такви работи, не ти доаѓа убаво кога гледаш нонстоп лајкувани такви слики. Особено ако правиме муабет за 20+ годишен, созреан човек.
@Hellobeautiful мене не ми пречи.Лично му пуштам слики од разголени жени или мажи кои се премногу хот.Обожавам да гледам такви слики, на инста следам преку 10 профили само со луѓе кои позираат разголени. Јас искрено не гледам ништо лошо во тоа.И не знам зошто би се споредувала или зошто ви ми било глупо ако тој лајка.Сепак секој за себе.
Не. Ниту седам да гледам слики од згодни голи мажи на социјални мрежи (има ли такви, патем?) Не гледам ни порно, јбг, фрик сум.
@WildMk извадок од книгата The Culture of Make Believe, кај што авторот зборува за неговото искуство со порнографијата, кога истражувал порнографија за книга што ја пишувал. https://www.derrickjensen.org/culture-of-make-believe/objects-and-subjects/ Слободно бранете порно, нека ве гледаат како подвижни вагини. Не ме цитирај ако планираш да ми одговориш со "а ти не правиш ли исто" кога зборувам за типично машко однесување. Не, не правам исто, уште веднаш ти го давам одговорот на сите прашања. Не одам по улица и кога видам маж да мислам колкав му е пенисот и која форма му е. Или прочитај нешто, а не кога ти понудам ресурси да ми одговориш "абе јас мислев нешто пократко во реченица - две, а не книги". Лесно е онака затворени во сопствено искуство само да коментирате одредени работи. Супер, тебе ти е ок да бидеш гледана како секс објект, мене не ми е.
Поглуп извадок во живот немам прочитано. Ако гледам порно, значи јас сум неискусна, мажите ги гледам како подвижни пениси, убаво ми е кога ме гледа некој како секс објект, затворена сум во мозокот, ограничена и не знам ништо повеќе од тоа да гледам порно. Ха ха ха
Што сака машко да каже со ова "Ќе ти го кажам само зборот те сакам, не се потребни други зборови, а ти како сакаш сфати".
Звучи ко "знам дека женските сакате да ви велат те сакам, не те сакам ама за толку ќе се натерам повеќе не барај" али пиши подетално да не грешам душа
Не е само еднаш кажано, во повеќе наврати е, и во живо и пред други луѓе. Ама двосмислено ми звучи ова.
Мажи дајте ми совет што да му купам на маж ми за роденден. Што би сакале да добиете од жените за подарок? Долго сме заедно и досега му имам купено златен прстен,алка,саат,блузон, медицинска масажа,разни торти и стварно веќе немам идеја. Размислувам за Lacoste фармерки,незнам друго што. Викенд одмор не доаѓа во предвид,имаме мало дете нема кој да ни го чува.
Тебе буби побитно е да ти кажува или да ти покажува дека те сака? Еве и ја неам обичај да кажувам "те сакам" ама затоа покажувам (ми умре циганката хеххее)
Сериозна ли си, жити сè? Типично машко однесување? Немало никаде слики од згодни разголени мажи по интернетов?! Си видела ли некоја реклама за машка долна облека на пример? Не си ли и никогаш ли не си била фан на ниеден познат машки музички артист, актер, модел, блогер, спортист или било каков селебрити, кој (меѓу другото) ти се допаѓа и физички и ти е многу привлечен, и да го „сталкаш“, па да најдеш одма на google images и по некоја барем shirtless слика од него? Не, не е во ред ситуација како таа за која прашала @Hellobeautiful, сомнително е и се граничи со непочит да човек во врска редовно прати и лајкува голотија што се граничи со порнографски содржини по социјални мрежи. Но надвор од разум е и секое машко допаѓање и восхит околу женско тело во нормални граници, да се суди како објектификација. Ова е пресензитивност, промовирање посесивна љубомора, конзервативизам и демонизација на голотија, само од друг аспект и субјективнo оправдувајќи само женска перспектива. Заради ова луѓето сè повеќе со скепса приоѓаат на феминизмот и ова им дава аргументи во раце на конзервативците и шовинистите.