Ме интересира дали машко што сте се виделе еднаш притоа втор пат ве вика кај него дома ве гледа само за секс? А згора на се пет дена нигде го нема и одеднаш му текнува на мене да сме се седеле кај него.. Мојот одговор на тоа беше; дека не ми се иде но и дека не е време за тоа.(сеуште не одговорил). Некако сето ова ме асоцира на секс па и малце тешко ми паѓа затоа што љубовта не ја замислувам јас на ваков начин.. Имам 23 години, а тој 25. Мислење? ^^
Да. Многу очигледно е. Ако не сакаш таква "врска", би ти рекла да го одбиеш и да се оддалечиш. Не ја замислуваш љубовта така и не ни треба, бидејќи тоа не е љубов.
Највеќе асоцира на секс. Убаво си му одговорила. Не прифаќај да одиш. Очигледно те гледа како секс објект.
Можеби затоа што ги учиме машките. Не смееш да плачеш, не биди пизда. Да му каже на некој дека ти раскинал пошо си го удрила луѓето се потсмеваат. Не можам ни да почнам да објаснувам колку е погрешно. Не само што не е за простување, туку замисли колку му е потешко. Нас да не удрат колку толку имаме поддршка, ако не на друго место, на форум сите ќе те утешат. А тој нема на кого да каже баш заради работите што ти ги набројав
Сериозни ли сте со одговорите "те сака и мисли дека ништо не е шамар од девојката" и "ако не ти ја врзал назад терајте"???? Каква е бре таа врска во која се бара начин да се оправда насилството на партнерот? Љубов ли е тоа? Да беше обратна ситуација, дечкото да ја удрил девојката, ќе ти кажев, собери си ги парталите и бегај подалеку од таков партнер. А сега? Различно ли треба да биде? НЕ!!!! Исто е. Насилство е. Да сум на местото на дечкото ќе си ги соберам парталите и ќе си одам.
Колку што имам право јас да го напуштам дм ако ми врзи шамар, толку и тој има ако јас му врзам него. Насилство е насилство, без разлика од кој пол доаѓа. Изненадена сум од тоа колку двојни аршини има во врска со ова. Па и женските знаат што прават кога маваат шамари, не сме суштества без компас па да треба да ни го простат тоа. Сериозно луѓе, кој и да мавни шамар треба да значи крај на врската. Нема никаква љубов во шамар.
Не знам, вечна дилема ми е ова прашање машки vs женски шамар. Насилство се и едното и другото тачно ама јас би простил( ако се случи само еднаш и е некоја екстремна ситуација). У обратна улога, ако ми се случи да кренам рака на неа ( а тоа нема никогаш да се случи) прв јас ќе си заминам и нема веќе никогаш очи да ми види.
Без разлика од чија страна доаѓа шамарот, насилство во врска е огромно црвено знаменце за крај на врската. Денес може ќе ви простат или ќе простите, но нечија нарушена гордост во врската ќе има последици и тоа како во иднина. Можеби на почеток ќе изгледа дека се' е во ред, но верувајте дека ќе тлее револтот од таквата постапка па порано или подоцна ќе излезе на виделина.
Не би простила. А и тоа што ти простил било за да те смири, сигурна сум дека сега се преиспитува себе си за постапката. Никој не е должен да те трпи а најмалку да ти простува ваков испад.
Не е во ред ни машко ни женско. Ако одлучиме да простиме тоа треба да е заради личноста, а не заради машко /женско. Ептен ми е жал за машките што трпат насилство, а мислат дека не треба ништо да прават заради тоа што се машки и треба да преминат преку тоа.
Знам дека е контрадикторно, мој совет увек е никој да не трпи насилство ама јас си кажав како би одлучил ако би ми се случило..
И за еден шамар не треба да се прости.Насилство е. Несогласувања не треба да се решаваат со насилство,туку со разговор. Ако нема разбирање,разлаз.
Океј, очекував осуди и во право сте. Случкава беше пред два месеца само уште не можам да заборавам. Се осеќав лошо со денови после тоа, а пред некој ден кога му спомнав ми рече - Не го спомнувај тоа, беше и помина, да заборавиме. Сепак знам дека се каам премногу и му ветив дека нема да се повтори. Само се прашував дали воглавно се случува и во други врски машкото несериозно да сфаќа удар од девојка што не значи дека го сметам за нешто позитивно.
Jas mislam zavisi od egoto na maskoto i toa kolku te saka ,situacijata,pricinata, negovoto samopocituvanje ... Sepak ne se prasuvaj dali e toa normalno za masko zatoa sto toa e individualno spored poveke faktori . No mislam deka treba da se zaprasas dali vistinski go sakas i pocituvas...
Не мислам дека и дечко ти, а и друго машко да се најде во иста ситуација го сфаќа несериозно. Повеќе ми делува ко да нејќе да се соочи односно да признае дека му било тешко многу, ех како ги учиме машките стисни заби, не плачи ко девојче. Затоа ти вели не спомнувај веќе.