Насилство е многу неокеј. Замисли како би се чувствувала он да те удри? Нешто што најмногу се каам е што пред неколку години физички го нападнав дечко ми ,освен што му удрив неколку шлаканици го изгребав и на лицето (може да е недели шеташе со гребаници на лицето) многу лошо од моја страна и многу се каам ,он ми прости но јас никогаш нема да си простам.. За насилство нема оправдување , најпрво започнавме со караница он беше љубоморен па кој ми пишал на Инстаграм па кој ми лајкнал па многу ми пишувале и ми го зема телефонот сакал да чита разговор и јас во тој момент многу се изнервирав и го нападнав физички му залепив неколку шлаканици и со нокти го изгребав по лице ,неговата љубомора навистина не беше во ред но за моето насилство нема никакво оправдување. Си ја сфатив грешката и свесна сум колку не е во ред тоа што го направив.
Значи во право сум била дека и во други врски се случува. Па еднаш и во темана коа се зачитав, ехее колку имаа пишано.
Кога читам какви се имало девојки, се повеќе и повеќе сум благодарен што имам покрај себе личност не само што не се осмелила да дигне рака на мене, туку и глас не повишила никогаш.
@Tan4ence не ми се случило вакво нешто. Не сум го удрила никогаш, нити он. Ако ме удри, тоа за мене ќе значи крај на врската. Никогаш ниту дома не сум добила шамар, не пак партнер што јас сум го одбрала да се осмели на тоа. И јас ако би го удрила, сметам дека тоа би значело крај на врската. Но, никогаш никого во животот немам нападнато физички, па не верувам ни дека вакво нешто би се случило. Физички удар ми е нешто најдно да бидам искрена. Не сме племе од планина за да се решаваат работите на тој начин. Без разлика дали машко или женско е тој што кренал рака врз партнерот, исто е, физичко насилство е. Имаш покрај тебе навистина добар и толерантен партнер, треба да го цениш повеќе. Чим тој ти простил не сме ние никој за да кажеме што и како. Дека е навистина лош потег од твоја страна, да, така е. Но, чим тој вика дека заборавил и не му пречи, веројатно е така... Сувишно е нешто повеќе да се каже. Искористи ја добро шансата што ти ја дал и однесувај се како што навистина заслужува. Според тоа што те имам читано тој е доста коректен партнер. Го заслужува и тој истото што и ти го имаш од негова страна нели. Што било, било, врската е меѓу вас, ако тој прешол преку тоа, тогаш во ред е се. Ете некој и такво нешто може да прости очигледно.
Нема да ти одговорам лично за мене, но да пробаме да ти доловиме да празмислиш рационално. Би било логички и да има секс со други, затоа што не е "врзан" со никоја...?
Повеќе ќе му дојде нешо како експериментален секс со личност/и за кои не чувствуваш нешто освен сексуална привлечност се дур не се "врзеш" /заљубиш во некоја ?
Значи проблемот е во тебе. Убо ти кажаа погоре да си ја средиш самодовербата. Плус, покрај овај сто посто сум сигурен дека имаш и други проблеми кои немаш сила да ги решиш и се разочаруваш и на крај тоа се резултира на бес, нервоза кон останатите, ако грешам извини но вообичаено е така. Дечкоти во тој момент постапил правилно, џентлменски ако можам така да го наречам ова, ти простил бидеќи стварно те почитува и го сфатил моментот на твојата лутина која резултирало со удар но на запад мажите и жените се рамноправни. Но немој втор пат да помислиш на тоа оти ако има еднаш има и втор пат и немој да си мислиш дека еднаш си го удрила и веќе си ја нашла слабоста бидеќи ќе резултирате со крај на врската плус иако секој маж не смеј да си дозволи а нема ни право да удри девојка бидеќи е понежен пол но моментот не знаеш што можи да донеси, ти мислиш дека го шамариш, акаш и плескаш и значи дека е слаб за тебе и ти си UFC борец за него, но машката коска е по цврста и потешка иако не смеј да си дозволи да те удри сепак не знаеш што можи да намисли. Преиспитај се, ако ти треба време дајте си време да ги решиш проблемите за да не се соочувате со поголеми проблеми во врската. Насилство е насилство и СТОП за НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ и МАЖИТЕ. Да беше во западниов свет можеби и ќе те пријавел во полиција.
Здраво, нова членка сум во групава. Ми треба машко/женско мислење. .. Со бившото момче имаме раскинато пред две години и тој сеуште ги чува сите мои слики во неговата соба (на видно место). Што е најтрагично во целава ситуација е тоа што тој има девојка но уште на некој начин се замара со мене.....Што би требало тоа да значи? За уште поголема да е трагедијата по социјалните мрежи прака понуди за пријателство по сите мои роднини и блиски пријатели, колеги... Воедно јас не сум заинтересирана повеќе за него, но ми смета сеуште во мојот живот... Би ми било мило да ги прочитам вашите мислења...
Кажи му да не праќа понуди за пријателство во сите твои роднини поши ти смета. Наједноставно. Прекинуваш комуникација ако не си заинтересирана за него. Не знаеме тој што мисли, можеби уште нема преминато преку фактот дека сте раскинале. Дали ќе чува твои слики кај него дома, нека не ти е гајле, негова работа
Блокирај го по социјалните мрежи и кога некој од братучедите ќе ти го спомне кажи им дека не сакаш да ти го споменуваат у твое присуство.
Кажи им на сите твои пријатели каде што пратил пријателство дека си завршила со него и да не ги замара со тебе. А ти него блокирај го. Можеби сеуште не те преболил или пак не ти се одмаздил за нешто што мисли дека си го повредила.
Сите роднини, пријатели, колеги се известени за ситуацијата, тој со мене нема никаков додир на соц мрежи. Можеби не ме преболил или слично, но едно знам. .. дека нема причина за да ми се одмаздува. Бидејќи тој ја направи најголемата грешка, па затоа и му раскинав.