@ Rock-a-Fella го постави најтешкото прашање, како да се одржи врската помеѓу двајца, кај кои очигледно чувствата почнале.. ако не се веќе и изладени, така што да се вратат тие чувства. Ова е проблем не само во бракот, а е проблем и со долгите врски, што траат пооодолго време. Разликата е што бракот е веќе нешто, на кое што двајцата кога веќе се решиле за брак и имаат деца, треба многу повеќе да се потрудат да го одржат, не заради друго, а бидејќи не треба нити своите животи да си ги уништат, нити пак животот на децата (ова и мене ме плаши.. полесно ми е да поместам некоја планина, отколку ова ). И да, секое подобрување на изгледот може да биде позитивно и е добредојдено. Слабеење, стегање на телото, негувана кожа, нова гардероба.. се тоа ќе и ја зголеми самодовербата, како прво таа ќе се чувствува убаво во своја кожа, а како второ да ќе му го привлече вниманието. Другото што би требало да следи е да си посветат малку повеќе внимание еден на друг, без децата. Т.е децата да ги почува некој од нивните родители и нека излезат на прошетка, на вечера, нека отидат некаде на викенд.. и нека почнат тоа да го практикуваат. Можеби убаво ќе им дојде за да се зближат повторно... муабетење, будење на старите спомени и „еден на еден“ активности Се на што ќе се сетиш се предложи и.. Спојлер само внимателно, да не бидеш погрешно разбрана (не знам што карактер е другарка ти, но кога на човек во лице му кажуваш дека не изгледа убаво мада со поинакви зборови и мада тоа било вистина... го повредуваш. Тешко го прифаќаат кога некој им го плеснува во лице.) За ова повеќе ќе ти помогнат форумџиките кои се веќе во брак
Девојки... ily! Дузи, да, се работи за албанка, па затоа е потешко, и каква било националност да е, не се замешувам во врски, а не пак бракови. Ама јас порано индиректно и кажував дека треба малку повеќе да и посвети внимание на себе. Се разбира, промени има и во однесувањето, зборува за нешто нормално, кажува муабет, а се дери. Цел ден вика по деца, па тоа и остана навика. И да, го зедов во предвид нејзиниот карактер, кажав дека и порано не беше толку по разубавувањето, ама ми рече дека го направила тоа, облекла фустан, се нашминкала, ама плиииз, не верувам дека убаво се средила. Еднаш ми кажа дека откако излегла од фризер, кога ја видел маж и, се зачудил од промената... Па затоа сакам да ја научам по нешто. Јас веќе ја започнав мисијата, ја научив по нешто. Фала ви многу, девојки, да чујам сега по нешто и од машките.
@Rock-a-Fella Женава нека намали килограми прво.Предложи и ,трчање или брзо одење(20-30 мин.) секој ден,и корекција у исхраната.Нека носи и малце позаводлива облека(вклучително и долен веш)откако ќе го намали вишокот на килограми.Исто, она нека превземе поголема иницијатива за секс,особено редовен секс,во текот на неделата.Да не биде работава да имаат секс само еднаш неделно и тоа за викенд на пример.Секој послободен момент кога се заедно треба правилно да се искористи Додека е на диета и вежбање, нека му пружа почесто орален секс.Мажот и ќе биде пресреќен и задоволен
Дојдовме до заклучок дека успехот во бракот и долгите врски зависи од физичкиот изглед на партнерите??? А што ако изгледаат одлично и двајцата а односите заладат?? Што предлагате тогаш, зголемување на трчање од 30 на 60 минути? Типов бега од дома за да игра кантер, заглавува до 4 сабајле .... а ваш пердлог е она да ослабе и да почне подобро да го задоволува во кревет? А ако почне да ја малтретира? Што тогаш... да се напраи топ модел и да шета гола по дома за да го реши и тој проблем? На нив им е потребна најпрво комуникација, отворен разговор и разбирање, со убаво и смирено не со дерење и расправии, па после се друго.
WiseGuy, погоре напишав дека маж и не е човек со кој може да се разговара, и си мислев да размисли на оваа опција, истотака кажав дека и однесувањето на другарка ми е променето, цело време вика, и значи сметам дека и тоа треба да се смени, не е се до убавина, немој да мислиш дека мислам дека само тоа е најважно во една врска, брак, уатевер.
Другарка ти така се понаша Рок-а-Фела, бидејќи се чувствува запоставена. Сосема е нормално и јас така ќе се осеќам исфрустрирана, ако мажот ми не ми обрнува никакво внимание. Многу веројатно тие и да немаат воопшто никаков секс, а камоли редовен секс. Многу веројатно дека не комуницираат воопшто, кога тој само си игра игрици. Тоа што таа се запуштила не е бидејќи таа сакала така, не е битно што никогаш немала вкус за облекување и шминкање, а настанало тоа баш поради незадоволство и многу веројатно депресија, поттикната како прво од фактот дека е млада има деца, згора на се маж којшто е незаинтересиран за неа и за семејството. Монотон и станал животот и буквално без никаков правец и насока на движење. Секој ден истото, готви, храни деца, чисти, пери. Ако тој не е лесен за комуникација, ништо нема ни да направат. За нешто да се промени не може само еден. Не е ова вина на другарка ти. Двајцата допринеле за тоа што бракот им е таков. И врски, претерано долги инаку, кои што имале редовен секс и тоа бомбастичен секс, и да ко што вели WiseGuy прекрасна и згодна девојка, прекрасен и згоден дечко се распаднале поради Х причини. Не ти треба тука совет од машките, убаво ти реков, туку од форумџиките кои се во брак, и кои поминале низ слични можеби кризи и ги надминале. Ти треба пристап, како да му се приближи како да го натера да комуницира, како да го изнесе од дома на прошетки, на вечери, како да си го разубават секојдневието. Сексот не решава се.. па макар орален. Моментално задоволство е тоа. Што после?
@zhap4e & WiseGuy Прво,они се маж и жена,што значи пред да се женат/мажат,фино си ги измеркале карактерите,начинот на однесување и се останато што е надвор од физички изглед и сексипил,и донесле одлука да се земат затоа што веројатно си одговарале еден на друг.Во текот на една врска или брак може да дојде до умерени промени во понашање, што е нормално.Не мислам дека времената драстична промена во однесувањето кај партнерите е резултат на реална промена на карактерите.Со други зборови,ако вистинскиот карактер на мажот и,бил да ја опсипува со внимание,додека биле во врска и пред бракот,не мислам дека може да настане значајна промена во неговиот карактер, и начин на однесување.Ако бил вистински романтик(не фарса романтик) во врската, не верувам дека може значајно да се промени.Може да има времена промена,која е резултат на времена изолирана причина,која може да води до заладување на односите. Најефективен начин да се загреат заладените односи помеѓу партнерите е сексот Никој не рече дека они треба да престанат да комуницираат. By the way,сексот е форма на невербална комуникација.Исто како и допирот,исто како и игнорирањето,исто како и комплетното запуштање на физичкиот изглед од едната или другата страна.Ако мислите дека комуникација е само да седнат на маса и да разговараат со саати,и да постигнат "договор" тогаш не знам што да ви кажам. Да разгледаме две сценарија. Прво сценарио --------------- Мажот станува помалце романтичен,не е толку внимателен и игра кантер.На таа негова невербална комуникација(во превод и вели на жената"ко те јебе"),жената го возвраќа зададениот удар,со фактот што ја менува бојата на косата(од црна или плава во црвена), плус качува едно 15-20кг,и комплетно го запушта својот физички изглед.Со други зборови нејзината невербална комуникација е"ма што се замислуваш,ко те јебе". Второ сценарио ---------------- Прво жената комплетно се запушта,а потоа мажот губи било каков интерес за неа. И во двете сценарија има заладување на невербалната комуникација.Мислам со разговор дека тешко ќе дојдат до заедничко разбирање,од проста причина што и двајцата се у филм. Нека играат на картата на сексот,"разбира се",мора да постои реципроцитетност во односите,т.е. ако женава се разубави и мажот добива позадоволителен секс,тогаш мажот да стане повнимателен,или "обрнуто". Скоро е сигурно дека тоа и така ќе испадне на крајот,освен доколку не се зезнала и наместо принцот на белиот коњ,го добила Ал Капоне,или "обрнуто"
Кој каде спомна промена на карактери? Депресија поврзуваш со промена на карактери ли? Немање секс поради кое настанало незадоволство кај жената ти е промена на карактери... или само се трудиш да се надмудруваме Постот горе ти е прилично добар опис на состојбата во која би можела да се наоѓа жената. И односите се менуваат не само во брак, а и во долги врски. Чувствата се заладуваат, маѓијата изчезнува. За какви карактери ти зборуваш. Постот пред тој ти е за изгледот. А има едно сценаријо што се вика воопшто немање секс, незаинтересираност за секс помеѓу двајцата. Го знаеме тој дел од приказнава? Не! Кога ќе го разбереме ќе правиме муабет на темава поопширно. едит: Сега видов за црвената Соња.. леле, девојки мои драги црвенокоси, сте делувале анти-сексуално да си знаете, или црна или плава. Иначе ваа работа не е работа.
Ма не бре.Муабетот ми беше во следнава насока. На почетокот типот и се понашал подобро.Бил повнимателен,поромантичен итн. Муабетов ми е за типот,тоа се однесува за типот.Ако навистина бил повнимателен на почетокот,и навистина бил поромантичен,ама навистина, не фарса, не лажно лице, тогаш ова е можеби само времено заладување,значи може реално да нема промена во неговиот карактер,може да е само времено.Од друга страна муабетот ми беше,фактот што жената сега откако се во брак и имаат деца приметува промена во неговиот карактер и однесување.Може типот од самиот старт си бил проблематик,а се претставувал романтик.Таа во нејзините очи гледа промена во неговиот карактер,суштината е дека неговиот карактер не се променил. Значи и во двете ситуации таа во нејзините очи гледа промена во неговиот карактер,во првиот случај може типот е стварно искрен,стварно бил романтик и сеуште е,но може е времен проблем.Во вториот случај таа гледа промена во неговиот карактер на полошо, ама реалноста е дека тој бил само камелеон.Бил лош уште на самиот старт. Во двата случаеви неговиот вистински карактер е непроменет.
Сигурно го повредило тоа што не си му рекла здраво кога сте се виделе првиот пат, што го натерало да мисли дека си крената и дека нема шанси кај тебе. Тоа што се смирил со бившата не мора да значи ништо. Тој можеби и пред тоа се плеткал со неа, само не го направил тоа побрзо оти си мислел дека има шанси кај тебе.
И мене ме игнорираат,хеееееееелп Инаку Хипица,познато ми е оваа сценарио,видено неколку пати а и искусено еднаш.Немој да му даваш до знаење дека ти е тешко ни под разно зошто се повеке и повеке ке те третира ко да не постоиш за неко и ке продава финти дека му е убаво со нејзе и дека немаш шанси кај него.Може се смирил со бившата ама биди сигурна дека ништо не е исто мегу нив,можеби е со неа од инает на тебе ама те сака.Нему само игнор,изигравај пи*кица,недопирлива и ке видиш како ке трча по тебе.Игнорот е најголемата казна.
Од лично искуство, не мора ништо да значи. Зашто па да не ти пише? Проверува дали и понатаму ќе дозволиш да си игра со тебе, може сака некоја за муабет и зезање, може е сингл па му треба женско внимание. Се е можно.... А за однесувањето, биди фина и добра но ладна (ова е must!) и поретко достапна. И да не си зафатена прави се дека си и ако правите муабет прекратувај ти прва. Нормално, никогаш не пишувај прва Ако он сака да си игра, играј си и ти малце После многу ќе зависи од тоа како он ќе реагира на тоа твое однесување.
Па за последен разговор ко го имавме тој ме навреди по што решив да не го барам и тој се чудел кај сум па се распрашуваше како сум,јас само онака низ смеа се му кажував и се правев удрена без да му посочам на грешката која ја сторил,не започнав кавга за да не го налутам и за да го имам за разговор за да го вратам макар и со валкана игра се однесував како да сум заборавила се а се мислев некое време дали да му кажам или не,но оставив на следниот разговор,секако ако ме побара пак го третирав како ееееееј злато одамна не сме се слушнале можеби погрешно од моја страна што не бев за почеток ладна ама не сум личност која сака да се кара со некој кој стварно го сакам иако претера,за девојка,мислам дека е сингл долго време,и ми збореше дека е во криза. Во врска со однесувањето,вчера не се вклучив на фејсбук,а не планирам и денес,освен ако не ме фати жал па да попуштам и да кога ми пиша го прекратив прва разговорот дека сум зафатена.За натаму ке видам како ке се одвиваат работите. Фала на советот
Да си ладна не значи да се караш, напротив, ако се караш оддаваш дека чувствуваш нешто! А за тоа што типот си признал дека е во криза.... FACEPALM!!! Ме буни само тоа што ти си уште загреана за него... ја па мислев дека девојките неќат очајни момци!
Па ако сум ладна тој ке се налути па ке ме прашува зошто сум таква па ке се лути..и бла бла бла работи.Ама решив да го практикувам тоа па што сака нека прави. Да да,ми кажувал дека бил во криза и си викав себе(Така е кога не си со мене ) Па загреана сум можеби затоа што секогаш бил покрај мене(пред да се скараме)ме насмејувал како никој друг,ми давал совети во врска со моето здравје,се грижеше додека бев болна,ме бараше постојано.За очаен не знам колку е,ти како машко знаеш како е кога е суша,уф колку сакам пак да ме побара има маста да му ја извадам
јас ипак мислам дека он ако сакал можел да започне контакт со мене т.е можел да ми пише на фб или такво нешто ако веќе сакал.... А да прашам..втор пат со бифшата...како одат тие работи,у последно време од сите слушам вториот пат трае помалку од првиот..бифшата е како прочитана книга на која и го знаеш крајот..бла бла бла... Точно е тоа?! ја несакам да им ги бројам деновите бидејки така кје бидат повеќе...но не сум изгубила надеж дека може да биде нешто..мн работи ми кажуваат дека он имал нешто кон мене...Шо мислите?
здраво сакам да ми дадете совет ако може за тоа како да реагирам во ситуацијава во која сум! Значит:најпрво тој му рекол на мој братучед дека сум била убава,су му се допаѓала и сакал да знае дали му се допаѓам и јас и јас му кажав на братучед ми дека е симпатично дете..после тоа тој ме адна на фб и ме боцна,па почна лајкови и ретко враќав и јас..поминуваше времето и ние се запознавме,и потоа јас стварно се "затрескав" во него и мислев дека ќе биде нешто затоа што тој прв се почна,и после мене почнаа да ме контактираат неговите другари ми кажуваа дека бил луд по мене незнам што и потоа јас сакав да имаме нешто но тој некако се повлече во се и не ми ни зборуваше и неговите другари мене ми тврдат дека му било срам но јас не верувам толкав срам да постои..и потоа тој мене ми зборна незнам како ни зошто со нагалено име и јас само здраво реков,кога ќе помини со моторот ми свирка но сепак ништо не е и се ова се дешава 7 месеци истото па истото...ве молам помогнетеми и кажете што да направам..и зошто тој вака прави..ви благодарам