Јас сум одлучила да пијам, не да имам секс. Мој проблем е ако сум се опијанала дури да ми се земе мозокот. Тоа никому не му дава за право да ме искористи сексуално. Ај ако не, да убиеме пијан човек ама пред тоа да го прашаме дали сака да го убиеме и тој таков дрво пијан да каже абе братче прави шо сакаш и бам пиштолот. Ама не сме криви, пошо тој се сложил. Никогаш и под ниедни околности не се оправдува насилство, а уште помалку сексуално.
Размислуваат со долната, а не горната глава, затоа и немаат чувство на вина. Шала настрана, таквиот вид на секс според мене е искористување, ама без генерализација на мажи и жени, зашто и жените истото би можеле да го направат.
Ја претерувате ко че размислувате и размислувате на размислувањето. "Симулирате" ситуации премногу, а не знаете како е на ваша кожа. Олеснете му на некого рандом што чита, а не да се запраша и уплаши да пиши на темите!
Значи вака: 1.Ако некој ве нападне и силува додела сте пијани или трезни не е битно... Веднаш пријавете! 2. Ако некој ти рече ајде да имаме секс и притоа имате само секс што во секој момент ништо не е присилно и кога и да сакаш да престанеш престанувате. Ама утрото ти стануваш и си велиш ама јас бев пијана не сакав. Зошто пиеше кога не знаеш да пиеш? Зошто дозволуваш толку да си го изгубиш мозокот? И да личноста ќе биде крива затоа што не те ценела доволно за да се случи се кога си трезна . И да таа личност слободно можеш да ја избациш од животот.Ама да ми кажеш дека некој те искористил а ти си рекла да тогаш ве молам сватете го вистински тој збор. Созрејте доволно да не се случи.
Па добро има случаеви и каде намерно се стават некои супстанци во чашите и потоа секс а девојката незнае името да си го каже и не еден 1000 такви случаеви знам.
Очигледно некои тука не прават разлика помеѓу силување и прифаќање секс во алкохолизирана или под дејство на наркотици , па доколку не се чувате сами девојки нема никој друг да ве чува.
Леле јас пишав што ако не прифати и во пијана состојба неможе да се одбрани ало читате ли вие или наоѓате свои некои теории да го оправдате тоа?
Како и докажувате на девојката дека сте стварно заљубени во неа? Јас во последно време почнувам да не му верувам иако он тврди дека многу ме сака, што сум сакала да направи за да ми докаже, ме прашува.
Љубовта не е математика или хемија. Љубов е константна желба и енергија да усреќуваш некого, да се трудиш за некого, да бидеш тука и во добро и во лошо. Да инспирираш, да мотивираш, да разбираш, да се жртвуваш... Не се докажува со еден чин. Ако си доволно долго со некого, едноставно се чувствува дали постои или не. Нема потреба од докажување.
Не сме многу долго заедно, како да стекнам доверба, од каде да знам дека е вистина тоа што зборува? Се труди, ме почитува све тоа ама од кај да знам дека нема друга? Имам негов пасворд од инста (не му го побарав самиот ми го кажа) Кога ќе почнат да го следат женски, он им враќа follow back само на убавите. За тоа ништо не му викам и не планирам. А во себе се прашувам, зошто? Во search исто денес имаше барано 7-8 девојки да им ги гледа профилите. Не можам и тоа да го сфатам. Просветлете ме Повозрасен е од мене и ми прави сериозен муабет. Дали да го прашам за ова или ќе звучам многу очајно?
Зошто да се прашуваш, кога може конкретно него да го прашаш? Ако тоа ти пречи, кажи му отворено. Реакцијата негова на тоа би ти појаснила многу работи.
Има еден тип од такт ме вади. Буквално до пред недела-две не ни го познавав, првиот муабет ни беше препуцавање. Од тогаш често налетувам на него и нон-стоп ме зазборува, најнормален муабет а од моја страна муабетот е "ладен". Другаркиве тврдат дека ми се пушта. Не сакам ништо со него, ни на крај памет не ми паѓа Мислење? Дали некоја која се препуцава со вас(машки) може да ве привлекува?