И тој/таа некој/а имаат некаков статус во нечиј живот, пријател/ка, другар/ка, познаник/познаничка. Не се никој и ништо. Разликата е во тоа што некои имаат цел, а некои пополнуваат време.
Испреплетено ми е, но имам излезено. Таа претходно се муваше со мој другар, али јас пред да стапам во акција го прашав дали би имало некаков проблем, тој ми рече не. Ми беше девојка, ми се скара, па со друг другар ене ја во врска веќе година дена. xD
Девојка сум, но ќе одговорам. Едно големо НЕ ! Каде е достоинството на девојката? Јас лично не би можела да седам на иста маса со мојот бивш и неговата девојка и јас со неговиот другар. А, тоа машкото дека сеуште ќе се дружи со другарот откако ќе влезе во врска со неговата бивша, мало сутра, можда има и такви не велам не, но секао пошто е машко и има машко его, ќе му рече на пријателот дека не ми смета што ќе е негова девојка. Реков има и такви, што премногу гледаат амерички филмови, па глумат нешо као не бе не ми смета.
Леле бре леле светице. Каде и било достоинството на девојката. Ај машки да зборат за женски ми е гајле пошо не разбираат како е да си женско, иако ова нема врска со пол. Али женски кога зборат вака за други женски...зошто не научите веќе еднаш да се поддржувате една со друга, зошто еднаш не научите што значи зборот достоинство. Оди во оние темине префрли се кај што машките се фалат колку женски имале, а женските што оделе со повеќе машки се курви. Пошо такво ти е размислувањето, ќе се вклопиш таму. На девојката не треба да и е гајле дали они се другари или не. Они двајца ако не мислат, таа ќе мисли за нив, нема грешка. Пробала со еден, не и одело, живот иде даље, ќе си проба со друг. И никако не е тука нарушено нејзиното достоинство. Можеби пра баба ми ако ја прашам за достоинство истото ќе ми го каже ко тебе, да. Али јас сметам дека веќе е 2020 година и овој муабет не е соодветен некако што знам. Ниту изневерила, ниту излажала, ниту украла нешто, сингл девојка си фатила дечко ко што и треба! Достоинството кај и било.
Се согласувам ...но станува непријатна ситуација ...јас си бивши ми и неговата сегашна на иста маса не седнувам ниту ќе им речам здраво некогаш , тие се блокирани од моја страна и избришани од живите
Најпрво, јас само сугестирав. И кажав дека јас такво нешто не би направила, и не се правам светица. Ако реши да има врска со него,нека има нејзин живот. Не мислам дека женска што одела со повеќе машки е к**ва, нит па сметам дека машките се фалат колку женски имале. Не реков да не проба со други, Боже. Не реков дека краде, нит лаже. Распрашај се малку какви се браковите во 2020. Пази малку како пишуваш, препрочитај малку. Еве ти дефиниција за достоинство- Позитивна особина што се потврдува со високи морални вредности и самопочит. Или ако има некоја друга дефиниција за достоинство,пиши ја слободно. Пример, што е за тебе самопочит , објасни ни .
Ама ти објаснуваш друга ситуација. Јас зборам за девојка која била со дечко раскинала и следниот што ќе и се свиѓа она нема обавеза да пази дали му е другар на нејзиниот бивш. Ако они имаат таква другарска полиса да не излегуваат со бивши нека не излегуваат, а таа нема што да се замара со тоа.
Достоинство се губи кога лажеш, изневеруваш, крадеш и тако даље. А достоинство не се губи ако си сингл девојка и започнеш да се гледаш со сингл маж. А ти дали би го направила тоа или не, не ме интересира мене. Какви вредности имаш ти исто не ме интересира. Се знае што е достоинство и во вакви ситуации не се губи. Ти ако мислиш дека си многу достоинствена пошо ова не би го направила, ќе ти кажам дека не си, пошо ова нема веза со достоинство. Другарите меѓу себе можат да се договорат дека им пречи. А девојката нема што да се загрижува.
Гледам дека и во 2020, не сме научиле да не се напаѓаме на форуми. Не реков јас дека достоинство се губи ако си сингл и излезеш со сингл маж. Не знам каде прочита. Тоа се однесува ако излезеш со другар на бившиот. Јас не реков дека сум многу достоинствена ако не сум излегла со другар на бившиот мој. Гледај, ако се најде повредена од мубаетот, не мора одма да напаѓаш.
Фала Богу. Реков јас, доста живеат во илузии. Доста мислат дека ова е Gossip Girl или не знам која американска серија.
Јас колку толку имав почит кон бившата ама откако е со другаров, ја изгуби сета таа ронка почит што ја имаше од мене. Него го почитувам и не му се лутам, така да... доколку прават свадба, ќе бидам поканет ама учтиво ќе ги одбијам од проста причина што е премногу awkward.
Добро бе ме интдресира вие што сте женети и имате деца шо мајка барате да им прајте филмој на девојки? Не ми сте јасни.
Се договараат со жените, не им пречи. Лорд! Многу серии гледаат. Седи сега веќе сме модерни. Гледаме како е на запад.
Не би. Една од забранетите релации се излегување со бивша на другар или со другарка на бивша. Освен, нели, ако не сакаш расправии, главоболки и губење на битни особи во животот. Ниту една девојка/дечко не е толку вреден/а за да се расипе пријателство поради тоа, офкорс, ако е право пријателство. There are plenty of fish in the sea. Што мора баш таа? Евентуално би излегол со некоја со која имал мој другар кратка авантура, се разбира со негова дозвола прво. Останато, ноуп.
@Justicija Сега се сетив. Ако ти даде амин другарот, (читај - одобрување), слободно може да излезете. До душа зависи и колку сте добри другари и каков однос имате. Ако е либерте и стварно не му пречи не гледам зошто да не излезете. Но, ако е момак со традиционални сфаќања ондак ништо, испочитувај го и повлечи се. Лично моите другарки немаат забрана за излез со мои поранешни момци. Не гледам причина за ривалство или одмазда за нешто што е завршено со причина. Но, сите имаме различен поглед и однос кон овие нешта нели.