Очекуваше осуди? Јас мислев дека бараше совет, мислење едно од наша перспектива. Не знам зошто го сфаќаш тоа како осуда. Кога нешто не е добро, не е добро, па ако бараш совет, подобро е да ја добиеш вистината, без разлика колку е сурова, отколку да те тапша некој по рамо и да ти каже, ништо не е, ќе помине. Инаку во нормалниот свет, во нормалните врски, нормалните партнери не се тепаат меѓусебно и нормалните машки не го сфаќаат несериозно ударот од девојката. Секако дека во ниту една врска не е се мед и млеко, ама се додека умееш да се разбереш со разговор е во ред. Дури и да не ви се совпаѓаат ставовите и размислувањата и за тоа постои решение. Ама насилството не е никакво решение.
Никаде не напишав дека убаво сум му направила, ниту дека некој од вас не е во право. Осуда, совет, како и да е, сакав да знам дали општо постои тој став. Зашто не само за мене, и од други машки го имам истото слушано - дека би се осеќале слабо и како кукавици ако и се налутат и раскинат на девојката за еден шамар ама и дека самите не би удриле девојка., што пак ќе речам воопшто не сметам дека е во ред.
Насилство најчесто почнува уште пред шамар. Према мене, со шамар треба да заврши и врската зошто ќе има втор пат. Во ова сум 100% сигурна. Насилство е насилство. Само зошто жртвата е машко не значи дека е океј. И ако се прости шамар се трпи насилство и партнерот е жртва или во најмала рака за брзо ќе стани. И за крај, врска се гради со разговор. Ништо не се остава нерешено и не се фрла под тепих зошто кога тогаш ќе излези како било. Подобро дур е свежа раната да се реши нешто.
Никаде не го оправдав насилството од девојката. Нормално дека насилство си е насилство без разлика од кој пол е. Така и одговорив на девојката, бидејќи праша зошто дечкото и го простил шамарот и продолжил да биде во врска со него. А никаде не ја оправдувам нејзината постапка. Тој што трпи насилство треба да стави крај на таквата врска, ама ете дечкото преминал преку тоа што се случило и продолжил да биде со нејзе.
Ти имаш подлабоки проблеми и поради тоа не е лошо да поработиш на други перспективи па после да слушаш мислења од други и што други би направиле. Имаш проблем со самодовербата и од тука излегуваат сите дополнителни проблеми, а може имаш и некои плус. Прво гледај да се избавиш себе си од се, па после за секоја грешка има и лекција.
Не секој би простил,и со право. Кога комуницирате за некој проблем,пробај да се смириш или поарно смири се пред разговорот.
Имаш типови на луѓе што... ти еве не си нашамарена и натепана, океј, и не треба. Имаш типови на луѓе што ќе ти го дадат и другиот образ да му врзиш и ќе ти каже ова да е прв и последен пат. Но, заедничко за нив двајца е срамот! И прекини да се навраќаш на таа тема колку и да ти е жал или било што, ти рече било поминало, што сакаш уште од него?
Јас сум му залепила шамар на маж ми. Еднаш, пред пет години. Зборуваше отворено и ми кажа колку бил повреден од мојата реакција, која беше резултат на негова претходна акција... ама да не навлегуваме. Со месеци ни беше во криза бракот, уште пред шамарот. Тогаш ако не се разведовме, нема никогаш. И не, не беше во ред шо го плеснав. Тоа што не успеав да останам смирена и аргументирано да дебатирам, беше моја вина, не негова.
Се на светов може да се прости. Нема ништо лошо во тоа да простиш. Ама некогаш лесно се мешаат простувањето со поттиснување во себе. Ако не сака да зборува за тоа тешко дека ти простил. Човек што простил, преминал преку нештото и може во секој момент да зборува за тоа, не го допира, не го растревожува веќе. Ако не сака да зборува, се плаши да не изгуби контрола над емоцијата која многу се обидува да ја држи под контрола. Може ќе му дојде да искрши нешто, може му се плаче, ама не ми изгледа како да ти простил.
Во право си, и мене ми е тешко да ја увидам разликата. Јас познавам и такви што шамар од девојка не им е ништо. Значи не да потиснат и да не сакаат да зборат туку буквално ништо, како да не се случило воопшто, како нешто нормално и дел во врската...за жал. Ама ете, сепак се надевам дека грешам и за нив. И читав баш во една тема кај што членки онака лабаво кажуваат како им мавале шамари на партнерите, па после ќе го гушнеле и сѐ ќе било во ред. Или онака од љубов од време на време ќе му акнеле една, ама срце тој, не им се ни лутел. И се прашувам до кого е - дали девојката што нема барем жал или дечкото што тоа му е нормално. Или пак баш затоа што на девојката ѝ е океј тоа, и он се прилагодува, едното да го влече другото. Темата уште стои. Другар не би советувала да продолжи да речеме. Али гледано од мој аспект знам како било и зошто било и можеби знам длабоко во себе дека нема да се повтори. И еве ние сме реално многу отворени еден кон друг и секогаш сме си се доверувале и за најтешки теми. Така да се надевам дека не грешам дека стварно ми има простено во смисла да знае дека нема да се повтори. А дека ми беше сеедно, не ми беше.
До двајцата е. Кога ќе прочитам такво нешто од девојка дека го удрила дечкото па тој срце бил не се лутел, па она мора малку да удри опасна женска, ми се повраќа од такви. Направи еден лажен профил и напиши ја удрив девојка ми, мора одвреме навреме малку, да не забега, па ќе видиш како ќе рипнат. Ама тоа го пишат 13 годишни девојчиња што уште не се пронашле себе си и мислат дека е кул да бидеш агресивен. Насилство е насилство.
Prasanje do mazite . Dodeka ne se zapoznaete so odredena licnost koja vi se dopaga , dali imate intimni odnosi so drugi ? Primer dokolku vo bliska idnina planirate da izlezete na kafe so nekoja ???
Го жалам дечкото на @Tan4ence. Тероризиран од сите страни, ем му пере мозок дека е нормално да немаат секс во врска, ем јаде шамари. Психички го силуваш девојче. Можам да замислам колку му е тешко. Се надевам еден ден нема да ве читаме по новини, опасно е она што тлее и се потиснува во себе.
Damn Кажи уште и убиец дека сум или дека сум го силувала Да ме прочиташе уште на едно место ќе сфатеше дека имам вагинизмус и затоа се навикнавме на таква врска и двајцата. И какви новини очекуваш да прочиташ многу ме интересира... Би кажала уште ама не му е тука местото ниту па осеќам дека треба да ти се правдам.
Не ја знам приказната како е и што е, ама ако не сака да има секс во врска нормално е да нема, а дечкото ако ја сака и почитува ќе почека за секс... На денешницава не ни е нормално затоа што од 10 год се пуштаат во односи, а сепак има (можеби се ретки) и од тие кои чекаат прва брачна ноќ.