Сте се договориле дека се гледате само за секс , не сфаќам што не е јасно ,сега да не очекуваш да те жени? Не сте ми јасни а гледам многу ве има се впуштате свесно во тоа и после други ви се криви . Он ти пишал да се видите за секс не дека му значиш јасно како ден , ако ти одговара за секс гледај се ако не ти одговара прекрати , што да му кажеш ти се молам мислиш гајле му е на него? Да му изјавуваш чувства и емоции на некој кој сте биле само за секс е многу глупо. Уште од почетокот се било јасно така да он не ти е крив што ти си сега повредена.
Кај прочита дека го обвинувам и кај прочита дека сме се договориле само за секс ако не си во врска со некој значи треба да имаш само секс? Не разбирам нигде не пишува дека сакам да ме жени или дека сакам да сме заедно дека он е крив нигде не го обвинив и самата кажав дека ми даде до знаење дека нејќе врска ама мислев дека ќе комуницираме нормално а не само кога треба да се ебеме. Кажи ми како од се што напишав до сега ти како го сфати ова?
Well... досадно ти е и го користиш за да си исполниш време а потоа намерно го провоцираш за да не испадне дека тебе те снемало.
Јас се сложувам со тебе дека не е црно и бело. Исто така и дека не треба да се впуштал во таква авантура знаејќи за тоа за каква девојка се работи, но, од друга страна никогаш не може да знаеш која личност би се поврзала емоционално со тебе. Може некоја да имала доста искуство, па повторно да развие емоции како и секоја друга личност. Не додава на тежина нејзиното неискуство, не е ништо повеќе спрема девојки кои се веќе искусни па да добива подруг третман. Неговите намери биле кристално јасни уште од самиот почеток, тоа што она ги интепретирала поинаку, и мислела дека ќе го придобие и ќе бидат заедно. Тоа не го прави манипулатор. Манипулатор би го направило ако лажел, си играл со нејзините емоции за да дојде до целта- секс. Бар за такво нешто, девојката не спомена, напротив, рече било двострано. Единствено, можел да постапи подобро и да не ја остава на seen, туку доблесно да и одговори. Овака излегол само гојдо со понашањето.
Прочитав се и многу ми е јасно ама очигледно ти сакаш да си живееш во илузија. Не реков дека не требало да комуницирате освен за секс ама за секс сте се гледале тоа е факт, секс без обврски и од тоа ништо не Теба да очекуваш а не сте биле во врска па да морало секој ден да комуницирате. Така да отварање и покажување емоции на некој кои бил само секс без обврски е стварно глупаво така да би ти препорачала да си продолжиш со животот.
Знаеше дека ми се свиѓа и не планирав да му кажувам колку го сакам не ми ја сфати поентата ама нмв секој сфаќа различно и не можам и не сакам да ти го сменам мислењето
Не е заинтересиран. Од искуство зборам. Ако некој на разговор се гаси (Ете еднаш оправдано) Но гасење повеќе пати ви е знак да не си го губите времето. Seen e моежби добар ако го дознаете уште на почетокот. Имав и јас ваква особа во која се заљубив уште од првиот момент кога ја видов. А се почна спонтатно. И се беше поинаку. Направив доста работи за да биде покрај мене ( знам дека некои што требаше и не ги направив веројатно поради страв, но тоа е) И така добри 3 години и повеќе. Откако за првпат се видовме таа почна да пишува, мада и да не беше она, ќе почнев јас сигурно. Во меѓувреме се гледавме на работа но поретко бидејќи од друг град е, си продолжувавме да пишуваме, испаднавме на кафе 2-3 пати , И така Ќе пишеше, ќе зборувавме 10 минути, па наеднаш ќе ја снемаше 10 дена. Несакав да настојувам Но низ муабетот и ставив до знаење дека ми се допаѓа. Но повратна реакција немаше. За како одминуваше времето да те става на сеен и почне да враќа на 2 дена. Во ред разбрав дека не е заинтересирана и реално пробав да се откажам тотално, ама тешко одеше. Не пишував како манијак, но веројатно тоа и бев кога го отварав профилот постојано. Знам дека таа е единствена девојка на која и ги имам изгледано сите слики неколку пати. На другиве пријатели не ги ни гледам. Кога ете ти ја после 1 месец пак ќе ти пише. И пак ќе пишуваме и ќе ја снема или со сеен или со морам да одам. Јасно ми беше дека ќе заглавам уште од порано, ама паметов залетан тоа е. Но девојката колку што знам за тие 3 години не беше во врска, а и пишуваше, мада тие трошки надеж што ги имав дека можеби сака нешто со мене слабееа. Сигурно и било интересно да се допишува. Во меѓувреме имав неколку другарки од средно кои очигледно беше дека беа заинтересирани, но мене не ме интересираше ниту една друга сите овие 3-4 години. Тие Дури знаеа за оваа девојка бидејќи често потпрашуваа па им кажував она што чувствувам. По некое време Имаше и шеги од нив. Као оваа ќе те досреди Другарките си беа убави, но мене не ми беа привлечни ниту пак некоја друга. Јасно им беше и на нив дека си го губат времето, со мене. Во меѓувреме славевме нова година 2019 со неколку пријатели. Вечерта многу играв бидејќи мислев дека ќе ми биде полесно. Случајно на пауза влегов во краток разговор со една девојка. Незнам и мене како ми успеа, по толку време затвореност и незаинтересираност да влезам во разговор. Ретка девојка која не беше пијана вечерта. Врзавме неколку минути муабет и разменивме фејсбук. Така пишувавме уште другиот ден. Девојката беше доста убава, отворена, со многу слики и интересен фејсбук профил, но и заинтересирана и многубрзо испаднавме. Да беше поголема бељата еве ти ја старава пак да пише. Не дека ако не пишеле ќе било поинаку али ете. И ден денес Незнам што сум сакал во тој период. Веројатно да пробам некако да ја заборавам. Или пак тоа сум го сторил бидејќи сум бил свесен дека нема ништо да биде со неа па сум тргнал да си барам нова реална девојка. Испаднавме и после два дена и кажав дека е убава, но јас реално мислам на друга и не можам да ја заборавам неа, па макар и Џоли испаднала со мене. Извини !!! И беше криво, а и мене искрено што и го направив тоа. Но барем кратко траеше и бев реален. Со старава си продолжи истото. Некогаш на недела некогаш на месец мораше да си пишеме. Јасно ми е дека знаеше дека и се допаѓам. Но јас се повеќе почнав да мислам дека останува во разговор од корист. А и гледам веќе по сликите на фејсбук дека пробува да залови некој. Но разговори сеуште имаме и тоа таа ги почнува. Но јас мислам дека се помирив( или поточно кажано, мора да пробам да го пребродам ова) За крај сакам да кажам дека никого не кривам освен јас самиот. Требаше да и кажам директно во очи дека ми се допаѓа и дали и она има нешто такво кон мене уште на почетокот. Но решив да средам неколку работи и после да зборам со неа. Но тие работи не ги средив и тоа изостана. Тоа ми беше голема грешка. Но времето помина. Затоа ќе дадам совет да не го губите времето со безпотребни пишувања. Можеби некого повредувате. Во мојот случај тоа се прелеа на најмалку 3 девојки кои што беа заинтересирани, а јас во трканица да ја задржам оваа ги повредив сите 3. А тие што добиваат seen. Веќе на вториот seen откажете се. Нема ништо во тој seen освен незаинтересираност или можеби злоба и корист.
Да, те сфаќам што сакаш да кажеш и во некои делови се согласуваме, само сепак во моите мисли не би можела толку да го поедноставам објаснувањето на неговото однесување. Па поради тоа само ќе кажам I agree to disagree.
Едноставно тоа така функционира. Кога ќе ти рече некој нејќам врска, само гледање, се мисли исклучиво на секс. Без романи пишувања на соц.мрежи, без телефонски јавувања, без одења на кафе, прошетки, забави, без прераскажувања на денот. Значи никакви обавези. Ти не можеш така, ама ете некој може. Твое е дали сакаш да учествуваш у нешто у кое не се осеќаш комотно и сакаш уште. Важи шефе.
Ме интересира нешто од машка перспектива. Последниве месеци со еден онака службено имавме муабет и се среќававме случајно така преку заеднички активности, па ај некој муабет и толку. Прво почна да ми пишува за да ме праша за нешто и океј ај. После тоа почна на неколку дена да пишува и сега секој ден по неколку пати... Има девојка со години, ја сум исто во врска 2г скоро и не сум во потрага по друг партнер ама воопшто. Последниве месеци често ми пишува секој ден, ми риплајнува на стори за се и сешто, па нешто да ме прашал демек, се некои бизарни глупости колку муабет да се праи. И дури почна со добра ноќ и добро утро и срциња да праќа, што некако не ми се допаѓа. Знае дека имам дечко. Пробувам да воспоставам граница некоја, да знае дека е во friendzone и ништо појше. Имам другари, добро знам кога некој се однесува само пријателски, сега нешто не ми штима тука... Дали можеби јас нешто грешно сфаќам или во право сум што не ми се допаѓа односов од негова страна?