Па јбг братче, да те бивало за пејач ќе си бил. Исто ко факултет шо си завршил. Тоа не секогаш значи пари и жени. Има еден куп пејачи кои никој не ги погледнува и заработуваат малку или ич.
Јас мислам кога ќе и се пушташ на некоја прво да и кажеш дека диплома имаш, тоа најмногу сакаат женските да го слушнат
Немој да сакаш да бидеш како другар ти, туку биди ти и ќе најдеш девојка која на твојот карактер одговара. Ако најдеш девојка ко за другар ти, нема да си среќен. Сите сме различни.
Он само сакаше да каже „јас едуциран, паметен, оваков, онаков“ жениве само фраери сакаат. Диплома ќе си искинел оти не можел женска да фати. Абе ај, марш таму... Ти па му збориш како на дете од 15, а тој штом дипломирал значи е маж кој би требало некое нормално сфаќање на нештата околу него да има.
Здраво Ме интересира размислувањето и дејствувањето на машките кога навистина ќе се заинтересираат за девојка. Јас по мое искуство и мислење мислам дека без разлика дали и колку дечкото е срамежлив или (не)умешен во приоѓање на девојка, дека тоа е посилно од него и ќе си најде некој негов начин да и даде до знаење на девојката дека му се допаѓа. Моја другарка пак вели едноставно некои машки се толку срамежливи, се плашат од одбивање или пак не се сигурни во знаците од девојката за да и пријдат (тука не спаѓа само прв move туку и веќе познанство). А сега based on this прашувам конкретно за мене. Направив кратко познанство со дечко, ама преку професионална гледна точка, но без разлика додека поминувавме време заедно имавме добра дружба, убави моменти и смешки и типот ми се чини премногу лабав за да биде срамежлив. Притоа дознав дека имаме многу заеднички пријатели. Но, заради ситуацијата изгубивме контакт и јас дури најдов изговор да му се јавам во текот на сево ова, но сепак на тоа остана. Го имам и на социјални мрежи. Другарка вели дека сепак јас не му давам доволно знаци дека сум заинтересирана? Многу фактори се тука во игра, но според мене се се сведува на тоа, доколку се сака, многу лесно може да се изведе. Знам дека и јас можам да бидам таа што "ќе повлече нога", но исто така постои и во мене страв од негативен исход. Да си сфатам дека не треба да се надевам и да очекувам од него ништо? Совет?
Нема ништо страшно во тоа и ти да почнеш муабет. Што и да биде, ништо не губиш. Можеби и тој мисли исто како тебе. Не можеш да знаеш, не мора од почеток негативно да мислиш
Како успеа да да извлечеш вакаов заклучок од моето мислење секоја чест. Јас мислам беше побарано мислење и јас го дадаов своето а очигледно твојата намера е само да се конфронтираш
За твое добро, научи понашање да не мора да кинеш диплома. Жити се, ко што проба паметен да се направиш, ваљда знаеш дека нема корелација помеѓу имањето женска и диплома, така да, освен ако не си дипломирал на некој универзитет за фаќање женски, апсолутно ти нема смисла мислењето
Па тоа кој што сака и што ќе постигне се гледа кога човек има над педесет години му се гледа паметот, заради милион причини човек неможе да се оствари во целина кога е млад.
Имам едно прашање до машките членови, не ми треба конкретен совет, туку ме интересира каков е вашиот став. Што е тоа што ве тера толку да сте посветени на друштвото? Што ви прави да ви е интересно да сте со нив секој ден? (Ова не го прашувам само заради односот на дечко ми со неговото друштво, туку и заради себе, мене искрено би ми било досадно да се гледам со некого секој ден, би немала теми за муабет. До мене ли е? )
Јас како машко сум се нашол во ситуација тотално "отсечен" од другарите и многу време посветено на девојка, па испадна да ме советува како требало да го распределувам времето и да не бидам толку време со неа. Можеби и беше во право, да речеме плус и минус страните, треба да ги држиме на баланс, да не забегуваме ептен оти стари рекле " многу арно не е на арно".
Со добро друштво никогаш не фалат теми за разговор, посебно со личности кои ги знаеш цел живот, затоа и нели, другари ти се. Ако станува досадно, не сте значи толку блиски. А и најчесто, ако генерализираме машкото друштво е многу позабавно од женското. За тоа колку често се гледаме влијаат и годините и во која фаза од животот сме. Колку си постар и во посериозна врска, толку девојката станува приоритет, а друштвото е во втор план. Но, треба да се прави баланс и да не се запостават двете страни. Многу мажи ги запоставуваат другарите кога имаат девојка, па кога ќе прекинат "молат" да се вратат во старото друштво назад.
Не сум машко ама ќе ти одговорам врз основа на моето досегашно искуство. Јас да имам дечко никогаш ништо нема да му зборам околу неговото искачање со другарите бидејќи, прво не сакам и он мене да ми збори за моите другари/другарки или да се лути. Второ, некогаш треба day off, нели не може секој ден да искачате, може ќе сакате да смените. Трето, машките што искачаат почесто заедно, ако се дружат подолго време, нив никогаш не им е досадно (докажано ми е).Цело време прават нешто и не им е досадно. Четврто (не знам каква личност си и каков ви е односот али) ја со сите другари на моите бифши (на поскорешните) сум била и сум уште океј.Сум искачала и уште искачам со нив. Искачам цело време со машки и буквално знам што се дешава коа искачаат машки и затоа и да иам дечко, ако му го знам друштвото ќе ми е мирна главата. Мал совет (најдобронамерно): Не му збори на дечко ти за другари/друштво никогаш освен ако ептен не е нешто озбилно.Кај машките во различни возрасти (кај одредени зборам) друштвото или другарите може да влијаат на човекот.Во смисла нема да знае да иде со тебе надвор пошто си му женска и те сака или со нив. Сведок сум со недели на вакви дешавки.Размислувам некогаш ептен како машко и ги сфаќам до негде. #толкулабаваженскабибилаадечконема ахахха