Кај дечко ми ме нервира што многу е избувлив и за глупост може да ми се раздере и тоа пред луѓе!! Знае дека тоа многу го мразам и џабе ми вика немозам ми излетува .. И некако коа се караме мн се вреѓаме и двајцата .. ај како машко еден совет за моево проблемче
Не сакам да звучам песимистички, ама таков табиет тешко се менува. Мора да му кажеш дека тоа те повредува (претпоставувам дека тоа веќе си го сторила) и дека не си должна да го трпиш неговото однесување.
@brunete се прашувам како ги трпиш испадите на типот?Во ред е,го сакаш ама се има граници на дозволено однесување.Јас заради лошиот третан од тој што го сакав го ставив на игнор.Да ми се раздери пред луге?па преку весник ке се откажам од него и на суд ке го пратам за претрпен срам. Седни разговарај со него,кажи му дека ти пречи неговото однесување и дека ако не се смени ке го оставиш зошто не си должна да трпиш такви глупости,aко му значиш ке се смени
Се менува избувливост, не дека не, ама треба и желба и труд од негова страна. Јас го имав истиот проблем на времето, ама го искоренив со многу напор и самоконтрола. Не е лесно. Јас тука во друго гледам проблем. Прво што тоа го прави пред други а второ што те вреѓа во расправии. Кое од кое полошо! Тоа е базично непочитување од негова страна. А ако не те почитува, зашто воопшто би била со него? Тука е zoki-poki во право, разговарајте, кажи му на најфин и најсмирен начин дека сето тоа не прави да се чуствуваш добро. После, или r.e.s.p.e.c.t или... вратата.
Што би ви го направило заедничкиот одмор со девојката поубав? Онака.. што очекувате од одморот? п.с глупаво ми е прашањето ама прв пат одам на одмор со дечко и чудно ми е )
Lots and lots of sex Мајтап. Не знам, не ми текнува ништо посебно. Самото тоа што сме заедно, и уживаме, мене би ми било доволно.
Луѓето се универзално привлечени кон самодоверба. Не се замарај кој што ќе помисли бидејќи во моментот а ни после проводот нема да дознаеш што мислеле, така да бесцелно е да си трошиш паметот на тоа. Опушти се, однесувај се како што се чувствуваш во моментот. Јас кога сум забележувал така опуштена девојка која игра си ужива и игра без мака, секогаш првата мисла што ми доаѓале е дека типката е самоуверена и со некаква позитивна енергија. За тоа секогаш се доделуваат поени. Нормално во зависност од играњето. Јас не сум експерт на темава ама ако личи на полустриптиз... Ниско ниво на емотивна интелигенција. Афектен тип што дозволува нервите да го надвладеат во (скоро) секоја ситуација. Тоа мислам дека се поправа ама треба време и трпение. Зависи колку си спремна да трпиш и ризикуваш потенцијални резилијади во јавност...мој совет? Дади му еден екстремно краток период (3-4 дена) да си ги стави овците на број, или откачи го. Сфати дека не е показател на љубов од твоја страна ако продолжиш да го трпиш. Тоа е само показател дека ти самата не се цениш доволно. А ако самата не се цениш, како очекуваш тој да те цени и почитува? Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ
Не прашувам јас, другарка. Што ќе кажете за маж кој ноќе се враќа дома во 4 наутро, дење работи, после игра кантер, а вели дека ја сака, а се гледа со жена му само еднаш неделно и не му е гајле за неговите деца, мисли само за работа и кантер? (е оттука ќе знаете дека прашањево не е за мене, не сум мажена) Yipman, zoki-poki, Mistery, Nightwalker, Elemental, Wiseguy, decko-shoot!
MAЖ? Мажов си има проблеми !!!!!!! освен ако не е некој ЌЕПЕЦ од 23 години што е пун себе и се има оженето и што игра кантер зашто незнае едно нешто што значи за одгледување фамилија !!!!!! Јас тука повеќе ќе кажам за жена му ЗАШТО го трпи, не за него.....зашто ако ме прашуваш мене она е крива што има така дозволено и нема расчистено, или пак уште полошо што не знаела каков е !!!!!!
Некој што ја запоставува фамилијата не може да се нарече МАЖ. Па и уште кантер играл. Освен ако не е некое детиште, кое напумпало некоја девојка на 19 години и од немај каде се оженил. Една работа мене шо ми паѓа на памет е дека бара некаков излез од бракот, па скита до 4 сабајле за да не се врати дома. А зошто другарка ти го трпи? Има пробано да разговара со него, да виде во што е работата?
Сакам да прашам нешто.После 1 ипол недела деактивиран профил инстиктивно го активирав пак и ми пиша пријателот,ме праша кај сум била дека ме немало долго време,дека мислел дека сум го блокнала,ме барал на мсн и фб ...Разговарав со него на убав начин за да избегнеме караница како порано.Не му спомнав ништо за неговото однесување. Сакам да знам што би можело да значи ова барање од негова страна?Па зошто се толку загрижил кога ме навредуваше?зошто ме барал?Што ке сум му? И уште нешто,дали згрешив што не зборував со него за неговото однесување? И за крај како да се однесувам сега со него? Збунета сум,не знам ни дали чуствувам нешто за него после се
Што кога партнерот избегнува да ве гледа во очи кога разговарате,без разлика на темата на која дискутирате,???
Да сум женет, да имам деца со неа... и наместо со нив, да поминувам време играјќи кантер?! Па пре би се обесил! А сум гејмер, не дека не сум Објективно гледано, нешто не е во ред со типот. Ако на таков грд начин бега од семејството тоа значи дека или не е созреан доволно па не сака обврски и по секоја цена бега од нив или дека има некоја на страна (што не ми е толку веројатно во случајов). Секако девојката треба да си позборува многу сериозно со него за да тој си ја превземе потребната улогата на сопруг и татко. Во спротивно на добар пат се кон дисфунцкионално семејство во какви за жал најмногу страдаат децата. Во краен случај може да се обратат во брачно советувалиште, терапиите и советувањата за парови се доста успешна метода која има успех. Само, за тоа треба многу воља и од двете страни.
Damn!Се смирил со бифшата и помина откај мене..и тоа шо најмногу ме повреди беше фактот што до сега кога и да се сретневме гледаше во мене(пр. саботата кога излегував и ме виде,немаше ме видено така дотерана,и не го тргна погледот од мене цело време гледаше,ја се сретнав со една другарка зборев а он спроти мене стои,на 1 метар и гледа и гледа и гледа..и ја го погледнувам он на др. страна се врти право)а вчера поминува со неа откај мене,и се смее и главата нагоре крената....Ја брфнав да плачам неможев да се контролирам,тоа беше откога помина он,незнам дали ме виде бидејќи си тргнавме накај дома неможев да издржам..може и да ме виде,али и небитно.Проблемот ми е што нешто длабоко во мене ми вика дека има уште надеж и да не се откажувам! А возможно ли е поради тоа што секогаш гледаше во мене ,а вчера така гордо помина,како демек да го приметам,да е мислел дека нема шанси кај мене па за да не е сам,или па намерно да се вратил кај неа?? Ај ве молам советче од вас машките?!Што да направам,не сакам да се откажам.Стварно мислам дека се заљубив!
Е сега јас нешто да ве прашам, бидејќи јас не сум машко, не знам како би реагирал маж и... Си реков, да се обиде таа да направи нешто, за маж и‘ да се заљуби пак во неа. Јас мислев да проработи на физичкиот изглед. Дали тоа би помагало? Дали е можно пак да се заљуби? Можеби ќе кажете-па штом има деца со неа, а така ја третира, тогаш надежта е изгубена, ама јас мислам дека сепак може да направи нешто, бидејќи тој не би отишол на никакви советувања, директно не би сакал тој да го реши проблемот. Е сеа, се омажи, роди деца, телото-насекаде стрии, па се здебели, па го запоставува физичкиот изглед, средена е само по свадби, и самата таа не сака многу да се разубавува, и се допаѓа шминката, ама врска нема од тоа. Дали е можно со модификации на физичиот изглед, маж и да и посвети барем малку внимание, и можеби пак да се заљуби? Guys, едвај чекам за одговор, и фала за претходните одговори.
За жал тоа се случува кога ќе влезат во брак млади, зелени и неиживеани. На 25 годиниима веќе деца ( значи повеќе од едно) па тој кога се оженил, на 20 ?? Тој нема ништо видено од животот и сега другарка ти си има наместо две 3 деца. Две биолошки и едно по закон
Мислам дека Рокафела прашува за другарка Албанка. Абе па нормално дека тоа ќе помогне. Кој сака да гледа запуштена жена, небањата, ненамирисана, нечешлана ? Не знам, јас дома така не можам да седам. Сфаќам дека има деца, сигурно заради и нема многу време. Подучи ја ти нешто околу секојдневна шминка, малку пудро, туш, маскара. Карминче, па малку руменило - да заличи на човек. Претпоставувам дека не работи, па не може дома да седи со штикли и изнадотерана, но може да посвети мало внимание и на тоа. Да ја менува почесто облеката, да пази како е искомбинирано. А штом имаат неколку деца а се толку многу млади, тогаш се имаат земено уште помлади. Двајцата зеленики, да не речам - без навреда - и сега имаат кризи во брак. Тој не знае што со себе, таа исто. Тоа ти е, само жално е ако тераат вака цел живот. Едит : упс, машки совети. Оуукеј.